Силување

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мислам дека нема ваква тема, а истата е доста дирлива и дискутабилна.
Колкаво е всушност влијанието на насилниот сексуален акт врз психата?
Казните, барем кај нас, се минимални, а без поцврсти докази - не се може ништо, како и за секој друг криминал во државичкава. А пак да не спомнуваме дека уште ни фалат мозочни ќелии, па општеството неретко реагира во стил „Сама си го барала“, така да, личноста не само што за навек е обележана како силувана, туку и на некој начин добива етикета, при што сè повеќе владее оној страв од етикетирање и простодушни, љубопитни погледи од сите страни, па жртвите се решаваат да молчат за да не се стекнат со негативна и непосакувана репутација и епитети од речитиот ни народ. Ко крив да е некој што на манијаков му мрда на сè што се движи на две нозе, макар носело и бурка. А што е со педофилите кои силувале дете во почеток на развојот? Со што си го барало тоа? Пижамките со Сунѓерот Боб?
Да, точно е дека некои навистина претеруваат со облекувањето и однесувањето, но секој груб допир откако личноста кажала „Не“, веќе се важи за насилно навлегување во интима, без разлика на „провокацијата.“
Дали можеби вам или на некој близок ви се случило нешто слично, да бидете на некој начин злоставени или да сте избегнале несоодветна акција која имала тенденција да заврши фатално? Кои се најдобрите мерки за заштита и хм...само-помош во такви ситуации? Постои ли желба за одмазда или само желба што побрзо да избледи немилиот настан? Доколку сте во можност и го знаете сторителот, колку далеку сте спремни да одите доколку вие или ваша блиска личност стане жртва на ваков акт?
Од друга страна пак, што мислите дека е она што ги наведува сторителите да извршат такво нешто?
Дали подоцна постои каење, или желбата за насилни полови односи се зголемува? Можеби стагнира?
Премногу прашања и простор за дискусија, па да видиме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Бруталноста и насилството нанесени врз рандом особа и сакатење на нечиј живот, го рангирам на прво место во топ листата на најизопачени психопатски селски фаци кои можат да си земат за слобода комплетно да уништат невина особа и да и нанесат доживотни трауми и последици. Голема неправда постои во светот каде богатиот џган се изживува врз ниската класа, каде на моќниците им е дозволено да манипулираат со општата маса, и за тоа пред никого да не одговаат.
Казната затвор за насилниците би претставувала луксуз кој неможат да си го дозволат, каде судијата за шес цифри би до предал и сопственото дете како експеримент, да фриковите си ги вршат своите патолошки и психо-пореметени фантазии.
Не би плукал само по богатите но во 99% од случаите сиромашните и просечните изроди и насилници, дебело го примаат како од правен така и од морален аспект. А горенаведените воопшто не се достижни, на крај излегуваат со изјавата- "зарем знаете од кого сум јас, кој ми е мене татко", каде јавниот обвинител ќе ги ослободи за една вечер и во медиумите ќе изјави "пуштени се на слобода, поради недостаток на докази". Кое приматско интервју го добиваме преку медиумите и не можеме да се воздржиме пред тој извор, а не превземаме никаква реална инициатива за правдата и соодветната казна која треба да ја снеси како резултат на дејствието кое го учинил. Не постои никаков вид на одбрана како провокативно облекување или игра на зборови каде дотичниот си ја претолкувал на свој изобличен начин, зарем не постои демократија во ова општество за слобода на облекување и говор?!
Некои викаат дека доживотен затвор е правата казна, некои викаат кастрирање е најдобар предлог, јас имам исто миселње со Цацко.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
...зарем не постои демократија во ова општество ...

Демократија? А јас мислев дека тоа е само фикција.


Онтопик: Горе-долу се сложувам со ЧНМ и со авторот. Правда не можеш да бараш во општества потчинети на хартии од вредност. Но пред слепо да судите на секој обвинет за силување, запрашајте се дали „жртвата“ не е негативецот. Познавам случај, братучед на некој од форумов што го знам лично, беше на суд затоа што некоја девојка го обвинила дека се обидел да ја силува, па после некое време дури успеа да докаже дека нема врска со тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Нашава земја нема закони, кај нас се функционира се преку мама и тато и ајде решено е се... а тоа мора да се промени доколку сакаме да имаме во вистинска смисла на зборот демократска држава... Е сега јас да кажам за мене, сум била во многу блиска средба со силувањето, но се извлеков, бев мала, 8 години, на татко ми братучед, доаѓаше се кај нас дома, кога јас бев сама... Јас мала како мала не разбирав што сака... Ми купуваше се, смоки, ово оно, ми даде дури и пристен ( имаше златара ) по некој период почна да покажува друг интерес... Еднаш бев со другарка ми дома, и тој сакаше насилно да влезе, а бевме сами, не знам од кај ја собравме силата му ја избуткавме вратата и се заклучивме... тој тропаше а ние од страв се качивме и се скривме... потоа дојдоа моите и кажавме се, тие го пријавија во полиција, но ништо... само го следеа некое време и му дадоа забрана да биде близу нас... починат е веќе, пред некоја година се фрли од терасата на една зграда :eek но за среќа се добро заврши, инаку и со двете не знам што ќе беше ако влезеше...
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
да ги кастрираат таквите :stomp
Кога ја видов темава и јас го помислив истото...Ниту убиството ниту пак затворот не се доволна казна за еден силувач или педофил ....Ако го убиеш си му ги скратил маките,а ако отиде во затвор кога ке излезе ке продолжи повторно со истото....Робија од најмалку 40 години и кастрирање ;)
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Тие треба да се убијат.. Знам дека немам право да кажувам кој треба а кој не треба да живее, ама тие дефинитивно не заслужуват да живеат...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5