Сите го мрзиме Facebook, а никој не брише профил

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Сите го мрзиме FaceBook, а никој не брише профил-зошто?
facebook.jpg

Е вака баш ме интересира ова прашање и тоа многу. Дали не бришете дека сте станале веќе зависник од него или заради тоа што вашите другари се на истата мрежа. Дали доколку вашите другари го избришат профилот и вие би го избришале? Еве јас најдолго што ми бил избришан е една година и ми беше супер, ама после кога видов досада и ми текна дека сите се таму повторно сум активен.. :p И еве пак се мислам на бришење, заради тоа што сум активен на форуми, а FaceBоок го запоставувам..
 

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
262
369
63
бришев и пак си го враќав,како што кажа Скарс,од пуста досада....:spin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Gabby

Полноправен Член
21 февруари 2012
61
46
18
26
Ах, колку пати сум сакала да го деактивирам али немав храброст... сепак кога ќе те посети досадата, прво што помислуваш е ФБ! ...:banghead
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Не сум помислила да го бришам, не дека сум зависна и дека нон стоп висам на него туку ми е неопходен. Сите дискусии со колегите околу факултетот се таму, договарање/приговарање/одложување/консултирање се‘ тоа се случува таму и ми штеди доста пари. Исто дознавам што е ново и што се случува со луѓето со кои не сум во можност да комуницирам често.
Така да, не ни планирам да го бришам.
 

.M_

Староседелец
15 февруари 2012
35
17
1,008
33
Како можи нешто да го мразиш а секојдневно да го користиш ? И по што заклучи дека сите го мразат ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Black Mamba