1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Совети за свадбена подготовка

Дискусија во форумот 'Свадба' започната од Mystique, 9 март 2015.

  1. Mystique

    Mystique Староседелец

    Зачленет на:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    753
    Допаѓања:
    1,411
    Се наоѓам во ситуацијата "he asked , I said yes" :) Млади сме , долго заедно и изненадно испланирал се и еве сега сме верени.
    Не знаев дека толку многу може да се промени кога се менува и статусот на една врска , но да можело. Промената не е во насока на тоа што го чувствувам за него, бевме блиски отсекогаш и ова е сега само една формалност низ која поминуваме. Промената е повеќе кон оние подготовки за настаните кои следат, адети, веридба, свадба. Веридбата се одлучивме да ја прескокнеме и да преминеме на свадбена свеченост. Знаев дека планирањето на свадба е процес , но дека е толку комплициран и тежок не знаев. Две фамилии се поврзуваат и секој член со по некоја идеја и адет прави само поголеми и побројни чворови . Јас и мојот вереник сме решени да си тераме по наш ќеиф и да ја направиме како нам ни одговара и како ние отсекогаш сме ја замислувале нормално во склоп на финансиските можности на родителите, но тешко е еуфоријата на нашите најмили да ја згаснеме. Музика? венчаница? подароци за семјствата, кумовите и старосватите? Кои се адетите? Кога сум кај венчаницата, дали да се купи готова или да се шие? Ако се шие каде е најдобро? Вреди да ја платам скапо за една вечер носење? На што да заштедам? Како да ја декорирам собата од каде ќе ме земаат? Бурмите да бидат од жолто или бело злато?
    Исто така сме во фаза на местење на станот... Каква да биде спалната? Каква постелнина ?
    Ова се само дел од прашањата кои секојден си ги поставувам и на кои најблиските имаат најразлични предлози и одговори. Неможам да ги исклучам од планирањето на свадбава затоа што сум прва , едвај го чекале овој период и сите се премногу среќни за да им речам ајде бегајте на страна и оставете се на нас. Не ни знам дали можам се сама да одберам. Само сакам да помине денот и да се разбудам во прегратките на човекот кој ме одбра и го одбрав да ми биде сопруг....фантазирањата за совршена свадба се сведени на „Да го преживееме денот во една нормала“
    До свадбата имаме 5 месеци .
    Отворена сум за совети, предлози, за се околу горенаведените прашања и плус нешто ако знаете што би ми користело како инфо во мојава ситуација.
     
    На bonboonka, Y1K991, Struggler и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,145
    Допаѓања:
    2,488
    Со среќа нека ви е. Вдиши издиши и плановите ќе се лизгаат еден по друг. Не ги исклучувај најблиските од нив, тие чекале трпеливо за моментот да дојде.
    За отприлика пет месеци сум старосватица на свадбата на најдобвра другарка. Да не знаев дека таа е смирена и веќе организирала се ќе помислев дека ова е нејзин пост, атоа што враќам јас чиста игра на судбината :D
    Си размислила да изнајмиш фустан? Одиш пробуваш совршен ти е, го носош и се ослободуваш од него за да не фаќа прашина?. Или купуваш пробан.? Скептик сум за шиење. Може да има разлика од замисла до реализација и да е разочарување фустанот... Класичен сакаш?? Или?
    Тука сум за споделување искуства и идеи од непосредни организации за свадби : )
     
    На Аркантос, Y1K991, Mystique и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Старосват или старосватица зборот кога ќе го слушнам/прочитам се гаси дел од мене :rofl

    Шо знам, не сум правел свадба лично ама од други шо сум слушал и гледал ми делува напорно и повеќе дека е за родители и родбина кои као се гордеат со тоа отколку за парот кој се земаат, гледајте со шо помалку фрки да го започнете бракот :)
     
    На MoonFairy, Mystique и existence им се допаѓа ова.
  4. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Што и да правиш немој на поканите да пишуваш да ти носат подарок во плик. :)
     
    На Mystique и Марија им се допаѓа ова.
  5. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Од кај знаеш дека венчаницата ќе ти е за една вечер само? :biggrin

    Шала на стана, ако не ти е шубе да носиш изнајмено тогаш изнајми венчаница. Ем ќе те фати многу поевтино, ем нема цел плакар да чуваш за венчаница. Музика викнете си две групи, едните нека си тераат свадбарии другите нешто рокенролче и општо-познати балади (можам и да ти препорачам мои пријатели што свират вакви работи по свадби).




