Скапоцени камења и минерали

KiloVolt

Нов член
14 декември 2014
3
0
1
49
Јас сум бил и секогаш сум за науката , овие работи кои се општоприфатни а не се потврдени од науката не ги толерирам. Дали може освен оваа псеудонаука да напишете нешто потврдено со факти?
Во астрологијата, за секоја планета и ѕвезда се врзува одреден скапоцен камен или благороден метал кој е во склад со некој хороскопски знак. Правилно избраниот скапоцен камен може, не само да ти донесе среќа ако го носиш, туку и да те заштити од негативните влијанија.
WOW, зарем верувате во ова. (facepalm)
GH468.jpg

Аквамарин

е скапоцен камен за родените во знкот на Скорпија, а може да го носат и родените во знакот на Бик. Со својата зеленкасто-сина боја го поттикнува чувството за верност и постојаност во љубовта. Познат е како камен на храброста и гордоста. Освен тоа ќе те поттикне на брза интелектуална реакција. Смирува, намалувајќи ја комуникацијата и ја заштитува аурата. Според некои верувања има лековити својства при воспаление на грлото, непцата, цревата и црниот дроб. Помага при забоболка.
Аквамаринот е варијација на Берилот (Берилиум алуминиум циклосиликат) со мали примеси на железни јони што му ја даваат таа прекрасна боја.
Берил сам по себе не може да ти помогне во никакви воспаленија ниту пак се врзува со нервниот систем и ти ја забрзува реакцијата, но кога ќе додадеме малку Плацебо ефект, сето тоа станува логично и се објаснува од страна на науката.
2738_0.jpg

Аметист

е познат како „доброчинител„, посебно ако си родена во знакот на Риби. Ова е камен на среќата кој ги красел прстите на највисоките свештеници. Има смирувачко дејство и го подобрува расположението. Ако го носиш како амајлија ќе те заштитува од сите видови зависност. На духовно ниво аметистот ја засилува телепатијата и другите психички способности. Го поттикнува мирниот сон и медитацијата.
Оф леле.. Телепатија, психички способности... КАКО ДА НЕ! Целата индустрија со скапоцени камења започнала поради нивниот убав изглед, но кога некој почнал да измислува работи за нив (Помага за хххх. Го засилува ххххх. Ја подобрува ххххх. Одговара со хххх хороскопски знак....), и што е најважно- се нашле некои што не се запрашувале дали е ова вистина и верувале слепо на информациите што ги добивале, почнале да веруваат во нешто што нема смисла. Кога некој видел дека со вакви лаги може да се збогати, лагите се шират...
КОГА КЛИКНАВ НА ЛИНКОТ ОД ОВОЈ ФОРУМ ОЧЕКУВАВ ДА НАИДАМ НА ЕДУЦИРАНИ И ИСКУСНИ КОЛЕКЦИОНЕРИ НА КРИСТАЛИ ШТО ГИ ЗНААТ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА СИТЕ КРИСТАЛИ, НО ЗА ЖАЛ НАИДОВ НА ПРИПАДНИЧКИ НА ПОНЕЖНИОТ ПОЛ ШТО ВЕРУВААТ ВО ПСЕУДОНАУКА, ШТЕТА!
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Јас сум бил и секогаш сум за науката , овие работи кои се општоприфатни а не се потврдени од науката не ги толерирам. Дали може освен оваа псеудонаука да напишете нешто потврдено со факти?

WOW, зарем верувате во ова. (facepalm)

Аквамаринот е варијација на Берилот (Берилиум алуминиум циклосиликат) со мали примеси на железни јони што му ја даваат таа прекрасна боја.
Берил сам по себе не може да ти помогне во никакви воспаленија ниту пак се врзува со нервниот систем и ти ја забрзува реакцијата, но кога ќе додадеме малку Плацебо ефект, сето тоа станува логично и се објаснува од страна на науката.

Оф леле.. Телепатија, психички способности... КАКО ДА НЕ! Целата индустрија со скапоцени камења започнала поради нивниот убав изглед, но кога некој почнал да измислува работи за нив (Помага за хххх. Го засилува ххххх. Ја подобрува ххххх. Одговара со хххх хороскопски знак....), и што е најважно- се нашле некои што не се запрашувале дали е ова вистина и верувале слепо на информациите што ги добивале, почнале да веруваат во нешто што нема смисла. Кога некој видел дека со вакви лаги може да се збогати, лагите се шират...
КОГА КЛИКНАВ НА ЛИНКОТ ОД ОВОЈ ФОРУМ ОЧЕКУВАВ ДА НАИДАМ НА ЕДУЦИРАНИ И ИСКУСНИ КОЛЕКЦИОНЕРИ НА КРИСТАЛИ ШТО ГИ ЗНААТ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА СИТЕ КРИСТАЛИ, НО ЗА ЖАЛ НАИДОВ НА ПРИПАДНИЧКИ НА ПОНЕЖНИОТ ПОЛ ШТО ВЕРУВААТ ВО ПСЕУДОНАУКА, ШТЕТА!
Нема многу да објаснувам, но како и сите други материјали така и кристалите и камењета си имаат свои својства. Како што металите имаат својства да спроведуваат енергија, да привлекуваат или одбиваат електромагнетни зрачења, така и некои од камењата имаат свои својства и способности најчесто одбиваат негативни електромагнетни зраци, електрицитет, радиација и сл. Лековитите својства на каменјата се должат на цврстата молекуларна структура и нивната вибрација и во тоа нема ништо чудно. како што пвц пластиката може да го загади просторот и да биде опасна по човековото здравје, така и кристалите го прочистуваат просторот и се добри за здравјето. Вибрацијата на некои камења се совпаѓа со вибрацијата на некои од чакрите во нашето тело, со што нивното носење како парче накит на пример, помага во прочистување на енергијата во нас и подигање на истата на повисоко ниво. Не знам што има тука нејасно.
 
KiloVolt

Нов член
14 декември 2014
3
0
1
49
негативни електромагнетни зраци, електрицитет, радиација и сл.
Негативни електромагнетни зраци- нема такво нешто како позитивни и негативни електромагнетни зраци, електромагнетен зрак е електромагнетен зрак- видливата светлина, радио брановите, микробрановите, X-зраците, космичките зраци, ултравиолетовата и инфрацрвената светлина- сите овие се електромагнетни зраци, но со различна фрекфенција и различна енергија. Поголема фрекфенција= поголема енергија. Тоа е точно, син минерал го апсорбира целиот спектар освен брановата должина на сината боја, која ја одбива. Но тоа нешто не е посебно, било кој син предмет ја одбива таа бранова должина, а ако не ја одбива, тогаш ние не би ја виделе неговата боја.
електрицитет- не сваќам како електрицитетот е лош. Но не споменавте дека кварцот и сите негови модификации се пиезоелектрични (кога се деформирани создаваат силни електрични полиња од една до друга нивна точка (електрични диполи)). Исто така можат да се наелектризираат ако се тријат од полиестер како што ќилибарот се електризира ако се трие со волна.
радијација- има три вида радијација- првиот вид е со емитување на алфа честички- тој вид на радијација може да биде сопрен од неколку центиметри воздуш, тенка хартија, или површината на кожата. тој вид на радијација може да предизвика само благи изгореници доколку сте во многу голема близина до радиоактивниот материјал. вториот вид е со емитување на бета честички- електрони. тој е многу по-продорен но може да биде сопрен од човечкото тело или од тенок метал. Третиот вид е со емитување на електромагнетно зрачење, тој може да помине и тенок метал, но може да биде сопрен од олово дебело неколку центиметри.
П.С. радијација, зрачење се едно исто, светлината е електромагнетно зрачење со ниска енергија...
Лековитите својства на каменјата се должат на цврстата молекуларна структура и нивната вибрација и во тоа нема ништо чудно.
Добро, да, сите кристални материи имаат многу јака межумолекуларна врска, но ова вибрација незнам како да си го објаснам.. Може да ми појасниш?
како што пвц пластиката може да го загади просторот и да биде опасна по човековото здравје, така и кристалите го прочистуваат просторот и се добри за здравјето.
PVC-то е штетно поради тоа што кога се распаѓа или согорува испушта отровен гас хлороводород кој кога ќе реагира со водата создава хлороводородна киселина (народски- солна киселина). Кристалите не испуштаат ништо.
Вибрацијата на некои камења се совпаѓа со вибрацијата на некои од чакрите во нашето тело, со што нивното носење како парче накит на пример, помага во прочистување на енергијата во нас и подигање на истата на повисоко ниво. Не знам што има тука нејасно.
Чакра, дури не ми докажете, не верувам.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Негативни електромагнетни зраци- нема такво нешто како позитивни и негативни електромагнетни зраци, електромагнетен зрак е електромагнетен зрак- видливата светлина, радио брановите, микробрановите, X-зраците, космичките зраци, ултравиолетовата и инфрацрвената светлина- сите овие се електромагнетни зраци, но со различна фрекфенција и различна енергија. Поголема фрекфенција= поголема енергија. Тоа е точно, син минерал го апсорбира целиот спектар освен брановата должина на сината боја, која ја одбива. Но тоа нешто не е посебно, било кој син предмет ја одбива таа бранова должина, а ако не ја одбива, тогаш ние не би ја виделе неговата боја.
електрицитет- не сваќам како електрицитетот е лош. Но не споменавте дека кварцот и сите негови модификации се пиезоелектрични (кога се деформирани создаваат силни електрични полиња од една до друга нивна точка (електрични диполи)). Исто така можат да се наелектризираат ако се тријат од полиестер како што ќилибарот се електризира ако се трие со волна.
радијација- има три вида радијација- првиот вид е со емитување на алфа честички- тој вид на радијација може да биде сопрен од неколку центиметри воздуш, тенка хартија, или површината на кожата. тој вид на радијација може да предизвика само благи изгореници доколку сте во многу голема близина до радиоактивниот материјал. вториот вид е со емитување на бета честички- електрони. тој е многу по-продорен но може да биде сопрен од човечкото тело или од тенок метал. Третиот вид е со емитување на електромагнетно зрачење, тој може да помине и тенок метал, но може да биде сопрен од олово дебело неколку центиметри.
П.С. радијација, зрачење се едно исто, светлината е електромагнетно зрачење со ниска енергија...

Добро, да, сите кристални материи имаат многу јака межумолекуларна врска, но ова вибрација незнам како да си го објаснам.. Може да ми појасниш?

PVC-то е штетно поради тоа што кога се распаѓа или согорува испушта отровен гас хлороводород кој кога ќе реагира со водата создава хлороводородна киселина (народски- солна киселина). Кристалите не испуштаат ништо.

Чакра, дури не ми докажете, не верувам.
Електромаггнетните зраци можеби немаат општа поделба на негативни и позитивни, но човековото тело има свој лимит кога е во прашање зрачењето и се разболува кога е изложено на поголемо зрачење.
Електрицитетот кој што го создаваат кристалите не е негативен за човековото тело, напротив, бидејки енергијата која ја испуштаат кристалите е чиста и незагадена. Незнам дали да објаснувам понатака бидејки ти не веруваш во постоењето на чакрите, но искрено тоа ми е малку смешно. Не само што со векови во некои традиции знаеле за чакрите во нашето тело, туку и современата наука го докажува нивното постоење. Денес постојат современи апарати на кои може да се види и измери една чакра, постојат апарати на кои се гледа човековата аура итн. Чакрите во нашето тело имаат за функција да ја спроведуваат и трансформираат нашата енергија, како физичката така и менталната. Благодарение на чакрите и на нивната (не)развиеност ние вибрираме на одредена фрекфенција. Колку повисоко вибрираме, толку сме поздрави. Кристалите исто така вибрираат, како и се друго околу нас. Поради нивната цврста молекуларна структура, кристалите имаат висока вибрација и затоа се полезни за нашето здравје, бидејки кога кристалот вибрира во наша близина, нашата чакра добива повеке енергија, се чисти од насобраната негативна енергија и се искачува на повисокиот левел на вирација која ја добива од кристалот.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Од каде можам да порачам ваков скапоцен камен т.е. ланче или привезок со скапоцен камен? Еве сакам да порачам розов турмалин и колку пари би коштало?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Од каде можам да порачам ваков скапоцен камен т.е. ланче или привезок со скапоцен камен? Еве сакам да порачам розов турмалин и колку пари би коштало?
Можеш да го купиш од кај Деко, но и кај било кој изработувач на накит кој што работи со камења (Јас работам, но конкретно розов турмалин немам).
Цената зависи од квалитетот на каменот, големината и обработката, но и од каде го купуваш. Само камче како приверзок најчесто чини од 100 до 400 ден.
Инаку турмалинот не е скапоцен туку полускапоцен камен и затоа цената не е многу висока.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Можеш да го купиш од кај Деко, но и кај било кој изработувач на накит кој што работи со камења (Јас работам, но конкретно розов турмалин немам).
Цената зависи од квалитетот на каменот, големината и обработката, но и од каде го купуваш. Само камче како приверзок најчесто чини од 100 до 400 ден.
Инаку турмалинот не е скапоцен туку полускапоцен камен и затоа цената не е многу висока.

Од каде е Деко? Не може онлајн да се порача?
 
А, дали изработуваш од опал? привезоци и ланче? И какво значење има истиот? И колку би коштало?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Од каде е Деко? Не може онлајн да се порача?
Деко има продавница на рекорд и некаде кај грчка амбасада, еве ти линк од него http://www.mkrubin.com/makedonski_filigran.php
А, дали изработуваш од опал? привезоци и ланче? И какво значење има истиот? И колку би коштало?
Опал тешко се наоѓа во Македонија, цената е некаде околу 1000 ден. камче и такво нешто мислам дека би требало да има кај Деко, но можеш да прашаш и во златарите.
Јас моментално имам опалити тоа е полускапоцената верзија од опалот :). Цената им е 250-300 ден. камче зависно од големината.
Опал
download.jpg
Опалит
download (1).jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler