1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Совети за свадбена подготовка

Дискусија во форумот 'Свадба' започната од Mystique, 9 март 2015.

  1. rain-bow

    rain-bow Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 ноември 2014
    Мислења:
    174
    Допаѓања:
    79
    Мене не ми е напорно спремањето на свадба, зошто не се притресувам многу многу за само тој еден ден. Венчаница ќе шијам, замислив модел и таков нарачав, покани правевме сами, уште да се испринтаат. Си закажавме се. Китенки-беџови, бонбони...уште немам ама се едно мие..Соба нема да китам кој знае како. Музика, гледавме да бидат некои кои знаат да направат навистина добра журка, па одбравме веќе проверен бенд. Фото, пак без претерувања... Адети нема, соба нема да украсувам кој знае како, една машна на врата доста е. Стварно ми е битно журката да биде добра, а овие ситни детали, и така сите ќе ги заборават за 2 дена. И ние ја средуваме собата, гледаме да поминеме поефтино, а со максимално искористен простор, кој верувај ќе ти треба многууу.
    Не се притресувај многу, не заборавај дека треба ти да си среќна и задоволна.
    За венчаница...прошетај, различни цени се секаде.
    Музика, види, преслушај повеќе групи, не на интернет, барај кај имаат свирка.
    Адети, ако сакаш има еден куп.
    Сеа за сеа тоа ми паѓа на памет само.
     
    На Mystique и bonboonka им се допаѓа ова.
  2. Blueberry

    Blueberry Староседелец

    Зачленет на:
    12 февруари 2012
    Мислења:
    205
    Допаѓања:
    157
    Од досегашното мое искуство:
    1. Гледај да избегнеш адети. Адети + матично + црква + ресторан во ист ден = малтретирање за вас двајца, а да не збориме за повозрасните роднини
    2. Фустан, купи си - наједноставно за да не се маткаш за шиење.
    3. Направи си пробна шминка ако планираш да експериментираш со вештачки трепки и сл на денот на свадбата.
    4. Најважна ти е музиката и луѓето - китенки и сл. се работи кои никој не ги приметува во ресторанот. За во собата ако правите адети доволно ти е некое цвеќе и неколку балони со хелиум - види Балон Арт.
     
    На Mystique му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mystique

    Mystique Староседелец

    Зачленет на:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    753
    Допаѓања:
    1,410
    Фала ви првенствено на честитките , Јас на сите најискрено ви посакувам да си најдете среќа во животите и да имате само убавини.
    Да ја правев свадбата јас зборувано од финансиски аспект односно јас и мојот иден сопруг, тогаш сигурно ќе имав поголема самодоверба да влечам кон она што само нам како пар ни се допаѓа и ни одговара.
    Сфатив дека ова е еден процес во кој најмногу уживаат оние околу младенците, често ненамерно остварувајќи свои неисполнети желби од минатото, и тоа е во ред ги разбирам.
    Јас се чувствувам како причина за нивната радост во овој период и навистина задоволна сум што се среќни.
    Додека и моите скромни желби се задоволуваат , нема да ми биде проблем да се поклонам пред вратата од мојот дом , да го погледнам низ прстенот драгиот мој, да плукнам три пати или да скокнам на една нога викајќи бу :):):) Претерав ама знаете што сакам да кажам.
    Венчаница се одлучив да си купам ако најдам готова што ми се допаѓа или ако не, ќе шијам дали кај Кокев или Зијане (двете ми се свиѓаат како ги изработуваат фустаните не изгледаат дека се шиени)
    Не штедам на фустан, нека ми остане спомен , женско сум од мала сум фантазирала за пепелашка. Ако сега во моментов не ми е толку битно можеби некогаш во живот би се каела што не сум му обрнала внимание.
    Исто така музиката ми е многу важна , па така ако има некој од вас да ми предложи некоја добра група , нека ми пише би била благодарна.
    Букетот го оставам на кумата затоа што ни малку не се сомневам во нејзиниот вкус , ме познава добро и знам дека ќе ми се допадне.
    Поканите, декорациите, и бофчалоците ќе ги избереме заедно со вереникот , нормално со постојана консултација со родителите наши.
    За адетите чекам постарите да ме научат што како треба зошто јас скоро ниту еден не знам.
    Ќе ве известувам благовремено како напредува се :)
    Убав ден
     
    На alba, melpomena и bonboonka им се допаѓа ова.
  4. Fashion.Lover

    Fashion.Lover Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2015
    Мислења:
    297
    Допаѓања:
    83
    Мојот последен пост. Со среќа нека ти е и од мене. Би ти препорачала да не се оптоваруваш со свадбата, секако и блиските ќе ти помогнат. Јас немав некоја којзнае каква свадба, па затоа прво договори, па се ќе ти оди лесно. Венчаницата не ја ставај на прв план.
     
    На Mystique му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Blueberry

    Blueberry Староседелец

    Зачленет на:
    12 февруари 2012
    Мислења:
    205
    Допаѓања:
    157
  6. rain-bow

    rain-bow Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 ноември 2014
    Мислења:
    174
    Допаѓања:
    79
    Девојки ај ве молам за помош. Каде да барам бели чевли. Не сакам шпиц, лаковани и да се со златно во комбинација, а низ градов само такви видов. До крај на месецов морам да купам. Ништо ама баш ништо не ми се свиѓа.
     
  7. nelars

    nelars Нов член

    Зачленет на:
    31 октомври 2018
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0

    Jas za mojata svadba bev isto pod vakov pritisok i zaradi ta se odluciv rabotata da ja prepustam na profesionalci, najmiv agencija za celosna organiacija, znaci od restoran, muzika, kitenki, fustan, sve oni mi istrcaa a naplatia samo 100ev. Deckite se mnogu skromni i naj toplo gi preporacuvam, Event Planner se vikaat.
     

Сподели: