Сериски убијци (генерална дискусија)

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Прво накратко - што е тоа сериски убиец?

Што претставува сериски убиец е прашање отворено за интерпретација. Во САД, Конгресот го дефинира серискиот убиец како лице кое има убиено најмалку три или повеќе лица. По дефиниција, „периодот на изладување“ ги одделува убиствата, што прави тие да се случуваат по случаен избор или неповрзано. Жртвите, најчесто проститутки, бегалци или други ранливи популациони групи, ретко го познаваат својот убиец. Серискиот убиец најчесто има психолошки, а не материјални мотиви.
Разбирањето на тоа што се случува во умот на серискиот убиец е крајната цел на научниците кои специјализираат во криминалистичката психологија.

Често се јавува конфузија во врска со разликата помеѓу сериските и масовните убијци. Разликата е во временскиот интервал. Сериските убијци убиваат одреден број на луѓе во текот на неколку денови, месеци или години. Тоа не е еднократен настан. Обично, масовните убијци ги убиваат сите свои жртви на едно исто место.

Асоцијално нарушување на личноста vs. Психопатија
Асоцијалното нарушување на личноста (социопатија) или ASPD (Antisocial Personality Disorder) го објаснува однесувањето на повеќето сериски убијци. Психопатијата се опишува како потешка форма на ASDP. Психопатите ги имаат предходно спомнатите асоцијални симптоми, но исто така имаат и други карактеристики кои го отежнуваат дијагностицирањето и лекувањето. Главна карактеристика е недостатокот на каење или вина за своите постапки. Тие, исто така, имаат тенденција да бидат многу параноични и сомнежливи.

Класификација

Според класификацијата на ФБИ од 1974та година, сериските убијци се поделени на:
Организирани - Ги планираат своите напади во долги временски интервали, оставајќи простор истите да станат дел од моќната и обземачка ментална фантазија. Нивните жртви се внимателно одбрани, како резултат на следење со недели, па дури и месеци. Тие речиси никогаш не ги убиваат жртвите на местото каде што ги сретнале, па тоа ја отежнува потрагата по докази. Потоа, тие обично ја следат истрагата во медиумите.
Неорганизирани - За разлика од организираните, овие убијци немаат никакви однапред подготвени планови, туку дејствуваат инстинктивно. Нивните жртви немаат симболика за нив, туку се нашле во погрешно време и на погрешно место. Нивното оружје неретко може да биде она што прво ќе им дојде при рака, а не се ретки ни случаите каде од своите жртви земаат т.н. „сувенири“. Нивното неорганизирано однесување ја олеснува истрагата, но ги остава јавноста во страв поради непредвидливоста на нападите.
Мешани - Убијци кои пркосат на класификацијата. Можно е да убиваат повремено под дејство на дрога или алкохол, или имат методи поради кои нивните напади се подложни на прекини.

Класификацијата според Холмс и Холмс ги дели на:
Визионери - Убијци чии жртви немаат релација едни со други, туку се плод на испревртената имагинација т.е. визиите на убиецот, најчесто шизофреник, добиени од демони, ангели, ѓаволи или од Бога.
Мисионери - Убијци чија „мисија“ е да елиминираат одредени групи/класи на луѓе.
Хедонисти - За овие убијци, одземањето човечки живот е многу повеќе од исполнување мисија. Тие добиваат и сексуално задоволство при убивање.
Контролирачи - Убијци чија цел е да покажат моќ над жртвите и да ја контролираат ситуацијата до самата смрт на жртвата.

Модус операнди кај сериските убијци
Како и сите други, убиецот учи од искуство. Ако не го фатат веднаш, тој веројатно ќе го развие своето МО и ќе се подобри при вршењето на делото.
Можеби ќе најде полесен начин да убие некого, побрзо да извлече некого од автомобил итн.
Тој ќе почне да покажува се поголема контрола врз своите криминални дела.
Во основа, МО е начинот на кој убиецот го извршува делото - на пример, дали преферира нож или пиштол.
Иако МО ни кажува нешто за тоа како тој го извршил убиството, потписот ни дава увид во тоа зошто го извршил.

Уникатност на личноста (Потпис)
Потписот е ритуал, нешто што личноста го прави намерно заради емоционално задоволство - нешто што не е неопходно за да биде извршено убиството. Доказот за мачење е потпис. Местењето на жртвите во определена поза - тоа е потпис. Потписот е начин на кој се поврзуваат случаите.
Како и вистинскиот своерачен потпис, и овој потпис претставува детал кој е уникатен за личноста.
Понекогаш постои тенка линија помеѓу МО и потписот.

Што мислите дека е главниот тригер за нивните постапки? Каде е главната вина, во генетиката или средината?
Доколку сте запознаени со конкретни случаи на сериски убијци, споделете.
Иако најголемиот број се со ниско ниво на интелигенција, некои од нив биле генијални до перфекција, тука би ги вброила Тед Банди, Зодијак и Иан Брејди.
Дали можеби сте запознаени со вакви случаи во Македонија или Балканот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and existence

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
што е целта на темава?
дискусија за видовите сериски убијци и нивното проучување?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: monika88

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интересен феномен, иако самиот поим ако не се лажам е од поново време.
Треба да се споменат масовните убијци, кај кои немаме период на `ладење` и планирање на нови убиства туку се работи за еден напад во кој манијакот убива се додека може/не биде спречен/има муниција а кои луѓето ги мешаат со сериски убијци. Пример Лазе Радески, серискиот убиец од Охрид и некаков лик од Виница кој упаднал во тамошниот суд и убил 3 лица со пиштол пред 15-тина години.

Има и разлика во бројот на жртви. Од една страна е цифрата за која манијакот е осуден, а може да биде осуден само за една жртва иако убил повеќе, само со цел конечно да се прати во затвор, бројот на докажани жртви, бројот на жртви за кои манијакот признава дека ги убил но за кои судот не може да најде докази и жртви кои според начинот на делување се сметаат како жртви на манијакот.

Историски, некои сметаат дека сериски убиец со најмногу жртви била - жена :kafe Ержебет Батори, унгарска грофица со 650 жртви, иако ретко убивала сама, тоа за неа ја правеле неколку најверни слуги. Колку е мит а колку реалност никогаш нема да се дознае поради времето кое поминало од тогаш. Во Македонија тоа е веќе споменатиот Лазе со 6 жртви (осуден само за 3), иако постојат индиции дека наводниот сериски убиец од Кичево, Владо Танески е само жртвено јагне и дека убиецот сеуште убива...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Одамна ѝ се мислев на темава, па решив да ја поделам на два дела и да го извлечам најсуштинското од нив, зашто искрено, беше предолга за читање и самиот вовед веќе имаше одговорено многу можни прашања кои би предизвикале дискусија.
Поради тоа, темава ја направив генерална дискусија за сериски убијци, нивните мотиви и дејствувања, а неколку објаснувања во воведот од авторката ги претворив во прашања кои самите ќе треба да ги дискутираме.
Делот со профилирањето како метод го префрлив во нова тема која може да ја најдете тука.

Нејсе, лично ми е занимлив случајот со серискиот убиец Зодијак за кој се снимени и неколку филмови и документарци.

Се работи за личност за која се смета дека извршила над 40 убиства во период од 10ина месеци т.е. од декември 1968 до октомври 1969 година.
Само две од неговите жртви ги преживеале убиствата и успеале да дадат каков-таков опис на убиецот.
Зошто баш Зодијак? Затоа што е еден од оние психопати кои се инспирација за тешки, криминални, психолошки трилери. За жал, бил инспирација и на други лабилни умови (од кои едниот бил дете) кои се обиделе да го копираат, но среќа во несреќа е што истите брзо ги стигнала правдата.
Самиот има признаено за 37 убиства на полицијата, но неговите признанија се земени со доза резерва.
Според познатите податоци, би го сместила во мешан контролирач.
Тој е личност која првично имала на тапет парови на позапуштени места, но со секое ново убиство, добивал поголема моќ, па започнал со рандом убиства, дури и на повидливи места. Ситуацијата секогаш ја држел под контрола вперувајќи пиштол во жртвите, при што им наредувал каде и како да се помрднат, но не секогаш ги застрелувал, некои од жртвите биле прободувани и со нож.

Најзанимливо за него е што праќал шифрирани писма до полицијата, но од вкупно 4, само едно е целосно дешифрирано.
Во едно од тие писма го напишал и своето име, но, за жал, писмото не успеале да го дешифрираат ниту најстручните лица.
Главните осомничени кои е можно да стојат/стоеле зад овој идентитет се Рик Маршал и Артур Ален.
За заинтересираните, ова се скечот од неговиот наводен изглед и препознатливиот потпис на едно од писмата.
ht_zodiac_sketch_100105_mn.jpg
article-2144527-1317D413000005DC-851_306x300.jpg
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
И јас одамна и се мислам на темава, а богами и на филмов .
Не знам дали сум кажала, ама на вакви теми обожавам да дискутирам и истражувам. Психологијата на еден нормален човечки ум не ме фасцинира ни привлекува нешто посебно, да не речам ич, колку што обратно ме копка за умот на еден сериски убиец во случајов...
Пошто е касно, ќе искоментирам само за еден, за кого гледав некој документарец на тв пред некое време. Т.е беше дел од најзлоогласените сериски убијци на светот. Пошто верувам дека е помалце познат, ќе ви раскажам на кратко за него, а ветувам дека на темава ќе ме има често!

Убиецот со црни вреќи
0crnivreki.jpg

Тоа што баш него го запаметив од листата со над 20 сериски убијци е тоа што човеков -Патрик В. Керни имал интелигенција од 180, а неговите жртви биле строго хомосексуалци. Убивал од омраза, и убил и над 30 луѓе. Телата ги ставал во црни вреќи (од таму го добил и името) и ги фрлал по автопатите низ Калифорнија.
Избегнал смртна казна поради тоа што ги признал убиствата, и бил осуден на доживотен затвор.

Пошто често ја следам и ИД, на која дел од емисиите се баш за сериски убијци, се запознав со злосторствата на многу од нив, како анѓелот на смртта-медицинско лице кое одлучувало кога на кој пациент му е време да го напушти овој свет и глумејќи Бог, во смрт испратил 40 пациенти, тандемот осамени срца, кои жртвите си ги барале прегу лични огласи, за потоа да ги убиваат со задушување или давење. Убиле 20 жени. Луис Гаравито, еден од сериските убијци со најголем број на жртви, ако не и оној со најмногу. Убил дури 300 жртви, сите деца....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
др.Харолд Шипман англиски лекар познат како доктор Смрт, ординирал меѓу 1971 и 1998 и убил меѓу 250 и 459 луѓе. Повеќето поради материјална корист, некои бидејќи го нервирале... работел чисто, без галама, без крвишта, црева и моторни пили, без страдање на жртвите на кои им вбризгувал диаморфин (медицински хероин) и така ги испраќал на оној свет со насмевка. Досаден, незабележлив и low profile kind of character со што може да се објасни долгата `кариера` и бројот на убиства.

In total, 459 people died while under his care, but it is uncertain how many of those were Shipman's victims, as he was often the only doctor to certify a death

Мислам дека типот е идеален како идол на македонските медицински работници, рол модел... да го поживееше госпот уште малку ќе станеше почесен член на медицинската академија во Скопје. Бил осуден на доживотна во 2000 и се обесил во ќелијата на затворот во 2004 без особена медиумска галама...
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Вера Ренци и нејзиниот музеј на смртта.

1332534812_9.jpg


Уште еден сериски убиец кој ме заинтересирал. И тоа жена.

Родена 1903, нормална (навидум), убава жена која била придружничка на постари мажи.
Во текот на животот, два пати била во брак. И двата сопрузи мистериозно исчезнале. Од првиот брак го родила и своето единствено дете - синот Лоренцо.
Како жена која често ги менувала партнерите, имала и многу сопернички и непријателки, а една од нив ја пријавила за ситни престапи, а по тој повод полицијата во нејзиниот дом сосема случајно пронашла 32 ковчези со 32 леша на мажи пред распаѓање, а еден од нив бил и нејзиниот син Лоренцо.
Осудена на доживотен затвор.

Ова како ми текнуваат ги пишувам, од што сум гледала, а сум гледала многу документарци и емисии за сериски убијци.
Па кога ќе се сетам на друг, ќе наминам пак. :zelen
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Вера Ренци и нејзиниот музеј на смртта.

1332534812_9.jpg


Уште еден сериски убиец кој ме заинтересирал. И тоа жена.

Родена 1903, нормална (навидум), убава жена која била придружничка на постари мажи.
Во текот на животот, два пати била во брак. И двата сопрузи мистериозно исчезнале. Од првиот брак го родила и своето единствено дете - синот Лоренцо.
Како жена која често ги менувала партнерите, имала и многу сопернички и непријателки, а една од нив ја пријавила за ситни престапи, а по тој повод полицијата во нејзинито дом сосема случајно пронашла 32 ковчези со 32 леша на мажи пред распаѓање, а еден од нив бил и нејзиниот син Лоренцо.
Осудена на доживотен затвор.

Ова како ми текнуваат ги пишувам, од што сум гледала, а сум гледала многу документарци и емисии за сериски убијци.
Па кога ќе се сетам на друг, ќе наминам пак. :zelen


Имав една книга за екс-ју криминалци во пдф, ја имаше и оваа, убивала и во бивша-бивша-југа (краљевината) само што таму пишуваше дека мажите ги чувала во буриња со алкохол или формалин беше не сум сигурен, во некаков подрум и дека ја откриле поради шо не платила на доставувачот на буриња...:ladno

Сепак спрема оваа делува прилично наивно (worried) : Амелија Даер, викторијанскиот ангел на смртта, најмалку 400 убиства, стриктно деца.
http://www.dailymail.co.uk/news/art...ictorian-angel-death-murdered-400-babies.html

ameliadyer.jpg


Кој поглед, која лепота, која харизма...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ее, лепојкава Даер е типичен примерок на мисионерка, а тие ми се најболни некако.
За визионерине барем апла е докажано дека се делузионални и претежно со некоја ментална болест, но овие што делуваат нормални, дури и спасувачки настроени, се најстрашните кога ќе се поврзат конците. На оваа лицето ќе ѝ го простиме, речиси сите од тој период имале таква лепота.

Од визионери, еве ви едно бате со јака визија и желба да стане магионичар...
Ахмад Сураџи од Индонезија.
ahmad-suradji-1.jpg

Не дека сликава е со екстра квалитет, ама сте приметиле ли како на многу им се исти очите? Пропаднати подочници и заледен, намуртен и изгубен поглед. :ladno
Е, на лепотанов му се сонил духот на татко му кој му кажал да убива за да добие магионичарски моќи. Наводно, требало да убие поголем број жени и да пие од нивната плунка за да добие моќ. Ги имаше некаде опишано целосно ритуалите. Памтам ги копал во двор до глава или до пола, секогаш свртени накај куќата која ја чувал со отворени прозори за да влегувала енергијата. Жртвите биле претежно жени кои иделе кај него за некакви тревки за убавина, но имало и дечиња од кои најмалото имало 10-11 години. Ги убивал така што ги давел полузакопани, а неговите три жени ја собирале плунката од жртвиве дури се бореле за здив, за потоа батецов да ја пие. (puke)
Бил осуден на смртна казна и стрелан во 2008.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Хоуп*