    Бооо море сите чупи од форумо се измажија
     
    На Аркантос, alba, MoonFairy и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Odamna ne sum procitala nesto tolku ubavo na forumov.(inlove)
    @Mystique da ste srekni i dolgovecni..:gus
    Za skoro se sto napisa,djabe nie ke predlozime,ti teraj si po svoj izbor.
    Jas deka ne sum po zlatoto bi izrala
    ili celosno belo zlato,ili deka epten e burma,pa vo kombinacija so zolto.

    Okolu fustanot bogami za mislenje e rabotava.Bi iznajmila samo vo slucaj dokolku prifatat jas d asum prvata nakoja sto ke i go sosijat pa da go vratam.Od dosta slucaevi sto sum videla,iznajmen fustan e daleku poizliten odkolku sjajot na noviot.Kako i se sto e prethodno noseno de.Go nosis eden den,ama fotografiite se cel zivot so tebe.Ako ne si zadovolna od sopstveniot izgled na sopstvenata svadba,se ke ti e djabe.Ovde nemoj da kratis.

    Mesanjeto na rodninite..hmmm.
    Ako sama si ja pravam svadbata mozam da se konsultiram za nekoi raboti no konecnite odluki ke bidat moi..okolu brojot na gostite,okolu izborot na menito,vencanicata,pa i adetite.Ne deka ke gi isklucam starite ama sepak toj den e moj i nekoi raboti mora da bidat po moja zamisla.
    Ete skrati na momentot koga treba po obicaj neli,da ja vratat nevestata kaj zetot.A zosto?Em gubenje vreme bez potreba em maltretiranje.Po kumot,po tebe,maticno,crkva,fotosesija pa pravo vo restoran da se osvezite i pododmorite.
    Epten adetite okolu kumot se neizbezni dokolku kumot ti e postar pa ima poinakvi viduvanja od vasite.

    Muzikata bez pozelbi.Em ke si terat po tvoj izbor ti sto sakas em ke se izbegnat dosta neprijatnosti.
    primer...dve tetki od dve strani,ista pozelba.I kade da se fatat zetot i nevestata?...ne zaboravaj,zabavata e za vas dvaca i za gostite,no nemozes na sekoj gost da ugodis.Zatoa neka bide po vase.
    Klanjanjeto da ne go preskoknis.Ne radi postovanje(no i za toa),kolku za moment koj e eden od nekolkute svojstven za vakov den.

    Bogami,svadba i spremanje stan vo isto vreme?Tempirana bomba rabotava.Posle ke si raat ama si se nafatila na dve ogromni teski raboti vo isto vreme,za koi treba kolku pari tolku nervi.
    So sreka uste ednas i cekam da ni raskazes za sto si se odlucila..(inlove)
     
    На Mystique му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,275
    Допаѓања:
    1,896
    Е ајде со среќа нека ви е...
    Најважно од се’ е ти и идниот сопруг да сте истомисленици за повеќето работи...
    Јас не правев такви адети ритуали, не ги ни сакам, ама секој за себе нели...
    Венчаницата е важна секако, ако веќе правиш свадба со сите нишани...Мора да ти биде удобна (колку што е тоа можно), ти да се чувствуваш убаво во неа, едноставно да блескаш и да изгледаш посебно пошто нели е посебен ден...убав предлог даде мелпомена, нека ти ја сошијат по мерка па после нека ја изнајмуваат...на неа не штеди, ама и не претерувај...
    Поклоните за законитите (кум, старосват) нека бидат по договор...не си ја тупи главата што и како, седнете ги и прашајте ги што би сакале да им купите...наместо да купувате неколку ситници, купете им некој поголем поклон и готово...и тие задоволни и вие едно гајле помалку...се’ е договор, за да не се фрлаат пари за џабе...
    Менито не мора да биде пребогато зашто ионака пола останува по масите...Нека биде солидно, ама не прескапо...
    Е по мое мислење, треба да се заштеди на декорациите...нека биде декорирано ама не претерано...ионака сето е за неколку саати, а мислам дека доста кошта...
    Музиката строго по ваш ќеиф...Мислам дека таа е најважна и тука не штедете...Ако сакате добра свадба, мора да имате одлична музика...Музиката ја прави свадбата, атмосферата, расположението...
    А со станот баш и не мора многу да брзате да стокмите се’...Основното, па после свадбата фокусирајте се на станот...не мора да се форсирате и да ги правите двете захтевни работи...
    Првин свадба, па после станот...имате време за него...
     
  8. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Аирлија да е...

    Би ти дал неколку субјективни лични мислења околу мојата свадба како би личела, но тоа би звучело многу себично од моја страна.
    Наспроти тоа, прочитај ги неколкуте сугестии погоре што ти ги пишаа.
    Свадба како свадба колку и да викаш дека е твоја и на твојот иден сопруг манифестација, просто е невозможно да го тргнеш влијанието најпрво од родителите, освен ако самите вие 2ца не можете целосно да ја исфинансирате истата од почеток до крај. Значи у старт ти викам ако родителите имаат замешано прсти финансиски, тогаш и нивниот атер тука ја игра улогата. Едино што може(те) да направите е уште во старт да си кажете што и како да биде секако ако знаете што сакате. Но со самото тоа што веќе се прашуваш за адети, бројка на гости... веќе оди оноа подобро да го препуштиш тоа на родителите пошо они се тие кои ќе финансираат, они ќе ја скројат математиката. Едино вие тука што ќе партиципирате е да го изнесете списокот на вашите лични пријатели. Мое лично мнение - не се расплинувајте до бескрај. Ама тоа е најмалце битно.
    Околу фустанот... Машко да прашаш ќе ти каже рационален одговор. Бобо погоре спомна за изнајмување на фустан што по некоја логика е поисплатливо од, да речеме, нов кој ќе го облечеш на денот и после тоа ќе ти завзема голем дел од плакарот. Така да, од практична гледна точка - земи нов ако планираш потоа истиот да го користиш и на други прослави. Не мора на секоја, но да има повеќе употреблива вредност. Ако не, изнајмувај. Ова секако е лично мое мислење.
    За понатаму - што како ќе се одвива, декорации па живот заедно, разбирливо е дека сега буквално се` ти надвиснува на глава. Но мора малку да оставиш некои работи сами да си се развиваат. Не зборам сега во моментот да исфрлиш се` и да не се замараш, но сфати го ова вака: Одиш некаде на поголем одмор во куќа и прво штом се доселуваш е да пуштиш струја и вода за да работите почнат да функционираат. Потоа ден по ден се распакуваш. Целиот живот е едно распакување кога ќе видиш, така да околу пост-свадбарскиот живот пробај што повеќе да го сфатиш ноншалантно.
    На крај немам што друго да ти кажам, едноставно уживајте во малите моменти ќе увидиш дека токму тие се бесценети.
     
  9. bonboonka

    bonboonka Полноправен Член

    Зачленет на:
    21 февруари 2015
    Мислења:
    38
    Допаѓања:
    12
    Со срека нека ви е, свадба супер би ти препорачала да не се замараш премногу туку да уживаш во свадбените подготовки и водисе од твоите желби и финансии. Што и да одлучиш нема да биде грешно уживаj шетаj по продавници пробуваj, што се однесува до адетите не ги пропуштаj тоj дел е наjубавиот наjинтересниот наjвозбудливиот тоа останува во секаванье додека хотелот е тоj пречекуванье гости, вечера и игранка. Незабораваj кога ке доjдат по тебе да те зимаат да го видиш младоженецот низ прстенот и внимаваj да не те види тоj. И кога ке зминуваш не се врти назад демек да не си предизвикаш несрека па да се вратиш дома и недека верувам толку во адетите но тие се прекрасни забавни не пропуштаj ништо. Искрено кажано со модернизациjава се изгуби смислата за свадбите. Порано свадбите се правеле како би се помогнало на младите да отпочнат заеднички живот а сега срамота било ова срамота она ништо не е срамота по мене, направи си свадба со сите адети и уживаj во секоj момент.
     
  10. ShakaZulu

    ShakaZulu Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    427
    Допаѓања:
    883
    Со среќа да ви е за за адетите и традициите извини вака ама ако тие (двете фамилии) учестуваат во финансирањето макар 0.001% ќе мора да слушате затоа што сигурно не сакате и ако можеби во тој момент на некоја нивна желба речете НЕ а тие не се збунат во иднина некогаш секогаш постои шанса да ви речат е знаете кога реков .... Тоа е нашата судбина, ретко кој има опција „ќе правиме како ние што сакаме“ за сите други обавезна е опцијата така ни рекоа да правиме...
    Во склоп на ова лично искуство: Пред нецели три години бев девер на другарче, е сега знаете онај законот за авторски права на музика 5-6000 што беше другаров требаше да плати на музиката пари а парите за овој данок самиот да ги уплати на жиро сметка таму во некој буџет. Е пошто за музика фамилиите требало да платат, а не младоженецот (пошто немал и за тоа кеш тогаш), тие решиле дека не плаќаме 100 евра плус. И така на другаров лани му иди од извршител забрана на плата на трансакционата и ваму таму за да може да живее договор на рати се на се за неколку месеци место тие тогаш 100 евра фамилиите сега 250 сам...
     

Сподели: