Скопје е градот во кој е роден прадедо ми, нормално и сите генерациии по него. Скопје го сакам не само затоа што сум родена туку, туку затоа што Скопје е град со душа. Ќе направам споредба на „моето Скопје“ со „Скопје -сега.“
Моето Скопје (некаде почеток на 90-тите...)
Јас секогаш ќе го памтам по преубавата пролет (сега нема таква пролет), мирисот на липа и трева, нежното сонце наутро, прошетките во Луна парк и градскиот парк (ова посебно во пролет и есен), Рубин Кармин - мирисот на продавниците и љубезноста на вработените тетки, ќебапчињата во Дестан, старата чаршија, чаиџилниците и безистенот, слаткарницата Шехрезада, стоковната куќа „Мост“, „Пеко“, ГТЦ... Толку многу слики, мириси, сеќавања...
Скопје сега...
Нема веќе пролет, Луна паркот е никаков, градскиот парк е ок, Рубин Кармин веќе одамна не фукционира така како порано, а и продавниците не се распространети како порано, ќебапчиња немам јадено 3 години(по моја вина), во чаршија одам само кога морам, Шехерезада не е тоа што беше, веќе немаме стоковни куќи, ГТЦ има нови продавници... Премногу сивило за мој вкус.