1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Сенки

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од FallenAngel, 19 декември 2012.

  1. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    398
    Пред некоја ноќ на мојот прозор кој е на втори спрат видов како некоја црна сенка да помина. Сношти слушнав тропање во 3 ритмичен такт пе траеше 4 часа. Ме излуде бидејќи знам дека бев сама дома и станав да видам што е. Откако ја запалив струјата ни трага ни глас. Дали ви се имаат вакви сенки и звукови случувано навечер? Некои велат дека демек предходните што живееле во таа кука и умреле им се враќа духот и душата. Понекогаш гледам и отпечатоци од дланки на мојот прозор. Во последно време се плашам многу. Дали е тоа нормално или не? Ваши искуства.
     
    На __Fenix__ и Mony ~ им се допаѓа ова.
  2. Magnolya

    Magnolya Истакнат Член

    Зачленет на:
    25 ноември 2012
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    44
    А не си сигурна да не си слушала како капат стреите? Или илузија на видот? Не верувам ни најмалку во такви работи.
     
    На Аркантос, parvati и LoveDealer им се допаѓа ова.
  3. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    398
    Не. Не сум. Ова не е прв пат.
     
  4. МериСелест

    МериСелест Староседелец

    Зачленет на:
    24 април 2012
    Мислења:
    2,007
    Допаѓања:
    3,214
    Се е до психата.Арно има кажано некој:Од глаата си патиме.
     
    На ●Untouchable°, V00J., Kisserboy и уште 4 други им се допаѓа ова.
  5. Рушен

    Рушен Активен Член

    Зачленет на:
    22 октомври 2012
    Мислења:
    181
    Допаѓања:
    124
    Ова е до психата. Секоја вечер спијам во мојата соба и вратата е отворена и ми свети струја од ходник. Секоја вечер пред да легнам нешто ме тера да погледнам во вратат, на прозоред и под креветот, незнам што но доколку не проверам чудни работи ми се случуваат.

    Исто е и кај тебе, тоа е до психата.
     
  6. cakar_ulav

    cakar_ulav Староседелец

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    1,566
    Допаѓања:
    1,926
    Ми се има случено....слушав тропање на комшијата на кров кога си идев по скратен пат...
    а ни куче ни мачка имаше пошто застанав да видам ништо такво немаше,потоа р’жење како куче под терасата
    а куче кај мене во двор не стапнало никогаш....мислев дека ме следат демони ( читав некои слични статии и демек демони те гонат )....али сватив дека е до психата :)
    опушти се пушти си музика и мисли на друго ке видиш дека нема да ти се повторува тоа :)
     
    На __Fenix__ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. МиГ 21

    МиГ 21 Староседелец

    Зачленет на:
    12 ноември 2012
    Мислења:
    1,250
    Допаѓања:
    2,453
    И комшиите така слушале тропкања, па камчиња по ѓерамиди и овие уплав ( „вапири“ , духови не знам што ) и сабајлето кога излегле надвор, дрвата ги нема:frantic :D
     
    На KodaR, Kisserboy и S.B. им се допаѓа ова.
  8. cakar_ulav

    cakar_ulav Староседелец

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    1,566
    Допаѓања:
    1,926
    океј значи ми се има десено си кажувам тоа што го доживеав :)
    на кој му се верува нека верува на кој не негово право нели
    за твоите комшии...по шо знам можеби имало и дух...од кај знаеш....
    такада....само сакам да му помогнам да девојчето...дека е до психата...а не да се заебавам на туѓ проблем :)
     
  9. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,044
    Допаѓања:
    6,652
    Пошто не верувам во овие работи, можам само да кажам дека обично такви звуци и сенки се јавуваат ко последица на стара инсталација и/или вентилација. Кај вујко ми во една соба се слушаше слабо пукање ко од ѕидот да иде, а кога ќе пуштеше светло - го снемуваше, па на крај испадна дека не биле жичките во штекерот убаво наместени.
    Да се навратам на горното. Има испитувања дека при одредено струење на воздух се ствара инфра звук (нормално, ко таков е нечуен за човечкото уво) кој предизвикува непријатност т.е. тоа е она језиво чувство ко да има уште некој во собата. Мислам дека стануваше збор за фреквенција од 18 херци некаде, а таа јачина е позната како опсег на паника. Дури тестирано е и врз луѓе во театар и речиси сите изјавиле дека во одреден момент се осетиле непријатно. Имаше и еден што тестирал дека кога вентилаторот ќе го поставел на одредено место, кај што „владеела“ таа фреквенција, на ѕидот ко да гледал сенки, а кога ќе го поместел, немало ништо.
    Исто каде што има и лим поставено, може да дојде до непријатни вибрации т.е. тоа се оние „дух“ звуци. Затоа таквите сенки најчесто се појавувале по подруми, на праг, на ѕид т.е. онаму кај што има блокада која го спречува нормалното струење.
     
    На __Fenix__ и cakar_ulav им се допаѓа ова.
  10. S.B.

    S.B. Активен Член

    Зачленет на:
    3 декември 2012
    Мислења:
    73
    Допаѓања:
    141
    Сенката на прозорецот може да биде како последица од вистинска сенка, доклолку има некоја улична сијалица на бандера во близина или некоја од соседите куќи има запалено сијалица кога ќе прелета некоја птица рамно пред сијалицата ја покрива светлината се создава сенка на прозорецот изгледа како да поминува нешто темно, а тоа со ритмичкото тропање и мене ми се има случено, една вечер касно излегов на тераса да запалам цигара и додека стоев на терасата слушнав нешто почна да тропа и па почнав да го анализирам звукот и да си претпоставувам од што можи да биди предизвикан и баш самата помисла дека звукот беше правилно ритмичен уште толку ме плашеше, па си реков шо сака нека биди ќе ѕирнам да видам што е па видов неколку врапчина како бркаат бубачки по герамидите од покривот на соседната куќа. А и да се до психата, некогаш кога че ми текни од шо се сум се испашил а излегувало дека е некој глушец или некоја поголема бубачка дури сам си под насмевнувам. Ма не се плаши само пушти си музика ... уживај и спијај мирно.
     
    На __Fenix__ му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: