1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Смртоносна игра со цимет меѓу тинејџерите

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Natenceto, 4 април 2012.

  1. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Дали сте слушнале за најновата игра „предизвик со цимет“? Правилата вклучуваат земање една мала лажичка цимет која треба да се прогoлта за 60 секунди. Иако звучи едноставно, видео снимките кои редовно се поставуваат на интернет прикажуваат луѓе (најголем број тинејџери), кои искашлуваат облаци црвенкасто-кафена прашина на воодушевување на гледачите.

    Меѓутоа, лекарите предупредуваат дека таквата „забава“ може да биде смртносна!
    - Главниот проблем е можност од гушење. Ако вдишете прашок во горните дишни патишта може да дојде до воспалителни инфекции – објаснуваат лекарите од ургентните центри во Њујорк.

    Уште полошо е дека од овој необичен предизвик луѓето прават сензација, па многумина се обидуваат навистина да го проголтат циметот. Според статистиката на американската Асоцијација за контрола на труење, околу 90 отсто телефонски јавувања во првите три месеци во 2012 година биле поврзани со опасната забава „предизвик со цимет“. Бројот на лица кои се пожалиле на здравствени проблеми како последица на вдишување на цимет пораснал за 240 отсто во однос на 2011 година.

    Една од причините поради која луѓето не можат да проголтат толкава количина цимет е тоа што зачинот ги блокира жлездите за лачење на плунка. Во нормални околности, храната која ја јадете е лубрикувана со плунка и така може да помине низ хранопроводникот во системот на органите за варење. Исушувачкиот ефект на циметот е многу опасен, така што луѓето чувствуваат дека се гушат.

    Но, и покрај предупредувањето дека таквиот предизвик треба да се одбие, тинејџерите не обрнуваат внимание на опасноста од оваа смротносна игра.

    Внимавајте!!! Не го пробувајте ова, опасно е!!!


    [​IMG]

    П.С. Превземено од Факултети.мк
     
    На Luckky, JaMi, melpomena и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. важна

    важна Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    552
    Допаѓања:
    694
    Деца бе, зошто едноставно не земете да се занимавате со некој спорт, туку со вакви опасни "игри"? Ццц...
     
    На Luckky, Trajche, True_Blood и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Мојата омилена личност на youtube. :rofl:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl
     
    На Mila Kunis, Luckky, parvati и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. КрисТина К.

    КрисТина К. Истакнат Член

    Зачленет на:
    2 март 2012
    Мислења:
    527
    Допаѓања:
    1,654
    лелееее и мене :rofl јао како се смеев на оваа ејјј :giggle се прави јака и на крај.... :rofl
     
    На DarkPassenger му/ѝ се допаѓа ова.
  5. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    зарем и ова е смешно?:frown
     
  6. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Од ова треба да се извлече поука дека не треба да си играме со циметот во големи количини. Не гледам ништо смешно, само знам дека тие што си играат вака можат да се угушат.
     
  7. Nightmare_f

    Nightmare_f Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    1,358
    Допаѓања:
    2,204
     
    На The Tramp и parvati им се допаѓа ова.
  8. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    немаат попаметна работа,па нека се гушат и нека се отрујат кога немаат мозок во глава јас ли да им го пресадам?!...жалосно:cao
     
    На Luckky и The Tramp им се допаѓа ова.
  9. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Зошто овие Американците се толку глуп народ??? Гледаат по видеа која е последицата и се упорни да пробаат пак. :rofl
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jericho

    Jericho Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    465
    Американски глупости, да не беа толку трагични ќе беа смешни
     
    На True_Blood му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: