Сесксуална магија

Статус
Затворена за нови мислења.

Bloody Jesus

Нов член
28 февруари 2012
17
14
3
Сексуална магија
Сексуална магија е термин за различни видови сексуални активности кои се користат во магиски или друг вид религиозни и духовни цели. Основната премиса на сексуалната магија е концептот дека сексуалната енергија или либидото на човечкиот организам е најпотентната негова сила, а контролата на секоја етапа од сексуалната активност нуди посебно доживување на трансцендентноста на обичната реалност.

Двете основни примени на сексуалната магија го користат оргазмот. Некои школи ја користат силата која се ослободува при оргазам. Еден пример на ваков тип на сексуална магија е големиот обред на Вика, ритуал кој вклучува симболичен или вистински секс. Овој спој на Високата свештеничка и Високиот свештеник го претставува спојот помеѓу божицата Девица и богот Љубовник.
Употребата на сексуалната магија
Карл Келнер
Карл Келнер, основачот на O.T.O., тврдел дека научил техники на сексуална магија од тројца мајстори на оваа уметност. Почнувајќи од 1904 година, Келнер и О.Т.О. почнале да се појавуваат во германскиот масонски весник „Орифлејм“ (Oriflamme), а изданието од 1912 година пишува:
“ Нашиот ред го има клучот кој ги отвора сите масонски и херметички тајни, имено тоа е учењето за сексуалната магија, а тоа учење без исклучоци ги објаснува сите тајни на масонеријата и на сите системи на религии."

Алистер Кроули
Алистер Кроули е еден од првите луѓе од поново време кој јавно го бранел практикувањето на сексуалната магија. Тој го отфрлил ставот на викторијанската ера кон сексот, и го шокирал британското општество со вклучување на мастурбација и хомосексуалност во своите магиски техники.

Кроули верувал дека потиснувањето на сексуалниот нагон е основната причина за насилно однесување, како и за другите зла на модерниот свет. Во своите „Исповеди на Алистер Кроули“ запишал дека:
“Човештвото мора да сфати дека сексуалниот инстинкт по својата вистинска природа е благороден. Злото со кое се соочуваме потекнува од неговото потиснување. Мислењето дека сексот е грев предизвикува низок внатрешен конфликт, кој создава искривен поглед на светот, неврози, и експлозивно однесување...”

“Книгата на законот комплетно го решава сексуалниот проблем. Секој човек има апсолутно право да го задоволи својот сексуален инстинкт. Никој не јаде како животно, туку јаде за да ги задоволи своите основни потреби. Истото важи и за сексот.”

Една од најпознатите ритуали е сексуалната магија која Кроули ја назначил за централен ритуал во О.Т.О., а тоа е комплетно претставување на сексуалната магија во симболична форма. Централната формула на овој ритуал е гностичката формула „ИАО“.

Тантра јога
Сексуалните обреди во Индија потекнуваат од дамна како практична обука за трансформацијата на телесните флуиди. Сексуалните обреди е можно да се појавиле како церемонија за иницијација, при што се вели дека иницијантот се претвора во „син на кланот“. Мажот го претставува богот Шива, а жената божицата Шакти.

Се практикувале неколку вида на сексуални ритуали, при што и двајцата учесници постигнувале единство со свесноста на вселената. Откако тантра јогата станала популарна на Запад, сексуалната магија почнала поретко да се практикува, и преминала во психолошки симболизам.
Љубовна магија
Љубовната магија всушност е црна магија, иако многумина не го сметаат тоа за точно. Но сепак точно е бидејќи со магии се делува на свеста на друга личност, да се натера некого да сака и да биде со некого , што во нормални услови не се случува.
Значи се менува човековиот живот, по лична желба на друга личност, што е многу себично и нешто најлошо што може да се направи.
ljubovna_magija_golema.jpg
Во овој вид на магија нема ништо убаво, па дури и кога ќе успее магијата тоа нема да биде нешто што сте очекувале (како би можела да изгледа присилената љубов), но не само тоа туку сетете се само на казната која следи за такви магиски прегрешенија...
Секако има многу мал дел од таа магија која не е црна, но сепак се граничи со црната и ако не се внимава на некои работи може лесно да ја мине границата. Тоа се оние едноставните како на пример "привлекување внимание на одредена личност", што може лесно да помине во менување на мислите на таа особа. Исто така не е препорачливо користење на талисмани и амајлии, бидејќи тие не само што привлекуваат љубов туку и зло.
Затоа не е препорачливо воопшто занимавање со овој вид на маија и барање љубов на тој начин, кое може да доведе до спротивни ефекти.
 
Статус
Затворена за нови мислења.