Без нив не можете да си го замислите животот. Некои од нив ги гледате секој ден, некои можеби еднаш месечно, но секоја од нив има особено значајно место во вашиот живот.
Сигурно и вие имате барем по една ваква:
Совршено знае да си го исполни времето сама со себе и со големиот број на пријатели кои ги има за во ниту еден момент да не почувствува очајна потреба за дечко.
Ако раскинете со дечкото и не знаете што да правите со себе или сте подготвени за многу адреналин тогаш време е да го свртите нејзиниот број.Во секоја пригода ќе ја прифати вашата понуда.
Ако само на неколку месеци е сама, нејзе животот и е празен и не знае да функционира како сингл девојка. На тема дечковци има докторирано, затоа што има доста искуство, а таа е онаа од друштвото за која отсекогаш верувате дека прва ќе стапне на лудиот камен.
Кога сакате да ја разбудите романтиката и нежноста во вас и некоја ситуација со момчето сакате целосно да ја анализирате јавете и сега неа, ќе знае да ве посоветува.
Во миговите кога некој ќе нагазне врз вашата гордост и ќе ви ја разниша самодовербата време е да го свртите нејзиниот број. Таа црно на бело ќе ви нацрта зошто сте 10 пати подобра од него и како е време да тргнете по нов плен. Ќе ве одведе на ново тренди место на коктели.
Ме интересира дали имате и Вие некоја од набројаниве видови на пријателки?
Колку вистински пријателки имате?
Дали можете секогаш да сметате и да се потпрете на нив?
Дали се секогаш тука за Вас, како се справувате со тие негативните (ако постојат во Вашето друштво) ?
Дали имате доверба во своите пријателки и колку им се доверувате?
Дали до сега Ви се има случено да Ве изневери пријателката, да се скарате, да збори наоколу невистини за Вас и да ги раскажува секому Вашите тајни?
Што превземавте во врска со тоа?
Ќе Ви споделам 5 "Must have" за секое пријателство:
Вчера испивте некое винце плус, носевте потпетици 10-ка и снегот веднаш ви се одмазди за тоа. Денес убаво ги чувствувате последиците на вашиот задник и десната нога од вашата храброст за чекорење по мраз.Кој е првиот што ќе ви помогне да го пребродите ова здодевно попладне врзани за креветот? Да, токму таа, вашата најдобра пријателка. Ќе свари кафе за двете, бидејќи и онака се чувствува како дома кај вас, ќе ве забавува за да не мислите на болката и нормално заедно ќе се смеете на нејзината незгода.
Токму за да имате една ваква треба да почитувате некои правила на пријателството:
1. Секогаш слушајте ја внимателно, без разлика што приказната ви е добро позната и веќе 5 пати прераскажана.
2. Доаѓа ненајавена кај вас на гости после работа, пречекајте ја со турско кафе и со телешкото што остана од ручекот.
3. Вчера ја оставивте во диско со машко друштво, утринава прва обврска ви е да и се јавите.
4. Секогаш кажете и кога дечко и ќе го видите со друга или бившиот се ставил во врска со нова девојка на Фејсбук.
5. Разберете ја и кога сама не се разбира.
извор: www.notformen.mk

- Вечно сингл

- Вечно во врска

- Лудата феминистка
Во миговите кога некој ќе нагазне врз вашата гордост и ќе ви ја разниша самодовербата време е да го свртите нејзиниот број. Таа црно на бело ќе ви нацрта зошто сте 10 пати подобра од него и како е време да тргнете по нов плен. Ќе ве одведе на ново тренди место на коктели.
- Затворената срамежливка
- НАРЦИСОТ
- ХРОНИЧНИОТ ДЕПРЕСИВЕЦ
- КРИТИЧАРОТ
- ЛИЦЕМЕРОТ
- НЕСИГУРНАТА