1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Соединетите Американски Држави

Дискусија во форумот 'Држави' започната од Marick14, 4 март 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Што е ова со ножов? Го имаш купено?
     
  2. КрисТина К.

    КрисТина К. Истакнат Член

    Зачленет на:
    2 март 2012
    Мислења:
    527
    Допаѓања:
    1,654
    [​IMG][​IMG]Њу Јорк :rolleyes
     
    На Jana, Hexasto и Marick14 им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    За жал, не го купив. Всушност, тоа е венче и го најдов во продавница специјализирана за костими за Ноќ на вештерките. :maska
     
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Уффф како не го зема, до сега јас ќе ти го купев. :D
     
  5. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Жалам и јас, да ти кажам. Слаба бев со пари, иначе ќе го земев. :rolleyes
     
    На jovanKH2O и Marick14 им се допаѓа ова.
  6. Libra

    Libra Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    208
    Допаѓања:
    327
    Лас Вегас
    [​IMG]

    Њу Јорк
    [​IMG]
     
    На Hexasto му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Уште по некое сликиче. :biggrin
    Маало како на сериите.
    tumblr_m24r7s5skI1rn63u3o1_500.jpg
    Dunkin' Donuts, за жал немам слика од крофните.
    tumblr_m24ra19too1rn63u3o1_500.jpg
    Во Харлем, како вистински генгстери кулираме. :giggle
    tumblr_m24rd3Cp6j1rn63u3o1_500.jpg
    Низ Бруклин од автобус.
    301099_1547938955623_1749542304_795238_411182109_n.jpg
    Subway, најзакон место за јадење вкусна и ефтина храна. :gladen
    296208_1548095239530_1749542304_795331_458513639_n.jpg
    Forever 21... отидоа парите. :nah
    304232_1548734415509_10958127_n.jpg
    Продавница за капчиња.
    294116_1548727775343_1749542304_795771_1005161790_n.jpg
    JFK аеродромот.
    tumblr_m24rq4yR9m1rn63u3o1_500.jpg tumblr_m24rt3r5tU1rn63u3o1_500.jpg tumblr_m24rvyNG7v1rn63u3o1_500.jpg
     
    На WomanInRed, Marick14 и КрисТина К. им се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Уфф како би живеел на таа првата слика со улицата. :D
     
    На DarkPassenger му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Националната знаменитост „Ацтечки рушевини“ е зачуван археолошки локалитет со рушевини од културата на индијанскиот народ Пуебло во северозападно Ново Мексико, САД, кај гратчето Ацтек и североисточно од местото Фармингтон, близу реката Анимас. Недалеку од ова место на југ се наоѓаат и т.н. Салмонови рушевини и културно-историски парк, со други стари рушевини од оваа култура. Најблиско населено место до овие рушевини е Блумфилд, близу реката Сан Хуан.
    Градбите датираат од XI и XIII век. Кон средината на XIX век, со доаѓањето на првите американски доселеници, овие рушевини погрешно им биле припишани на Ацтеките.
    Првиот локалитет е прогласен за Национална знаменитост на САД на 24 јануари 1923, а во 1928 г. е променета границата за да го опфати и вториот локалитет. Сопственик на местата е Службата за национални паркови, која на 15 октомври, 1966 локалитетот го завела во Националниот регистар на историски места на САД. На 8 декември, 1987 УНЕСКО го прогласува локалитетот за светско наследство, како дел од поголемиотНационален историски парк на културата Чако.

    3260960.jpg crowcanyon1_e_a001280145.jpg img_1982.jpg

    Споменикот „Вселенско огледало“, исто така познат како „Споменик на Астронаут“, претставува споменик кој се наоѓа во комплексот за посетители на Џон Ф. Кенеди вселенскиот центар на островот Мерит, Флорида. Споменикот е чуван од Фондацијата за спомен на астронаутите, чии канцеларии се лоцирани во НАСА центарот за вселенско образование веднаш до комплексот за посетители. Споменикот беше изграден во 1991 година за спомен на мажите и жените кои умреле во различни вселенски програми на САД, воглавно тие на НАСА. Споменикот „Вселенско огледало“ беше именуван како национален споменик од американскиот Конгрес. На споменикот има 20 НАСА астронаути со кариера, но исто така ги има и имињата на пилотот на Х-15 тестот на американското Воено воздухопловство, офицер на американското Воено воздухопловство кој загинал при тренинг на тогашната тајна воена вселенска програма, цивилен учествувач во вселенски лет кој загинал во несреќата на Чаленџер и меѓународен астронаут кој загинал во несреќата на Коламбија.

    800px-Amf_space_mirror.jpg
     
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Горното Езеро или Супериор (анг. Lake Superior), кое се граничи со Онтарио и Минесота на север и Висконсин и Мичиген на југ, е најголемо од северноамериканските Големите Езера. Тоа е второ по големина езеро во светот, како и најголемото слатководно езеро по површина во светот.
    Бајкалското Езеро во Сибир е подлабоко од Горното Езеро, како и езерото Тангањика. Каспиското Езеро, иако е многу поголемо од Горното Езеро и по површина и по длабочина, е солено; иако тоа е денес изолирано, во минатото било поврзано со Средоземното Море преку Црното Море.
    Горното Езеро (48°00’N, 88°00’W) има површина од 82,100 km², што значи дека е поголемо од Јужна Каролина. Има максимална должина од 563 km и максимална ширина од 257 km. Неговата просечна длабочина е 147 m со максимална длабочина до 406 m. Горното Езеро содржи 12.100 км³ вода. Во ова езеро има доволно вода за да се покрие целата копнена маса на Северна и Јужна Америка, со висина од 30 cm. Бреговата линија на езерото се протега на околу 4385 km (вклучувајќи ги и островите). Надморската висина на езерото е 183 m над морското ниво.
    Копното околу езерото е богато со минерали. Најчесто ископувани се бакарот, железото, среброто, златото и никелот. Многу градови се или сегашни или поранешни рударски области, или, пак, преработувачки центри и места за извоз на минералите. Ретко населената околина околу Горното Езеро со нејзините ридести брегови и дивина привлекуваат туристи и авантуристи, правејќи го туризмот голема модерна индустрија.
    Горното Езеро е важен воден пат за железна руда и е дел од Водниот пат на Големите Езера.

    lakesuperior13.jpg lsm_map2.jpg superior.jpg
     
    На КрисТина К. му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: