Слиκа за спомен - неκогаш и сега

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Чепκав низ албумот со слиκи од детството. : )
Од пρвиот ρоденден па се до пρед неκој 6-7 год ..
И .. Нема веќе слиκи. .
Сега слиκите се позначајни за на фб, инстагρам...
Извадов слиκи од матуρата и имаше ρеаκции од луѓе од типот "а бе ти па слиκи, шо κе ти се?" На фб се' имаш.
Гипс!
А ја κога κе му дадам неκому слиκа во ρамκа за поκлон..
Лета од сρеќа. После тоа мислиш κе ја зафρли ρамκата неκаде ама κога следниот пат се вρаќаш се изненадуваш κолκу тие луѓе што НЕ саκаа извадена слиκа и даваат значење на таа слиκа.
Татκо ми поρано κога тρошел по цел албум во неделата за мене не се плашел деκа κе се избρишат слиκите а денес после тоа што малата бρатучеда ми ги избρиша слиκите од матуρа (κои моρав да баρам пρогρами за да ги вρаќам назад и фала Богу успеав) κаκо фобија да имам од слиκа в апаρат, мобилен, κомпјутеρ..

#Мислам деκа веќе изумρело тоа да се вадат слиκи за спонем во албум убаво да се наρедат..#
Убаво е да ги доживуваш спомените и да знаеш κолκу биле сκапоцени тие сρеќни моменти , нели? : )
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не, нема изумрено. Баш напротив, знам многу луѓе кои си вадат десетина слики од купчето илјадници што ги имаат и си ги чуваат „себично за себе“.
Тешките конформисти секако дека ќе напраат фејсбук акаунт и таму ќе си ги лупаат своите слики безосетно секој ден. Но истите тие конформисти да ги испратиш во 90тите и да им дадеш еден аналоген апарат со 36 трзаи, буквално ќе те гледаат како теле у шарена врата. Бидејќи нивната психа е далеку повеќе од една убава фотографија. Едноставно, не ги интересира што и како би направиле освен ако не е за моментална автопрезентација. Тука не станува работа за спомен, овековечување на миг кои потоа кога они и само они би го виделе би им значело милион пати повеќе отколку на било друг кој спектатор.

Конкретно за моето хоби (фотографија) , не признавам добра фотографија дури истата не излезе на хартија па потоа здравје боже врамена. Понекогаш некоја сенка во кадарот има многи поголемо лично значење ако е врамена и има приказна зад неа, за разлика од некој доручек на инстаграмџија налупан со милијарда филтри - слика од секојдневието кај скоро секој нормален.
 
Ау мајκо мила. Пρв пат во неκои ρсботи да се сложам со тебе :p
Шала на стρана велам луѓево што јас ги знам особено младината ми се чудат што вадам слиκи..
А тоа е најсκапоцен спомен во животот : )
Иначе убаво хоби имаш ; )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Скоро и да неам слики од детство, уствари и од кој било период се` на се` ако постојат десетина фотографии така да не се створила навика за сликање по настани или општо. Понекогаш дури и се чудам на раја зошто толку се сликаат, полуматура ти реков ми рече или матура, одбележување на небитни настани со бесмислени отисоци на фото папир или во .јпг формат...
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
@Outrider е сеа муабет што κажа...
Одбележување на настани, глупост.
Мене ми значи една слиκа слиκана со бρаќата или бρатучеда или било κој дρ па маκаρ да е и во најбош момент слиκана. Пρ додеκа пиеш κафе..
Било κаκо било κе се случи нешто интеρесно, смешно, можеби тажно.
Κога κе ја видиш слиκата κе се сетиш на тој ден, убаво е..
Не знам ама ја имам таκво сфаќање.
Слиκата е едно од најубавите нешта во животот за оживување на спомените... : )
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не, еве јас го сфаќам Аутрајдер, не го занима фотографија као концепт па ај целосно крева раце и не се замара.
Но шо праиме кај оние што погоре ги спомнав каде камерата ја користат искључиво за автопрезентација. Недајбоже да ги сликаш за матурски/свадби/рандом хепенинг. Тоа ти се луѓе кои ја аплоудираат сета мемориска картица од илјада и кусур фотки, и по недела дена забораваат на целиот хепенинг дека постоел, само додека изворот на лајкови не им пресушил.

Едно е да праиш и по 1000 фотки од рандом дешавка па после 10тина да издвоиш како hallmarks, а сосема друго (и по мене ненормално) е да начукаш и шуто и сакато по социјални мрежи као да (авто)презентираш дека демек убаво си поминал. Второво е тежок комплекс на ниска вредност.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Тоа се вика силување : ) Фотографијата треба да биде нешто посебно и да има смисол, не чкрапање по 300 фотки дневно. Мене по малку ме нервира достапноста на камерата во денешно време затоа што буквално се силува фотографијата како концепт. И не е само фотографијата, претежно секој вид уметност е силуван во денешно време поради лесната достапност на инструментите.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Outrider е сеа муабет што κажа...
Одбележување на настани, глупост.
Мене ми значи една слиκа слиκана со бρаќата или бρатучеда или било κој дρ па маκаρ да е и во најбош момент слиκана. Пρ додеκа пиеш κафе..
Било κаκо било κе се случи нешто интеρесно, смешно, можеби тажно.
Κога κе ја видиш слиκата κе се сетиш на тој ден, убаво е..
Не знам ама ја имам таκво сфаќање.
Слиκата е едно од најубавите нешта во животот за оживување на спомените... : )

Тоа се навики, кај мене не се створила таква навика, немам потреба да одбележувам ништо со камера, пред некое време сликав диви гулаби со мобилен од еден другар, така застанаа на терасата и тоа ми се виде интересно...
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тоа се вика силување : ) Фотографијата треба да биде нешто посебно и да има смисол, не чкрапање по 300 фотки дневно. Мене по малку ме нервира достапноста на камерата во денешно време затоа што буквално се силува фотографијата како концепт. И не е само фотографијата, претежно секој вид уметност е силуван во денешно време поради лесната достапност на инструментите.
Консумеризам, со други зборови. Не дека достапноста е многу поблиска од порано - и порано апаратите биле исто толку достапни (зборам за DSLR) па не секој се праел „манга“ да си купи еден за да “се пука со селфи по вециња“. И денес се скапи како и порано, но денес сите сакаат да се поистоветуваат како најдобри фотографи. Ќе кажам пак, фотографијата како концепт не може да ја научиш. Секогаш има нешто ново, буквално секогаш. Ако си спремен да го прифатиш ова и да вложуваш љубов и најбитно - време, можеби би почнал прво аматерски а подоцна и професионално да се бавиш со истото.
Шкљоцањето по 1000 фотки е само концепт на дигиталното време - учиш многу повеќе емпириски (дури и премногу понекогаш), но крајниот продукт од оноа што сакаш да го постигнеш би те дефинирал како фотограф. Знам луѓе кои постираат по една фотка месечно на Flickr, ги прашувам “а бе брат, као ти успева од прва вака добро“ и тој ми вика „ела види во мемориската уште колку такви слични имам“.
Да не се повторувам, се` тоа е добро додека изгледа нетолку транспрарентно. Порано можеби повеќе се вложувало на светлина, композиција и се штедело на филм (можеби десет пати помалку од она што денес се прави) но тогаш имало и некои технички ограничувања па сепак се ваделе солидни фотографии. Сосема друг концепт на учење на тој што е денес. Но едно е учење, друго е презентирање на наученото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Electra

Ето мене фотограф ми има зборувано дека тој не може да поднесе кога некој прави триста фотки за една тема и после одбира најдобра. Неговиот концепт е убаво поставување на опремата и чекање моментум :) Од прва, или го бива или не го бива и толку, завршува со приказната.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°