Скопје 2014

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Дали ви се допаѓа проектот ,,Скопје 2014"

  • Да

    Гласови: 24 42.1%
  • Не

    Гласови: 33 57.9%

  • Вкупно гласале
    57

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
да, добро, пушти си нозете колку шо ти е чергата
ама не зборавај дека имаш памет во главата и две раце за работење
не зборам напамет, сум била лично во секакви ситуации и финансиски поволни и финансиски ептен неповолни
постојано зборуваме дека се нема работа
ама искрено, никој не може да ме убеди дека навистина нема работа
тој што сака да работи ќе најде работа
тој што сака да си најде изговор ќе си го најде
е сега има секакви крајности и лоши судбини, заради една или друга причина кои ете ги направиле работите безизлезни
ама дека млади луѓе немаат можност за работа, тоа не е точно
дека сме некогаш прегорделиви за да прифатиме работа која ни е под ниво, тоа е точно

инаку, да се вратам на муабетот, мислиш дека во минатото, кога се граделе плоштадите во Рим, Венеција, Виена итн итн, народот нешто многу бил финанскиски силен? Обичниот народ, мислиш дека луѓето пред 4-5 века живееле во некаква благосостојба?
Дефинитивно не живееле во благосостојба ама нема споредба за нивниот живот тогаш и нашиов сега.Тогаш немало толкава социјална разлика, горе доле сите биле исти и плоштадите си ги граделе самите луѓе, сигурно не мислиш дека зимале кредити од ММФ.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Дефинитивно не живееле во благосостојба ама нема споредба за нивниот живот тогаш и нашиов сега.Тогаш немало толкава социјална разлика, горе доле сите биле исти и плоштадите си ги граделе самите луѓе, сигурно не мислиш дека зимале кредити од ММФ.
Како мислиш немало толкава социјална разлика? И како тоа плоштадите си ги граделе самите луѓе?
Најзначајните објекти, највредните историски споменици, кои најчесто се наоѓаат на еден плоштад, односно офорумуваат плоштад, а и тие кои не се наоѓаат на плоштад ами на некоја друга локација, се цркви, градски куќи(градски совет), библиотеки, музеи, палати, театри, амфитеатри, терми, храмови, гробници, дворци, замоци, тврдини ....
Тие објекти се секогаш градени по нарачка на моќниците, на тие што во тој момент ја имаат власта. Некогаш тоа била црквата, некогаш републиката, некогаш моќни фамилии, некогаш цареви, некогаш кралеви, некогаш фараони.... зависно од историскиот период.
И најчесто се финансирани од средства кои тогашната власт ги собирала од народот преку тогашниот начин на оданочување.
Социјалните разлики биле итекако видливи, од една страна крајно богати слоеви, од друга страна крајно мизерни услови за преживување на обичниот народ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
.
и да туриме 10 пати по толку колко што сме ставиле на плоштадот, пак нема да го стигнеме бројот на скулптурите на пример на плоштадот во Прага, кој е и помал од нашиот
.
изгледа појма си немаме колку скулптури има во еден главен град
.
санкт петерзбург или бивши ленинград се нарекува ГРАД НА 1000 ЛАВА, оти има 1000 скулптури на лавови по целиот град и сепак не се нашол некој генијален русин да каже- претерано
.
кога зборевме за смешни скулптури во скопје, како шмизла, бикот, чистачот, дека се глупави, побарав модерни скулптури низ главните градови во европа, и ќе ви кажам нашите беа уште најкултурни.
.
така да не се занесујме дека сме кретени, НЕ СМЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ

Јас се согласувам со тебе, само што Цар Самуил и Ченто ми се премногу близу. Подобро е да се направи посебен плоштад, нека се вика ,,Борба за Самостојна Македонија,, па нека ги редат и сите по ред, Гоце, Карев, Ченто....

Не ми се допаѓа Аце во средина, позади Гоце, напред Ченто.... Се и сешто има на едно место.

Луѓе не не споредувајте со Русија, милслам тие каква економија имаат, ние каква имаме.:eek Русите можатда си дозволат лавови на секој чекор ама кај нас каде што многу големи проблеми не се решени, уште не е време за реконструкција на градот, ставање споменици, менување улици и сл.Мислам парите се даваат во неповрат а државата ни тоне.Уште не е време за тоа

Русите живеат добро во Москва.
Прашај ги оние на Урал, или оние на Сибри.
Жими мајка што имаат се што им треба ;)
 

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
А зошто нас би не интересирало како е во другите држави и зашто еднаш за промена не си ја гледаме нашата работа.Мене воопшто не ме интересира како живеат русите, важно ми е како јас живеам овде, а како што тргнала работава не иде на арно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
А зошто нас би не интересирало како е во другите држави и зашто еднаш за промена не си ја гледаме нашата работа.Мене воопшто не ме интересира како живеат русите, важно ми е како јас живеам овде, а како што тргнала работава не иде на арно.

Тоа во земјите кои ја диктираат економијата не е арно, кај нас арно ќе било.
Ништо не зависи од нас, нашата Влада, нашата опозиција, нашите невладини организации и нашите самопрогласени експерти.
Да, важно е како живеат, пример, во Германија, зошто ако кај нив не штима (а не штима) никаде нема да штима.
Македонија нема моќ за да одлучува кога криза, кога не.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Зошто да се урива стара железничка , која е спомен од земјотресот , убава градба , а градење на нов трговски центар (не знам веке кој по ред), кога Рамстор е на 10 метри од него? :redcarded
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and parvati

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Зошто да се урива стара железничка , која е спомен од земјотресот , убава градба , а градење на нов трговски центар (не знам веке кој по ред), кога Рамстор е на 10 метри од него? :redcarded

Кој рече дека ќе се урнува Стара Железничка?!!!!
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
А и Железничка не е спомен од земјотресот само, туку спомен и од Старо Скопје. Заради проширувањето на самиот град, се пристапило кон промена, односно кон изградба на нова Железничка :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
кога нешто премногу долго стои во место, треба нешто ептен силно за да го придвижи
сега да, изгледа пребрзо, но со време ќе навикнеме и ќе го чувствуваме како наше
а и не значи дека она што ќе се направи, така и ќе остане, дека тука ќе запре процесот на градење
се менуваат видувањата и доживувањата и размислувањата и идеите
можеби во некој следен период ќе се изградат и некои други и сосема поинакви објекти
ама то е друг муабет
не е барок, туку неокласицизам :)
и да, секој има право на секој стил
а и така се распространувале и менувале и напредувале
и стиловите и идеите


Ама има и еден психолошки момент кој не смее да се потцени, ниту да се занемари.
Ај пример, едно семејство, живее просечно и сите финасии му се предвреме пресметани за што ќе ги потроши
и ќе ги троши на значајни работи, исхрана, сметки, школување на деца, здравје итн
Не му остануваат речиси ич финансии за „луксузи“.
А сепак, зема кредити и си дозволува луксуз - телевизор, компјутер, мобилни, облека повеќе од неопходното, козметика, по некое излегување во кафана, автомобил, одмор, па дури и по некое патување за сопствено задоволство.
Истото тоа семејство, да речеме годинава има матурант/ка. Па имало или не, сепак троши еден куп пари, за скапа облека, скапа козметика, чевли, штикли, фризура, шминка.... иако целта на матурската прослава е да се помине вечерта убаво и забавно. Зошто тоа семејство си ги дозволува тие „луксузи“?
М?
Но има и семејства кои сонуваат за барем еден мобилен апарат да поседуваат (некој да речеме од 2-3000 денари) а не можат да покренат кредит - не се вработени. А мобилниот во денешно време е работа која мора да се поседува - зборам со наједноставните операции (јавување и смс). Но.... тука не доаѓа само апаратот. Што со сметките? Исто и за автомобил. Точно е, луксуз е поготово со покачување на цените н горивото. Но за да отидеш ти до Драчево/зелениково а немаш рецимо никаков друг превоз... како?
Ја сфаќам поентата што сакаше да ја кажеш за сељачааната која нема вода у очи а купува скапи работи. Но во денешно време треба да се бројат прво парите кои се поседуваат па после и кредитите кои се подигнуваат, на што да се троши. Затоа што не сме само ние во криза. Цел свет е. Затоа и сум против прекумерното расфрлање на парите по споменици.
Рецимо за 4те лава што беа можеше да се купат два одлични воза сосе локомотиви/да се купат некои апарати или реновира клиниката. За еден музеј отспротива на вардар можеа и пругата да ја реновираат. ПРоблемот е што сеуште не сме го осетиле вистинскиот удар на енергетската криза кој тек допрва доаѓа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iva89

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Саладин, јас се согласувам до некаде со тебе - но мислам дека културното наследство, не е помалку важно од железница.
Ниту една земја во светов, не градела вакви објекти зошто народот сакал, напротив, секогаш имало потреба од нешто друго, но се одвојувале средства за истото.
Конкретно еден пример, Taџ Махал. Кралот не само што ја турнал земјата во криза, туку и го изгубил својот трон, до крајот на животот бил заѕидан во кула од каде што можел да ја гледа гробницата.
Денес Таџ Махал е едно од најубавите и најграндиозните места за посета. Повеќе http://mk.wikipedia.org/wiki/Таџ_Махал
Ако не е доволно добро објаснето на Македонски, мислам дека Англиската верзија е потполна.