1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Совети

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од escape, 16 декември 2013.

  1. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,170
    Допаѓања:
    2,232
    Не видов ваква тема во подфорумов. Целта на темава ми е да се даваат совети (или одговори) за прашања поврзани со општи здравствени проблеми за кои не е потребно да се отвара нова тема. :)
    Како на пример: Дајте ми некој совет како да си го покачам притисокот толку многу работи пијам за да се покачи и пак е низок не е многу но некогаш знае да падне и повеќе? Со што ми се стемнува пред очи, ми се затнуваат ушите и ми истрпнуваат прстите на раката.
     
    На Mameha, violetmoon и Змејче им се допаѓа ова.
  2. Змејче

    Змејче Незапирлива

    Зачленет на:
    14 јули 2013
    Мислења:
    1,193
    Допаѓања:
    2,423
    интересна тема за разговор околу здравјето, се надевам дека ќе се прошири... :)
     
    На Црвена му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,275
    Допаѓања:
    1,896
    И јас го имам истиот проблем додуша не до таа мера ама цел живот сум со низок притисок...ќе си бидеме долговечни :)
    Освен поголем внес на течности (околу 2 литри дневно), кафе и посолена храна не ти треба ништо друго...
    Во оние моменти кога баш ти се стемнува пред очи, касни си малку благо и обавезно напиј се кока кола или пепси и тоа пополека голтка по голтка...кока колата и пепсито се “измислени“ за низок притисок...
    А за трпнењето на прстите треба да пиеш нешто за циркулација...ама за тоа советувај се со лекар...
     
    На Mameha, Aleksis и Црвена им се допаѓа ова.
  4. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,170
    Допаѓања:
    2,232
    Интересно не знаев за течностите дека помагаат за другите работи да ама не ги практикувам баш освен кафето и солта. :) А иначе дневно околу 3-4 литри течности внесувам и тоа повеќе чаеви. Трпнењето највројатно од слабата циркулација ќе ми е пошто и лето и зима рацете т.е дланките ми се кочан ладни, а зима и ми помодруваат дома кога сум, а за надвор да не зборам. :) А за притисоков интересно ми е тоа што нели кога сме активни нормално е да се покачи, а кај мене обратно ми паѓа уште толку и тогаш најчесто ми се стемнува пред очи, почнува да ми се врти, ми се затнуваат ушите итн.
     
    На Mameha му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mameha

    Mameha Староседелец

    Зачленет на:
    9 јуни 2013
    Мислења:
    364
    Допаѓања:
    814


    Го имам и јас истиот проблем :D Во зима се чуствувам подобро и ретко ми паѓа многу ниско, а во лето често имам вртоглавици оти кај и така ми е низок притисокот па дури и ми паѓа и некогаш дури и ми се доближуаат притисоците. Затоа и повеќе ја сакам зимава :giggle Тоа е сега ќе се справуваме некако :D
     
    На Црвена му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Вчера на раб.ми се преметна жилата на половината,па едвај седнувам,облекувам чизми и сл.
    Да не знае некој лек што помага,(доколку имал ист проблем)или да си одам на железничар?
     
  7. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396


    Најпаметно ти е да си идеш на доктор. Јас имам мака со половината веќе неколку години ( буквално од обично наведнување ми се крцна нешто и до ден денеска периодично доживувам пекол од болки, значи БУКВАЛНО не можам од кревет да станам) и со оглед на тоа дека кога почнав да ги имам проблемите наместо културно и фино да си отидам на лекар, јас по бабини деветини се заакав, уште не сум оправена.

    Би ти препорачала додека да те погледне стручно лице да мируваш најмногу што можеш, за да не си направиш поголема беља и за намалување на болки напиј се дијазепам од 2 мг во комбинација со наклофен.
    И иди на лекар, може нема врска со жила, може си повредила нешто друго.
     
  8. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    па ќе одам само работата и обрските не ми дозволуваат...а само си кукам ко стара баба (од работа не смеам да отсуствувам,нова сум и имам една одвратна директорка,минатиот петок не отидов на работа од 3 сабајлето до 7 повраќав ,цревата си ги истурив пропратно со дијареа,па можеш да замислиш каква бев,а работам со деца...и испадна дека сум била не одговорна затоа што се јавив одма во 7ч утрото....значи јас треба да планирам кога да се разболам...мрдната работа...Па по неодговорна ќе бев да не се јавев и да отидов да повраќам таму кај нив )
    а вчера бев наведната да измијам едно покакно дете со пролив и да станам оп се укочив,лошо се исправив и половината отиде...едвај си облеков чизми за накај дома....
    ајде ваљда ќе помине за брзо ...
     
  9. Lady*

    Lady* Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2012
    Мислења:
    1,965
    Допаѓања:
    6,161
    Јами не сум сигурна дека оди без рецепт но ти препорачувам да си земеш гел Фелоран.
    Ја намалува болката и отокот ако го имаш, а и се користи и за исчашувања, ревма, болки во коските.
    А и евтин е гелот околу 120 денари. :)
     
  10. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    немам оток само болки јаки...се масирам со еден гел што загрева ама и тој мн не помага изглеа најубаво на лекар да си отидам...
     

Сподели: