1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Синузитис (воспаление на синусите)

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Зумбула, 29 февруари 2012.

  1. Зумбула

    Зумбула Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    56
    Допаѓања:
    54
    Синузитис е инфекција или воспаление на мембраната од синусните шуплини. Тоа се празните простори во вашите образи и околу очите. Синусните инфекции често доаѓаат како последица на настинка и предизвикуваат болка и притисок во вашата глава и лицето.Синузитисот може да биде акутен (ненадеен) или хроничен (долготраен). Со хроничничниот синузитис инфекцијата или воспалението нема едноставно целосно да си исчезне во рок од 8 седмици или повеќе.
    Синузитисот може да биде предизвикан од три:
    - Вируси
    - Бактерии
    - Габи
    Истите вируси кои ја предизвикуваат општата настинка се причина за повеќето случаи за синузитис.
    Кога мембраната на синусните шуплини ќе се воспали од вирусна инфекција како грипот, таа потекува. Тоа е вирусен синузитис. Отокот може да ja блокира нормалата дренажа на течности од синусите во носот и грлото. Ако течностите не можат да протекуваат и се зацврстат со тек на време, тука може да се создадат бактерии и габи. Овие бактериски и габни инфекции можат да предизвикаат уште поголем оток и болка. Тие се со поголема веројатност да траат подолго време, да се влошат со тек на времето и да станат хронични.Носните алергии или другите проблеми кои ги блокираат носните празнини и дозволуваат течностите да се затврднат во синусите можат да водат до синузитис.
    Главните симптоми на синузитис се течење или затнат нос и болка и притисок во вашата глава и лицето. Вие исто така можно е да имате жолто или зелено течење од носот или надолу од задната страна на вашето грло (пост-носно лачење). Каде ќе ја почувствувате болката зависи од тоа кој синус е заболен.

    Како ги третирате воспалените синуси?
    Има ли трајно решение?
    Кој домашен третман сте го применувале и дали дал резултати?
     
  2. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    отсекогаш имам проблем со нив.... употребував некој раствор во аптека го има на база на сардела многу ми помогна .. иначе обичен раствор од сол и вода по неколку капки на ден и зимава ја поминав скоро безболно :) иначе и инхалации од камилица и морска сол помагаат и да се избегнуваат млечни производи :)
     
    На 990Freak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 990Freak

    990Freak Староседелец

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    1,274
    Допаѓања:
    1,911
    Има и еден спреј по аптеките,мислам дека марисол се викаше ... Раствор од морска сол е, ми помогна доста зимово :) Иначе,и јас имам одсекогаш проблеми со нив ..што ти не пробав, лед лампи, еден куп терапии...
     
    На Luckky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Тешко тој што го има!
     
  5. Hkakashi

    Hkakashi Староседелец

    Зачленет на:
    13 јуни 2012
    Мислења:
    1,543
    Допаѓања:
    1,697
    Никад не сам имаја проблем сс синуси, фала богу.
     
  6. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    Е тие ламбите се штетни дека придонесуваат за поголемо воспаление ако причинители се бактерии или вирози ;)
     
  7. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Имам хроничен синузитис уште од кога паметам за себе.Го имам наследено од мојата мајка.
    Порано коа не се нервирав многу, а синусите се активираа главата ми пукаше ми идело да ја пресечам.
    А сеа не знам од што ме боли глава и супер ми е не му се замарам.
     

Сподели: