Силување

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Тие треба да се убијат.. Знам дека немам право да кажувам кој треба а кој не треба да живее, ама тие дефинитивно не заслужуват да живеат...:)
Против силување си а не си против убиство?
Интересно размислување:eek
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Не дека не сум против убиството.. напротив..
туку сметам дека на секој треба да му се суди според заслугат.. Да ги земеме за пример педофилите - Што е криво 5 годишно девојче или дечко па ги силуваат? Тие после чел живот ќе имаат трауми, такви работи не се забораваат лесно. А ако на нив им се суди пр. 5-6 години, после одлежаното пак ќе излезат и пак ќе го повторат тоа дело... повторно ќе биде некој повреден, повторно ќе расте со трауми....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5 and Y1K991

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Па ова и баш не ми изгледа како силовање. Само девојчето го наметнува целиот терет на детето. Тоа е резултат на страф што има од родителот а и може да земе некоја пара.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Мислам дека нема ваква тема, а истата е доста дирлива и дискутабилна.
Колкаво е всушност влијанието на насилниот сексуален акт врз психата?
Казните, барем кај нас, се минимални, и без поцврсти докази - не се може ништо, како и за секој друг криминал во државичкава. А пак да не спомнуваме дека сеуште ни фалат мозочни ќелии, па општеството неретко реагира во стил: „Сама си го барала“, така да, личноста не е само за навек обележана како силувана, туку и на некој начин добива етикета и се’ повеќе владее оној страв од етикетирање и простодушни, љубопитни погледи од сите страни, па жртвите се решаваат да молчат за да не се стекнат со негативна и непосакувана репутација и епитети од речитиот ни народ. Ко крив да е некој што на манијаков му мрда на се’ што се движи на две нозе, макар носело и бурка. А што е со педофилите кои силувале дете во почеток на развојот? Со што си го барало тоа? Пижамките со Сунѓерот Боб?
Да, точно е дека некои навистина претеруваат со облекувањето и однесувањето, но секој груб допир откако личноста кажала „Не“, веќе се важи за насилно навлегување во интима, без разлика на „провокацијата.“
Дали можеби вам или на некој близок ви се случило нешто слично, да бидете на некој начин злоставени или да сте избегнале несоодветна акција која имала тенденција да заврши фатално? Кои се најдобрите мерки за заштита и хм..само-помош во такви ситуации? Постои ли желба за одмазда или само желба што побрзо да избледи немилиот настан? Доколку сте во можност и го знаете сторителот, колку далеку сте спремни да одите доколку вие или ваша блиска личност стане жртва на ваков акт?
Од друга страна пак, што мислите дека е она што ги наведува сторителите да извршат такво нешто?
Дали подоцна постои каење, или желбата за насилни полови односи се зголемува? Можеби стагнира?
Премногу прашања и простор за дискусија, па да видиме.


Се сложувам со кастрирање. Но, муабетот ми беше за провокацијата. Мислам дека без разлика како и да е облечена жртвата, НЕ значи НЕ. Никој ама баш никој нема право да навлегува во интимата на другиот. Според мене, а имам и два примери во моја околина, силувањето остава многу голема лузна на психата. Повторното адаптирање во општеството, доколку се случи,е многу многу тешко.
Што ги наведува сторителите на такво нешто? Па обично мислам и они се жртви на насилство (некои и сексуално),
извитоперен ум, шизофреничари , кој ли да знае.
Нашиов правен систем е ср:cenzuraње, не функционира ама ни под точка разно. Како што кажав имам околу мене примери, каде што во едниот случај господинот го ослободија ни по 2 судења само заради тоа што тато има пари.
И што тогаш кажете ми?
Желба за одмазда? Да имам многу голема.
Меѓутоа има и жртви кои што не сакаат да превземат ништо, од преголем страв и срам.
А за педофилите да не зборам, смртна казна одма, али што побавна и помачна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5 and Electra

Behemoth

Полноправен Член
8 мај 2012
30
14
8
Жртвите во поголем процент се сами криви,провоцираат па после се прават како да не знаат зашто и како.Кучка што не мрда опаш куче не скока.