1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Синхронизација на серии/филмови

Дискусија во форумот 'ТВ' започната од The Tramp, 8 април 2012.

  1. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Како што сите знаеме од пред неколку години македонските телевизии почнаа се повеќе и повеќе да работат на синхронизација на сериите и филмовите кои ги емитуваат. Бидејќи знам дека во темава ќе има симпатизери и на поранешната А1 и на Сител, за ваша информација другари синхронизацијата во Македонија беше започната уште во 90-тите и раните години од 21 век, кога МТВ1 ги синхронизираше цртаните кои ги прикажуваше за најмала публика. По 10 години А1 продолжи со оваа синхронизација, а не како што многу сметаат А1 била прва која започнала со синхронизацијата во Македонија.
    Дали ви се допаѓа овој начин на обработка на сериите и филмовите или сметате дека сепак поубаво е кога ги слушате гласовите на вистинските актери, а подолу си има превод? Мислите ли дека со ангажирањето на македонските актери во синхронизација на сериите, македонската продукција на филмови и серии се намалува? Дадете свој став во врска со темава.

    Јас сум против синхронизацијата и многу ме нервира кога даваат такви серии и филмови на ТВ. Мене лично отсекогаш повеќе ми се допаѓало она старо емитување со превод, каде слушајќи ги гласовите и изговорот и гледајќи го преводот можеш да научиш некој збор. Истотака сметам дека се фрлаат големи пари за купување на серии, а истотака голем дел пари се фрлаат и за плата на македонските актери кои ги позајмуваат своите гласови во сериите/ филмовите, а со тие пари може да снимаат свои филмови- македонска продукција.
     
    На N|ghtmare_f, Lady*, КрисТина К. и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. Lady*

    Lady* Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2012
    Мислења:
    1,965
    Допаѓања:
    6,161
    Од една страна убаво од една не.
    Добро е што не морам да си ги напнувам очиве со читање на преводот..Од друга страна премногу ме нервира што се тие па тие гласови..Во секој случај подобро би ги слушала вистинските гласови него овака али тоа е..
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Mене на почетокот ми е многу чудно но со тек на времето повеќе ми се допаѓа ако е синхронизирано...Ако ги сменат и имињата на актерите уште поубаво...Ке биде како да гледаме македонски филм...А нема да се увеличува нивниот јазик и нивната култура...
     
  4. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Воопшто не ми се допаѓа сихронизација. Сакам оригиналните гласови да ги слушам, понекогаш тие му/и даваат карактеристика на филмот/серијата.
     
    На cece17 и The Tramp им се допаѓа ова.
  5. Alex M.

    Alex M. Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    328
    Допаѓања:
    523
    Мене сеедно ми е..:)
     
  6. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    Единствена серија која ја гледав (само на почеток) беше Ѓумуш....Ми беше интересен јазикот. Синхронизацијата е позитивна само за старите луѓе :) место да се замараат да читаат, ќе го пуштат погласно телевизорот и БИЧИ!
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Единствена серија која ја гледав беше Ѓумуш. Од кога почнаа со сихронизација немам седнато пред ТВ.
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.
  8. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Особено нервира кога гледаш дека некој зборува сосем трето од она што го слушаш.
     
    На DarkPassenger му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Не! Сакам да го слушам јазикот, гласот на глумците, интонацијата, емоциите.
    Неќам само наши квази актери да читаат текст ко без душа, ко да се прваче на приредба.
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Avona Vi

    Avona Vi Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    493
    Допаѓања:
    630
    Да е само на еден филм ок, ама они напнаа, секој филм сихронизиран, а самата сихронизација е катастрофа. Со сихронизацијата не можат да се доловат тие чувства. Ногу е смешно кога почнат да го глумат плачењето тоа на се личи само на плачење не.. Секоја серија се истите гласови..
    Оргинал си е оргинал..:)
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: