Смρт на ρодител

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
Пρед две недели ми почина мајκа ми. Беја ρазведени со татκо ми две години а јас поρади лошите финансисκи услови живеевсо татκо ми. Мајκа ми пρемногу ја саκав, се гледавме често. Почина на 45 години. Κога ми соопштија деκа починала добив шоκ. Јас не го видов нејзиното починато тело. Последниве денови се чуствувам деκа не се случило ништо κаκо да нема пρомена во мојот живот, после κе мислам деκа таа замина стρанство и деκа κе се вρати, а κога κе ми теκне деκа почина ми паѓа жал и се чуствувам изгубен. Иаκо знам деκа е почината не чуствувам неκоја ρазлиκа, одам на гρобот и κаκо да не одам κај мама, неκогаш чуствувам κаκо да имам гρутκа во гρадите и не можам да се исплачам не ми доаѓаат солзи.. На погρебот сандаκот по мое баρање беше затвоρен за да се сеќавам κаκо што беше насмеана и сρеќна... пρоблемот е што почесто не чуствувам κаκо да ја нема, туκу κаκо се да е во ρед и се почесто се чуствувам κаκо и пρед да почине. Затоа почнав да се пρашувам дали сум ноρмален, дали нешто се случува со мене. Ве молам за помош...
 
Последна промена:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Пρед две недели ми почина мајκа ми. Беја ρазведени со татκо ми две години а јас поρади лошите финансисκи услови живеевсо татκо ми. Мајκа ми пρемногу ја саκав, се гледавме често.
Сочувство душо,но тоа е животот,сите одиме кон тој пат,некои побрзо ,некои поспоро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Onkel

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Има луѓе што потешко ја поднесуваат загубата, другите полесно, а трети прелесно.
... Не е ништо ненормално... Колку побрзо сфатиш дека животот оди напред толку подобро за тебе.
Јест дека мене ова прелесно ми оди на папиру, а не ин реалити... ама добро е што тебе ти оди од рака.
Прими искрено сочувство... Можеби и тоа што не си живеел со неа, не си ја гледал секој ден, не си бил постојано со неа ти помогнало полесно да се навикнеш на нејзиното отсуство.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Жалам...знам дека никакви зборови не можат да донесат утеха.
Кога и да се фатам со она „што кога...“ прашање низ глава, се пресекувам од страв.
Сосема нормален е периодот на одрекување и неверување, одбранбениот механизам се вклучува после таков доживеан шок, посебно па ако дошло до смртта без претходни наговестувања т.е. болести и слично.
Не дека може да се спореди болката/загубата, но кога ја изгубив баба ми, која практично ме израсна подеднакво со мајка ми, реагирав исто. Посмирена во живот не сум била, дури јас бев таа што одеше наоколу и ги тешеше другите ко да не се работи за моја баба. Дури после некое време, кога се вратив од училиште и кога за првпат по смртта нејзина немаше никој дома да ме пречека, тогаш ме удри реалноста и ровев за сето неплачење дотогаш. Тоа е можеби добрата, а воедно и лошата вест. Лошото е што (може да) боли ненормално многу, но доброто е што истовремено и ќе ја истиснуваш таа болка.
Само гледај да си околу оние кои ти значат, никако не се затворај да самуваш и да си поставуваш вакви прашања. Сѐ е полесно кога се споделува.
Ти посакувам многу сила и среќа, но немој така да мислиш дека нешто не е во ред со тебе. Млад си и прерано си се соочил со (сепак) неизбежната загуба за која и нема (не)нормални начини за справување.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Сочувсто,како што рече Електра нема зборови за утеха.
Во последно време ја пратам Проф. Ана Бучевиќ- автор и мотивациски говорник
можеби ќе ти биде малку од помош.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Види .. прво сочувство... ако си ја сакал мајка ти и почитувал и сеуште ја сакаш и ќе си ја сакаш ич да си немаш гајле што не сочувствуваш многу и не тагуваш и не паѓаш у депресија. Ти мислиш дека ти 90% што плакат на погребите плакат од тага ??? Не, они на човекот додека е жив нош ќе му забодат а на погреб демег тагуваат. Секој на свој начин го прима тоа. Продолжи си со живото пошто ако не го надминеш ова побрзо ќе заглавиш и ќе си имаш проблеми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Знам како е да се соочиш со ваква болка и знам дека нема поголема. Сочуство, многу ми е жал што мораш да поминуваш низ тоа и што постојат такви моменти низ животот. Знаеме дека ќе се случат, но секогаш не фаќаат неподготвени и болат ненормално многу. Издржи, следуваат подобри моменти, моменти во кои ќе ја потврдиш мисијата на мајка ти како успешна и ќе ја направиш горд родител! Се најдобро од срце!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Навистина жално. Истото се случи на еден мој познаник пред еден месец. За разлика од тебе тој живееше со неа. Тоест со двата родители. Се што му е дома го потсеќа на неа. И затоа сака да бега на страна да се смири. Искрено сочуство. Што побргу се сносиш со тоа полесно ќе ти биди. Обиди се да се исплачеш. Полесно ќе ти биде
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Само едно нешто не може да се избегне колку и да ние го сакаме тоа. Умирањето е тоа. Татко ми почина лани. Колку и да сме подготвени да загубиме некого еден ден секогош ќе си поставување прашање зошто сега и зошто вака. Секогаш ќе е прерано да се разделиме од некого а посебно од најблиските. После се што ми се случи лично знам дека жалењето и плачењето не помага. Можеби сум нечуствителен но верувај дека секоја солза и затворање во себеси е залудна. Живеј го животот како саканиот да е покрај тебе. Води се во животот со мисла дека она што ќе го правиш твојата мајка би го подржала и прифатила и полесно ќе ти е верувај. Моментот ако некогаш помислиш дека родителот жив или починат не би одобрил некоја твоја одлука ќе е поразителен. Биди позитивен и живеј по своите принципи и размислување. Еден ден и нас ќе не снема. Колку побрзо го прифатиме тој факт ќе е подобро за нашите родители, за нас лично и за нашите деца еден ден. Последниве 10 години изгубив две баби, еден дедо, еден чичко, еден прв братучед, таткоми.... жално но исто е чувството кога губиш некој стар 89 и 18. Во секој случај еден дел од тебе, твојата „крв“ заминува под земја. Само гледај напред и стреми се кон твоите цели. Она што било за некого завршило како што еден ден ќе заврши и за нас. Моментот кога тоа ќе го сватиме дека е дел од животниот процес за нас ќе е нов почеток... Дел од оддавањето почит е реченицата „лесна му земја на покојниот“ но јас би се задржал на она што следува после тоа „бидете вие здрави и живи“...
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
И мене ми умре близок, татко, да бидам попрецизен. Сосема те разбирам, иако јас имав само 11 години кога тој почина и го видов неговото тело, го погалив по косата и не можев да плачам. А брат ми пак имаше 7,5 години, нему му беше потешко. И денеска кога одиме на гробишта јас не можам да плачам(shake), дури не го ни сонувам, можеби само еднаш го имам сонувано или два пати. Мајка ми, баба ми, брат ми секогаш велат здраво, ние дојдовме( нему му се обраќаат) и кога си одиме му велат пак ќе дојдеме и сл., ама јас никогаш, не можам така. Ако нешто добро ми се случи со мајка ми ако сме на гробишта, таа ми вели, ајде кажи му на татко ти што направи на натпреварот на пр., и јас зборувам, ама ко таа со клешта да ми ги влече зборовите.:eek А, кога ќе подразмислам малку, јас всушност и не се сеќавам толку многу на него, сепак, само 11 години се во прашање.:mad: