1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Случки од нашето детство

Дискусија во форумот 'Социологија' започната од Gemini, 23 јануари 2013.

  1. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    Прво мислам дека оваа тема не е иста со оваа ако модераторите не мислат така нека ја избришат..
    Целта ми е да ги споделуваме случките од нашето детство кои ни оставиле најголеми впечаток и на кои ден денес со насмевка се потсетуваме на нив..
    Ќе наведам некои на кои јас се сеќавам-
    Кога имав 6 години сакав да научам да возам точак и дада се реши да ме научи арно ама јас со едната рака ја држев нејзи а со другата рачката за воланот и ми беше страв да ја пуштам сестра ми и кога се решив изгубив рамнотежа и на страната кај што бевме ние имаше коприви и ние во нив паднавме сестра ми па јас над неа со се точак после утредента двете со пришови бевме цели од копривите:D

    После една година не можев да научам да возам голем точак и возев едно мало точаче од сестра ми кога била мала и мислев дека ако нема ланец точакот ќе можам да возам и го убедив дедо да го извадив иако тој се противеше арно ама после кога сватив дека бил во право ми беше криво,барем на него ќе се научев да возам ..

    Сум била мајстор за расипување кукли сум сакала да видам што има во нив и од кај пеат:D исто и сите барбики биле без глава исто така се сеќавам на играњето ,,мајки'' со другите девојчиња,правењето торта од кал,шиењето на облека за барбиките правењето куќички за нив.. но потоа бидејќи не знаев да возам точак другарките мои возеа и јас дома си останував ама сама си играв докторка ги лечев обезглавените кукли и барбики..

    Ако ми текнат уште некои ќе допишам..
    Дојде и вашиот ред,повелеле:D
     
    На True_Blood, Twystet, ZmajChe и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    најчести случки ми се крадење на сливи,цреши,јаготки,лешници и сл работи низ населаба хахахха..чуството кога ќе го начекат другар ти а ти неможиш да му помогниш..:S за среќа мене ме немат фатено xD
     
    На Gemini и ZmajChe им се допаѓа ова.
  3. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,554
    Ми кажуваат моите ваква иста случка кога сум бил мал, мојот комшија кој е поголем од мене, јас сум се научил да возам точак пред него и он изнервиран дека јас знам, а он не знае и веднаш се качил со сестра му да го учи и исто така паднале во коприви :))))))))))))

    А за други случки од детството ќе се навратам повторно, интересно е што ме наврати со времето (y):biggrin
     
    На parvati, Gemini и ZmajChe им се допаѓа ова.
  4. Kalino.Mome

    Kalino.Mome Полноправен Член

    Зачленет на:
    29 декември 2012
    Мислења:
    53
    Допаѓања:
    78
    Во прво, второ одделение и реков на наставничката „Со здравје да си ја носите блузата“. Немав намера да собирам поени, ама изгледа многу блиска си ја осеќав. :nerd

    Еднаш, со другарките видовме умрено врапче и во знак на жалост се договоривме да не трчаме 1 недела. Не доаѓаше во предвид да се воздржиме од пеење, зашто во тој период имавме многу „настапи“ во маало, па така, дојдовме до многу иновативен компромис. :D

    Кога одевме на гости кај баба, се каравме со децата од тоа маало од кои поголемиот дел учеа во друго, поново школо, со престој. Тие ни викаа дека во нашето школо немало ѕвонче и дека, наместо ѕвонче, ни тропале на тенџериња.:D Ние па им викавме дека нивното школо е затвор за глувци. :)
     
    На Gemini и ZmajChe им се допаѓа ова.
  5. 84 sk_Y ^_-

    84 sk_Y ^_- Староседелец

    Зачленет на:
    21 ноември 2012
    Мислења:
    594
    Допаѓања:
    825
    Ха-ха ,интересна тема :D ...
    Јас уште си се сметам како дете секако ама како помал ,најчесто бев надвор ,правевме куќарки од ќебиња и од разни глупости, "продававме" украдени јаболка и грозје ... (wasntme)
    Самите си се плашевме ,си раскажувавме глупави приказни од кои најмногу ја памтам и како најглупо нешто ми беше реченицава : "Црниот ајрокрем е на ѓаволот а белиот на ангелот ,затоа јадете само бел " хахахаха КАКВИИ ГЛУПОСТИ ... :facepalm2
     
    На Martin_MKD, Gemini и ZmajChe им се допаѓа ова.
  6. ZmajChe

    ZmajChe Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 март 2012
    Мислења:
    937
    Допаѓања:
    2,068
    хахахаха темаваааааааааа :)
    бравооо !
    Ко мала бев многу палава низ маало посебно. Ги организирав децата да крадиме цреши и ќе се качевме на една гаража и директ од централа (од дрво) јадевме и после ко прасенца дома исфлекани си одевме :D
    Еднаш се сеќавам се закаравме со едни деца кај баба ми во маалото оти ни ја дупнаа топката за фудбал .. замислете и не било намерно ама деца ко деца.. и му направивме убава стапуца ја покривме и сето тоа.
    Арно ама дедо ми испраќаше некои пријатели и пропадна во стапицата и плус доби едно најлонче со вода врз главата хахахахахаха....... (после следуваше ПЕЕЊЕ!) :D :D
    Имало многу јаки дешавки.. знам дека секој мај со брат ми и другар ми кога одевме на излет мораше да ни засмета некој што ќе ни се испули накриво и моравме да се закараме со шишарки да се замаваме.. хахаха децааа :))
    Али на еден мај знам дека се сончав покрај една рекичка на карпа .. и другар ми ме викаше да јадиме и таман да тргнам пропаднав цела во вода хахахаха од глаа до петици бев водена, среќа беше топло :D
    За сега толку, ко ќе ми притекни уште нешто ќе кажам пак :D :D :D
     
    На Gemini, Martin_MKD и 84 sk_Y ^_- им се допаѓа ова.
  7. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Епа... Случки од нашето детство?????? Ајде кога така викате :)

    Бев прво одделение и мајка ми, ми соши едни карирани пантолончиња(во тоа време најмодерни :) ) и јас душиче сакав да играм фудбал пред часовите. Тоа и го направив. Ама паднав на камче и ми се скинале а јас не забележав.
    Се сеќавам само дека сестра ми ме испотепа да одам дома да се пресоблечам, и си одев со рачињата на газе и си липев...
    Многу беа убави бе :(

    Немам време сега да мислам... вечер ќе ми текне некоја друга глупост :)
     
    На Gemini, Сара.13, ZmajChe и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. elizabetta

    elizabetta Истакнат Член

    Зачленет на:
    8 септември 2012
    Мислења:
    236
    Допаѓања:
    382
    Бев забавиште, со другарка ми отидовме кај неа дома. Родителите и беа во двор па нејзината поголема сестра не викна внатре, не седна и ни рече дека шишките не ни биле рамно сечени па ни предложи таа да ни ги израмни (facepalm) и ние како помали се согласивме. Резултатот беше мода 2020 моите беа у косо а на другарка ми цик-цак :D. Се додека малку не ни пораснаа шишките носевме огромни шноли со цветови....
    Друга случка. Пак бевме јас другарка ми и сестра и, правевме торта од кал, е сега по со шлагот требаше да биде бел тие две донесоа од дома една голема кутија нивеа крема шо ни заврши супер работа :)
     
    На 84 sk_Y ^_- и Gemini им се допаѓа ова.
  9. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    да надополнам памтам ко ќе игравме криенка ко мали секогаш викаја полиција да си одиме хахахха..xD
     
    На Browny, Gemini и ZmajChe им се допаѓа ова.
  10. ZmajChe

    ZmajChe Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 март 2012
    Мислења:
    937
    Допаѓања:
    2,068
    ееееј ми текна уште нешто...
    Одевме во ноќен поход против другото маало и ни излезе еден комшија ни се развика... и во бегањето едно подебелко дете ме турна и двајцата отидовме в коприви.. бев цела потечена 3 денаа .. дури и лицето :D сеа ми е смешно тогаш ми се плачеше...
    друго... едно попладне игравме фудбал зад зграда и на некој комшија му се спиело и не бркаше да си одиме, ама пусти инает останавме и лупавме уште по гаражите :D и еве го по пет минути слегува со сачмарката .. а од кај мене до полицијата неполни 5 минути има, па се стрчавме до полиција и го пријавивме..
    Па полицаецот ни рече: а бе деца овој стар е му летнало пилето играјте си :D хахахахахахх :D :D
     
    На Martin_MKD, Gemini и Сара.13 им се допаѓа ова.

Сподели: