Сентименталци

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Секогаш сум била алергична на накитени прози. Во секоја дискусија сум била поборник за кратки, но доследни реченици. Тоа е така зашто кога ќе се изустат речениците директно и штедно, се добива силен впечаток за ставот на соговорникот и недостасување на "чистилиште" во иднина. Розево е до оној момент, кога истите ќе преминат во грубо и нападно творење, груба проценка на животни случувања и по автоматизам стануваат одбивни и одвишни, подеднакво исто кога ќе видите грда убавина.

Овие сентименталци "ги љубам!" Од длабочината на срцето, морето, шупакот! Овие сентименталци се оние луѓе кои секогаш имаат приоритети, наместо принципи. Нивното животно мото е шансата. Нова шанса за нив е како за поп нов погреб. Се чудите за споредбата? Немојте, сличноста постои.
Зборам за двајца тезгари чиј профит е загарантиран во моментот кога шансата ќе ја добие оној со најдобра врска, отколку оној што ја заслужува. Па така попот ќе ви пее преку ред, со закажување, а парцела ќе добиете со погласно шушкање во џебот. Дoдека вистинскиот кандидат за истото - Мире од Брезница нема да заслужи, иако сиот свој живот го посветил на литургии, три пати оче наш и трагично завршил потпалувајќи се со кандило за време на миса.
Не сум слушнала за ваков случај, се работи за производ на мојата машта, но ако навистина постои, искрено сочуство до најблиските.

Кога веќе Мире го резгледавме, закопавме и испративме на оној свет во оваа колумна, да се навратам на првите. Освен што се тезгари, тоа се и луѓе чие животно игралиште е поттикнато од здодевноста, со цел истата да се елиминира. Тоа се оние луѓе кои ќе ги сретнете во канцеларии исполнети со мирис на пот и тутун, понекогаш на колонска вода, а поново и на Air wick освежувач. Удобно се сместени во своја фотеља, процедувајќи директни наредби низ заби, врз кои обичнот човек во себе се истура од пцуење штом напушта праг, зашто е свесен за нивна необрабока на работниот ден.
Но хеј тоа е одлика на капитализмот, бидејќи сите останати луѓе со заглавени заби во социјализмот, потајно се тешат дека всушност времето ги нагризува нив, времето е виновно за менување на принципи, душа и став, па така почнаа да стануваат "сентименталци".
Масовно стануваат апатични плукачи на нешта што заслужуваат фин и коректен приод, а издигнуваат на пиедестал бесцелни нешта за кои не постои нов ден, не постои иднина, не постои бре практичност. Масовно се шири хистерија за материјални нешта и хаце фаци на кои заслепеноста не им дава да погледнат подалеку од папокот. Времето "донесе" мода за отапеност на позитивни чувства, рамнодушност, безволие, незаинтересираност за човечен однос.
Знаете, сите тие би ги ставила до еден во иста парцела, без натписи, прилози, некролози и остали дренгулии. И не, нема да бидам џелат ниту поп, туку извршител на последната човечност што ги одминува последните ЛУЃЕ.