Создавањето на универзумот

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Кој го создал универзумот? Прашање на кое верниците ќе ви одговорат дека тоа е Бог, а атеистите дека Големата експлозија е причината за создавањето на универзумот. :)

Втората верзија мене ми изгледа како логична и вистинита. После Големата експлозија се создаваат сите планети, ѕвезди и универзумот се шири до бесконечност. Научни докази постојат, значи не е ова само онака кажано.

За првата верзија дека Бог го создал универзумот нема никаков доказ, никаде ништо не е пишано дека тоа е така. Но пак кога ќе ги прашате верниците за ова, ви викаат дека Бог е тој што направил се.

Три прашања имам на кои сакам да пишуваме.
Во што верувате вие?
Дали стварно Бог го создал универзумот или тоа е една голема лага?

Третото прашање ми е за верниците на форумов.
Ако Бог го создал универзумот, како му успеало тоа и каде тоа го пишува?
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако постоеја научни докази дека се случила големата експлозија немаше тоа да биде само теорија.

Јас се сложувам со теоријата за големата експлозија, барем мене ми е најлогична од досега прочитаното. @Söldner теоретичарите избегнуваат користење на терминот „бесконечност“, речиси сите зборат и поаѓаат од претпоставката дека има конечно материја (со тоа и енергија) па градат теории. Резултатите од набљудувањата велат дека универзумот има густина на материјата, па теоријата вели дека ако се стигне до критична густина ќе почне имплозија. Пред некоја година со помош на Европскиот телескоп во Атакама (VLT) имаше некои набљудувања и тогаш се дојде до заклучок дека всушност критичната густина е веќе постигната, барем така збореа на предавањата што ги организираа на ПМФ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Нема одговор на ниедно прашање
Ако настанала експлозија како дошло до то ?
Ако речеме дека Бог постои (јас вервам затоа што сум верник) ама ако речам дека Бог постои тогаш него кој го создал ? НЕМА КРАЈ НА ВАКВИТЕ ПРАШАЊА ЏАБЕ Е..
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ако постоеја научни докази дека се случила големата експлозија немаше тоа да биде само теорија.

Јас се сложувам со теоријата за големата експлозија, барем мене ми е најлогична од досега прочитаното. @Söldner теоретичарите избегнуваат користење на терминот „бесконечност“, речиси сите зборат и поаѓаат од претпоставката дека има конечно материја (со тоа и енергија) па градат теории. Резултатите од набљудувањата велат дека универзумот има густина на материјата, па теоријата вели дека ако се стигне до критична густина ќе почне имплозија. Пред некоја година со помош на Европскиот телескоп во Атакама (VLT) имаше некои набљудувања и тогаш се дојде до заклучок дека всушност критичната густина е веќе постигната, барем така збореа на предавањата што ги организираа на ПМФ.
Ако е постигната критичната густина зашто не почнува имплозија?
Интересна ми е оваа тема ама не знам баш многу, јас од тоа што сум читал мислев дека универзумот е бесконечен и уште се шири, затоа и така пишав. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А мене па ме интересира што било пред големата експлозија? И како дошло до неа?

Си било едно големо ништо и тоа ништо се згуснало до даска и експлодирало и така настанал универзумот, тоа е горе долу поентата на теоријата :zelen

Инаку мислам дека Ватикан објави соломонско решение каде верата и науката као не се во колизија - Бог го направил биг бенгот! :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Си било едно големо ништо и тоа ништо се згуснало до даска и експлодирало и така настанал универзумот, тоа е горе долу поентата на теоријата :zelen

Инаку мислам дека Ватикан објави соломонско решение каде верата и науката као не се во колизија - Бог го направил биг бенгот! :kafe
На сите прашања каде нема логичен одговор има Бог.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Си било едно големо ништо и тоа ништо се згуснало до даска и експлодирало и така настанал универзумот, тоа е горе долу поентата на теоријата :zelen

Инаку мислам дека Ватикан објави соломонско решение каде верата и науката као не се во колизија - Бог го направил биг бенгот! :kafe
А кој го создал Бог? :)
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А кој го создал Бог? :D

Сеуште нема Ватикан одговорено на тоа прашање, мислам дека теологијата кажува дека отсекогаш постоел а универзумот го создал на 23.Октомври 4004 од старата ера (веројатно му било досадно...)

http://sensuouscurmudgeon.wordpress.com/2008/10/21/born-23-october-4004-bc-happy-birthday-universe/

За два дена, универзумот ќе го прослави 6.018-от роденден, одличен тајминг за темава @Söldner :zelen
Користам прилика да честитам роденден на сите галаксии, ѕвезди, планети, супернови, црни дупки и вонземјани наоколу.