Скапи високи потпетици или Маж

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Топло добредојде во современиот свет на измешани ароми од материјализам, љубов и љубов кон материјализмот!
Денешните жени се симбол на силата и самостојноста, а дали тоа ги прави материјалисти или не, е само нивно право. Многу пати сте се прашале дали жените кои стојат стабилно на финанскиски план се “спонзоруши.” А ,дали тоа е навистина така или само си уживаат во успешни кариери, земете си за слобода и прашајте ги.
Мое мислење е тоа под Б), зашто скапата облека ја крие и чистота, а и тоталниот безобразлук е да се искористуваат мажите.
Не дека го немаат тоа заслужено, поради тоа што секоја од нас била повредена од нивна страна, но сепак имаме премногу добро срце и да ги сожалуваме.
Скапите високи потпетици се само доказ дека можеме да бидеме успешни без маж. Тој не е доказ дека сум успешна, тој е доказ само на мојата способност да им покажам дека потпетицата ми е многу подолга од нивната “гордост” .
Па и ние сме како нив. Сакаме високи потпетици, со истата онаа страст како тие кога гледаат фудбалски натпревар, и зашто тој да биде во прв план кога секоја моја потпетица издржала многу подолго од неговите возбуди. Тие се заљубуваат во секоја која ќе ги помине покрај нив, а ние во секој излог со чевли. Само предност ни е тоа што нашата љубов ние можеме веднаш да ја имаме но и за секој случај да си дозволиме уште петнаесетина чифта плус.
Не го ставам мажот во предност пред се затоа што високата потпетица никогаш не ме изневерила, оставајќи ме со срушени илузии.
Кој е вашиот избор?
П.С. Денес го нема очекуваниот доручек во кревет, розата за извини и подарокот без повод
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca and LadyInPink

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
П.С. Денес го нема очекуваниот доручек во кревет, розата за извини и подарокот без повод

Има. Кога ќе заслужиш.

Паметни жени имаат на ум дека високи потпетици нема да ги гушнат, нема да бришат солзи и пружат насмевка во тешки моменти, ниту да подарат дечиња кои секојдневно ќе ги исполнуваат.
Висока потпетица Да!
Во плакар и негде во задушлива дискотека, прчвара која ќе те боли до степен да те натера наредно утро да ја фрлиш во ѓубре.

Затоа најди си маж што ќе те почитува, зашто малиот скршен нокт ќе е поважен од самиот тој.
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Има. Кога ќе заслужиш.

Паметни жени имаат на ум дека високи потпетици нема да ги гушнат, нема да бришат солзи и пружат насмевка во тешки моменти, ниту да подарат дечиња кои секојдневно ќе ги исполнуваат.
Висока потпетица Да!
Во плакар и негде во задушлива дискотека, прчвара која ќе те боли до степен да те натера наредно утро да ја фрлиш во ѓубре.

Затоа најди си маж што ќе те почитува, зашто малиот скршен нокт ќе е поважен од самиот тој.
Тука не зборам за почит, и заслужување... Зборам за тоа што е повредно во животот на соверемената жена на која успехот и е пред се, безразлика за каков и да се зборува!!!
а штикла да фрлиш е ГРЕВ, барем за мене... јас нон-стоп сум на штикли без разлика каде се наоѓам тие се мој симбол... ме претставуваат како личност и ги обожавам!!! е сеа ако ти мислиш дека се само за во дискотека и дека мажот е пред нив е твое право! ова е моја колумна со мое лично мислење!
можеш да ми замериш на нешто што е криво напишано, а нема нешто такво!!! но не можеш да си ми советник и да ми објаснуваш кого треба јас да најдам... зошто го најдов... АМА НИ ЕДЕН МАЖ НЕМА ДА ГО САКАМ ПОВЕЌЕ ОД ВИСОКАТА ПОТПЕТИЦА!!!
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
АМА НИ ЕДЕН МАЖ НЕМА ДА ГО САКАМ ПОВЕЌЕ ОД ВИСОКАТА ПОТПЕТИЦА!!!
Морам да бидам искрена, бунтовноста твоја поеднипати ме вади од такт и одвај се воздржувам да премолчам.
Ама па поеднипати и ме восхитува. Најискрено.
И тоа ме восхитува оној момент од бунтовноста, кој толку тврдоглаво сака да покаже дека си силна, храбра и решителна личност на која ѝ се јасни сите животни вистини и е спремна да се избори со сѐ и со секој, ама помешан со доза на детска збунетост и наивност, која пак вели дека зад сета таа дрскост сепак се крие една нежна, добра и мила девојка, по малку исплашена од сознанието дека луѓето се и тоа како сурови, ако им дозволиш премногу да ти се приближат и да те видат вистински.
Да ти велам дека си или не си во право, во однос на овој твој изнесен став, некако не ми е прикладно. Можам да си го кажам само својот став, а тоа е дека високите потпетици ги гледам само како обувки, а никако како нешто што би можела да го сакам на начин на кој се сака човек, маж, што пак значи дека не ни можам едното со другото да ги споредувам. Дека има моменти кога високата потпетица придонесува да се чувствувам позаводливо, така е, ги има. Ама па од друга страна, човекот кој го сакам, ми ја буди заводливоста на начин кој ми е многу поинтересен, а Богами и далеку позначаен. Но, реков. Тоа е мое видување и доживување.
Биди ми поздравена бунтовна девојко :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena, Teona and iskra

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Не го ставам мажот во предност пред се затоа што високата потпетица никогаш не ме изневерила, оставајќи ме со срушени илузии

ОК, изгледа дека малце преозбилно си го сфатила Sex and the city :) Ја сфаќам филозофијата manolo blahnik to die for и сите ултимативни модни изјави и жртви на денешницата, али сериозно...
Целиот твој романтичен живот ќе се сведе на купување нови штикли??? И после што?
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
ОК, изгледа дека малце преозбилно си го сфатила Sex and the city :) Ја сфаќам филозофијата manolo blahnik to die for и сите ултимативни модни изјави и жртви на денешницата, али сериозно...
Целиот твој романтичен живот ќе се сведе на купување нови штикли??? И после што?
ќе живеам сама со милион пара штикли!!!
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
хахаха, ќе биде смешно ако некогаш се сопнеш на штикла од 12 цм :)

се шалам само, без лутење :)
не е можно зошто нон стоп сум на штикли како што кажав дури и по калдарма имам трчано на 13цм