Сериски убијци (генерална дискусија)

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
ubica5.jpg

Жена без лице

Жената без лице, или „Фантомот од Хелиброн“, е непозната жена сериски убиец, чие постоење е заклучено врз основа на ДНК пронајдена на бројните места на злосторствата во Австрија, Франција и во Германија (1993 -2009). Тоа што е најстрашно за оваа жена-убиец е што на полицијата ѝ задава многу проблеми, и тоа 15 злосторства, од кои шест се убиства што немаат никаква поврзаност освен пронајдената ДНК.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur

Леле, фантомов е шоу. :D
Баш ме заинтересира и разгледав информации. Испаѓа дека цело време надлежните си правеле филмови, па дури и по гледачи оделе за да им помогнат да се открие идентитетот на фантомкава. Ја немало на никаква камера фатено, а е „виновна“ за над 40 злосторства.
Ја откриле пред некоја година. Тоа била една од жените задолжени за чисто пакување на стапчињата со кои се собирале ДНК материјалите. :nah :D
Така да, секаде каде што стапчињата од фабриката кај што работела женава биле користени, таа била осомничена.
Техничка грешка, не е таа крива, мајке ѝ. :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Outrider

Значи немало сериски убиец?
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Aristokrat, немало. Сите си биле различни злосторства кои мислам и до денес не се разоткриени поради лажната насока.
Само во 2011та било едно од убиствата разрешено, и тоа сосема случајно - откако фатиле трага на нео-нацисти одговорни за низа убиства.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Вчера гледав една емисија за белгискиот монструм.
Жртвите строго биле деца под 15 години. Ги киднапирал и чувал во подрум по пет месеци, ги силувал, а потоа ги убивал. За да избегне смртна казна, пуштил две девојчиња кои раскажуваа како им кажувал дека тој е уствари човек што е изнајмен да киднапира деца за да се изнудат пари од родителите, ама родителите кажувале дека не даваат пари и не им требаат децата назад, а наводниот главен ум што го изнајмувал му кажувал дека кога не се корисни најдобро да ги убие.
Со овие лаги изигравал спасител и изнудувал до некаде некаква доверба од наивните деца кои го гледале како единствен што им останал во животот.
На база на тоа потоа ги злоставувал, психички и физички ги измачувал, а потоа со секоја нова жртва и ги убивал.

Интересното беше што со неговото фаќање се појавиле гласини и сведоци за наводно постоење на синџир на педофили во Белгија, а уште поинтересно е тоа што сите сведоци
или преживеани од наводната банда веднаш по тоа починале под сомнителни околности, а биле над 20.
Монструмот бил пуштен после 10 год затвор, а наводното присуство на синџир педофили кои и наводно биле влијателни луѓе во земјата-никогаш не било докажано.
 
Feline

Истакнат Член
18 февруари 2014
15
12
113
Ме потсетивте вчера да го проверам овој "мојов". :zelen Си го следам со години уназад, дека чекаше казна од 85' ама починал лани.

Ричард Рамирез a.k.a The Night Stalker
Сериски убиец, силувач и крадец. Ги тероризирал прво жителите на Лос Анџелес а подоцна Сан Франциско. Користел широк спектар на ладни ( и топли :D) оружја (ножеви, мачете, пиштоли од 0,22 и 0,25 калибар, гуми железа, чекан и etc.).
Често го цртал пентаграмот, симболот на ѓаволот, на своето тело. Бил огромен фан на AC/DC, Highway to Hell му бил фаворит.
Јавно признал дека е сатанист и никогаш не изразил каење за неговите злосторства. Оставил зад себе 14 жртви.

richard-ramirez.jpg

Имаше една епизода на Criminal Minds за The Night Stalker, со овој Тим Кури во улога.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Фасцинантен случај кој просто плаче да биде екранизиран.
Во црнилото и лудилото на транзициона Русија, еден манијак се издвојува од другите со својата креативност, мистериозниот сериски убиец наречен `Карлик` (кепецот, џуџето) кој убива луѓе, обично вребал раја која оди на гробишта да положи цвеќе. Шта речи?
Промислен копикет на `славниот` серијаш Чикатило кој отепал 50+ луѓе во истата област неколку години пред тоа, кепецот пишува поезија која ја остава по гробишта, дава clues на полицијата и ординира со месеци. Чикатило е фатен, осуден и стрелан. Кепецот оди до таму што ја користи неговата шупа-викендица како пребивалиште бидејќи суеверните селани од околијата ја избегнуваат hence никој не би го барал таму.
Двајцата инспектори од ростовската област позната како област со најголема концентрација на сериски убијци било каде (!?) светски авторитети за серијаши кои го фатиле Чикатило се вклучуваат во игра за да го фатат и кепецот.

Се крие по напуштени гробови, се маскира, си игра криенка со истражните органи, се пронесуваат гласови дека `сатаната` (Чикатило) се вратил од оној свет.
На еден стих од една песна на манијакот се должи и насловот на документарната серија во која кепецот е само една од многуте језиви епизоди.

Совесть съедает остатки души?
Пусть доедает, а ты не шурши.
Если сожрать себя дала душа,
Значит, не стоит она ни шиша.

Я прошу тебя, мама, прости,
За всё, за слова непростые,
За то, что я сбился с пути,
И жил в Криминальной России.

Документарецот е во два дела. Ко воли нек изволи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Андреј Чикатило или познат како "Граѓанинот Икс" е руски сериски убиец роден 1936, убивал некаде од 1978 до 1990, кој бил одговорен граѓанин, член на комунистичката партија, учител, сопруг и татко на две деца, и исто така одговорен за свирепи и садистички убиства на 56 млади лица и деца. Убиствата сите до едно ги извршувал додека патувал на божемни деловни патувања, бирајќи си жртви на железничките и место на деловни состаноци ги мамел накај шумите каде ги силувал, пукал во нив, им го одгризувал јазикот, гениталиите, брадавиците, им ги распарувал стомаците, им ги корнел прстите, ноктите и на сите им ги вадел очите зошто, како што подоцна кажал, верувал дека полицијата во очите на жртвите може да го види лицето на убиецот.

Додека ги вршел сите овие садистички и болни чинови, жртвата во повеќето случаеви била сеуште жива, а Чикатило, кој иначе бил импотентен, својот врв го доживувал над телото на своите жртви, кога конечно ќе испуштеле душа, па над нив мастурбирал и ејакуирал над нивните мртви и распарани тела. Гениталиите и внатрешните органи кои Чикатило ги вадел од своите жртви, никогаш не биле пронајдени покрај телата или во нивна близина, па затоа и се препишува на тоа дека ги јадел. Меѓу жртвите, кои во најголем дел биле деца, имало и млади жени кои биле или со нарушено ментално здравје или тешки алкохоличарки кои за шише алкохол ги убедувал да дојдат со него во шумата.

После долгогодишни неуспеси за негово апсење од страна на руската полиција, а една од причините кои и денес се неразјаснати, после неколку негови убиства, Чикатило бил првиот и единствен осомничен, но ослободен од сомнежи, затоа што неговата крвна група и спермата не се совпаѓале со оние најдени во и на телата на жртвите.. Конечно, во операцијата Шума, за случајот со неговите убиства, многу години подоцна и со 56 жртви зад себе, во 1994 Чикатило е уапсен и осуден на смртна казна. Пукано му е во главата и тука завршува приказната за главниот лик кој бил инспирација за филмот што го гледав вчера јас, а моја инспирација за постов и истрагите што ги направив на гугл за подобро да се запознаам со Граѓанинот Икс.
Филм.
andrei%2Bchikatilo.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Outrider

Типов е легенда во сферата на сериските убиства, ако смеам да употребам малку сомнителна категоризација:)
Имал и копикет подоцна, максимално језив тип :ladno а фактот шо го пуштија бидејќи бил член на партијата (секоја сличност со денешниве состојби е случајна) е причина шо настрадаа уште којзнае колку деца...

А градот и областа (Ростов на Дон) биле чудно место, најмногу серијаши по глава на жител, мистерија сама по себе :eek

Синот на Чикатило после егзекуцијата на Андреј ја употребувал `славата` на татко му, за да заплаши раја ако должел нешто или сакал нешто да добие, вадел лична карта и им велел да прочитаат презиме :rofl ама не бил нешто посебно, ситен криминалец, шверцер ова она, не бил на татка си истеран...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and violetmoon

А делот кога бил пуштен зошто крвната група и спермата не се совпаѓале со тие на местата на неговите убиства?
На крајот од филмот пишуваше дека некоја позната руска форензичарка излегла со изјава дека постојат луѓе со различни крвни групи, ама била исмејана од колегите низ светот..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider