Сериски убијци (генерална дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А делот кога бил пуштен зошто крвната група и спермата не се совпаѓале со тие на местата на неговите убиства?
На крајот од филмот пишуваше дека некоја позната руска форензичарка излегла со изјава дека постојат луѓе со различни крвни групи, ама била исмејана од колегите низ светот..

Истрагата била катастрофа, руска работа (facepalm)
Плус двајца или тројца биле осудени и егзекутирани по грешка, поради убиства на Чикатило (facepalm)
Дури почнаа да сфаќаат дека се работи за серијаш сигурно имаше отепано 20+ жртви...
Двајцата профајлери кои беа најзаслужни шо го фатија (не сум сигурен мислам дека еден од нив беше и во филмот) после учествуваа и во фаќањето на `кепецот` (копикетот на Чикатило) гледам сум пишувал погоре за тоа :zelen на документарците покажаа дека имаа картотека со 20.000+ профили од разни манијаци, сето тоа рачно без компјутери, една канцеларија изгризана од влага, облечени јадно... иако се работело за профајлери на светско ниво, услови за работа и плата на ниво на Сиера Леоне (facepalm)

бтв, во истрагата околу копикетот апсеа секташи, сатанисти и остали пошто некаде во близина на местото на злочинот виделе нацртан пентаграм :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Си читав прееска нешто, за некојси Мос кој бил опседнат со сериски убијци и со тоа да стане фби агент, па почнал да комуницира со неколку од нив кои се наоѓале по затворите. Мислел дека со комуникацијата со нив, ќе им влезе во глава, ќе разреши што се таму се дешава и ќе си пише поен плус за кариерата што си ја посакувал. Со претставување на себеси како потенцијална жртва, како можен нивни имитатор или огромен фан, успеал да почне да се допишува со некои од најпознатите сериски убијци во Америка. Е сега целата приказна е околу еден од нив, поточно Џојн Вејн Гејси кој убил над 30 деца.

Мос си измислил живот и лик сличен како кај жртвите на Гејси и тука го добил неговото внимание. Во писмата ги добивал сексуалните желби на убиецов, а после некое време пишување, се слушале и по телефон. После долгата дружба, се договориле Мос да замине во затворот каде врз Гејс требало да се изврши смртна казна. Е сега како си читав понатаму, овој дел баш не ми беше за верување, ама откако барав за случајов нешто повеќе, не само што вистина се десило него и има и филм за тоа. И тоа македонец бил режисерот. А Мос за ова напишал и книга-Последната жртва во која порачал дека кога човек еднаш ќе се сретне со голема темнина, никогаш и никако не ќе може да избега од неа. А еве и ова и ова плус.

Да се вратам на делот што ми беше малце тежок за верување.
Кога се сретнале во затворот, средбата не била онаква стандард посетител-затвореник, него чуварите не само што го пуштиле да биде во иста просторија со Гејси, него и ги оставиле сами, а ги исклучиле и камерите. Врска немам зошто тоа го направиле, ама успеале да го спасат Мос кога овој почнал да станува агресивен и посакал да го силува и убие.
После случкава, Мос престанал да се интересира за сериските убијци и паднал во тешка депресија што дури на 06.06.2006 извршил самоубиство поради траумите што ги доживеал.

:eek

Уште не знам зошто и како чуварите дозволиле еден непознат млад човек да остане сосема сам и беспомошен во иста просторија со такво чудовиште. Ај што го оставиле па и камерите ги исклучиле. Ама ок...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
https://en.wikipedia.org/wiki/Arthur_Shawcross

Сепак Рајан Шоукрос (@existence :zelen) не бил најголемиот негативец кој го носи тоа презиме (пошто има сјебано неколку кариери со касапски стартови) него имало и полош од него, серијаш кој убил најмалку 14 жени во САД и непознат број во Виет Нам каде што служел војска, бил член на некои посебни единици и се фалел дека имал искасапено многу припаднички на виет конг.

Сега баш слушам за пар неразјаснети убиства каде што е замешан овој лик, извршени во јуни 1966 (три шестки ]:)) и клопчето полека се тркала во правец на сатанисти, Ла Веј, Менсон и други неразјаснети убиства.

Стеј тјунд (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence