Сообраќајна незгода со милениче

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Не за џабе рекле - луѓето кои не сакаат животни, не сакаат ни луѓе. Однеси го веднаш кај Диме во Ветеринарен центар http://www.veterinarencentar.mk/ Регистарската табличка од таксистот веднаш пријави ја во полиција и во Анима Мунди.
На мало кутре мора да внимаваш со дозите со апчиња, не го прави ова на своја рака.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Што се однесува до мене, уште веднаш ќе го однесев на ветеринар. Најдов и контакт на ФБ и се тоа. Меѓутоа, татко ми е сосем друг случај и никако не можев да го убедам да го однесеме на лекар затоа што според него тоа би било смешно во ниедно време да носиме кутре и да вознемируваме некого. Инаку, пред малку го прегледаа: скршена му е десната нога, и има рани на повеќе места. Само ме изненади “професионалноста“ на ветеринарот кога не смееше ниту да се доближи до кучето, па морав јас да го држам (мало кутре е). Му удари 3 инекции и препорача витамини коишто треба да му ги даваме секојден. Рече дека ногата најверојатно ќе му зарасне, само не се знаело како ќе зарасне- зависело од начинот на движење. Дефинитивно го носам кај друг лекар.
Гази, такви работи имам, ама синоќа не ми дозволи да му се доближам, најверојатно од претрпениот страв. Како и да е, фала мн на советите.. Позз


Значи оваа статија ја пишав “во очај“ затоа што барав некаков совет, сличен на тој со апчето. За други информации, и ако те интересира што се случи, прочитај погоре. И друг пат, без судење. Фала, поздрав
Така му ја остави ногата, не му ја преврза со две такви како предмети за да му зарасне ногата ?
Џабе ке одиш по институции ништо нема да преземат само ке се нервираш незнам за овие Анимамунди како функционират...
 

Enduu

Староседелец
4 септември 2012
23
7
603
28
Така му ја остави ногата, не му ја преврза со две такви како предмети за да му зарасне ногата ?
Џабе ке одиш по институции ништо нема да преземат само ке се нервираш незнам за овие Анимамунди како функционират...
Така му остана, “ветеринарот“ препорача така..

Не за џабе рекле - луѓето кои не сакаат животни, не сакаат ни луѓе. Однеси го веднаш кај Диме во Ветеринарен центар http://www.veterinarencentar.mk/ Регистарската табличка од таксистот веднаш пријави ја во полиција и во Анима Мунди.
На мало кутре мора да внимаваш со дозите со апчиња, не го прави ова на своја рака.
Скопје е далеку.. Додека да го земам кучето во раце и да го тргнам настрана, таксистот беше заминат. Знам во која такси- станица е и утре ќе се разберам, а апчиња нема да му давам.. па ќе видиме, здравје..
 
Последна промена од модератор:

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Само ме изненади “професионалноста“ на ветеринарот кога не смееше ниту да се доближи до кучето, па морав јас да го држам (мало кутре е). Му удари 3 инекции и препорача витамини коишто треба да му ги даваме секојден. Рече дека ногата најверојатно ќе му зарасне, само не се знаело како ќе зарасне- зависело од начинот на движење. Дефинитивно го носам кај друг лекар.


Нека не те изненадува “професионалноста“ на нашите ветеринари,често пати додека бевме на пракси и самите ветеринари одбиваа да се “малтретираат“ со мачиња кучиња и ситни животинки,нив приоритет им се да вакцинираат едно стадо овци,кози крави, да прави операција или да пораѓа крава,од тоа се добива пари а и од сопственикот на кравата, што му ја “Породил успешно ветеринарот“ ништо чудно да си добие една голема гозба.ЗНаат доста да претеруваат во стилот “Ако не дојдев за 2 минути,кравата ќе ти умреше и слично“.
Значи, или плати дупло или не би се замарал.А има и такви посветени на работата што дури и хрчаци им носеле па ќе му помогне онолку колку што можи. Oва може да ви биде чудно, али во поразвиените земји и рибата во акварум ако не му плива добро си ја носи на ветеринар,и ако е потребно и прават операција.Кај нас само ќе ти се изнасмее дебилно и простачки и ќе прокоментира “Ами пржи ја хи хи хи хо хо хо“.

Ако сакаш да ти заздрави добро кучето,најдобро би било да го однесеш на ветеринар што ќе сака да превземи некоја мерка,и да се консултираш одвреме на време.Има еден куп совети по интернет напишано,искуства од сопственици па ќе следиш некое упатство.

АКо немаш можност да го носиш, обрати се по телефон:
(02)3178611 - ветеринарен центар скопје
(047)222851 - др.Чупона
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Baddy