Сенката

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Еден од „најегзотичните" архетипи во Јунговата психологија е Сенката. Аспектот на Сенката се однесува понекогаш и на целото несвесно, но обично се прифаќа дека таа е оној дел од егото кој тоа не сака да го прифати кај себе.

Сенката е уште наречена и негативно Его а големи се сличностите и со она што Фројд го нарекува Ид. Таа ги претставува сите наши неприфатени, презрени и потиснати особини. Живее длабоко скриена во нашиот потсвесен ум, сигурна од нашите судови. Сенката е нашата „темна страна". Кај неа се манифестираат сите оние негирани емоции и нагони кои сме посакале да ги нема. На пример, ако сме сексуално срамежливи, во сенката се манифестираат, или што би се рекло се „повампируваат" сите наши скриени фантазии. Ако инсистираме пред другите секогаш да се прикажуваме како добри и полни со љубов, сенката ќе ја изрази нашата друга страна која може да излезе дури и на површина со сосема спротивно однесување.

Таа е себство кое се базира на емоциите, и за него имаме чувство како да ни се лизга од раце и е тешко да го зграпчиме. Во неговата основа се стравот, драматичноста и компетитивноста. Способно е целосно да ни ги уништува врските ако не биде припитомено.

Сенката си има своја света цел при нашата трансформација да не потсетува на недовршените емоционални работи кои сме се обиделе да ги прескокнеме или оставиме зад нас. Јунг дури го нарекол и „нашиот спаринг партнер", противник кој ги открива на виделина нашите маани и ни ги изострува вештините.

Кога и да потиснеме некоја емоција, или да се обидеме да негираме нешто, како на пример да се преправаме дека некоја навреда не не боли, или се обидуваме да ги убедиме другите дека немаме проблем со алкохолот а на сите им е јасно дека сме алкохоличар, се што постигнуваме е овие репресирани емоции или неразрешени прашања во нашиот живот е да ги сместиме во подземјето на нашиот потсвесен ум. Со оглед дека е потребно многу енергија за да ги потиснеме овие неприфатливи чувства за нас, Сенката по некое време ќе избие на површина и ќе не „проголта" или пак на било кој друг начин ќе го извлече потиснатото нешто на површина. Сенката е нашиот будител, во текот на времето таа ќе ги извлече од „прогонство" сите наши несвесни неразрешени прашања.

Сенката се разлева или ослабнува кога ќе ја прифатиме. Сеуште може да варираме од позитивна во негативна состојба, но ќе си ги направиме нашите животи поподносливи и поуправливи затоа што екстремите ќе исчезнат. Кога сенката ќе се покаже себеси, ќе знаеме дека дошло време да ја чуеме пораката која ни ја носи, наместо да реагираме импулсивно. Мора да видиме и да сфатиме дека и сенката може да биде наш пријател.

Сенката треба да ја прифатиме како наш свесен придружник кој ни носи симболи, или ако сакате, ни презентира симптоми на нешто. Таа е оној најстрасен одговор на нештата во животот, она што со полно срце се доживува, плодна почва која му дозволува на страдањето да се развие и целосно навлезе во сржта на она што значи да се биде човек.

Таа е првиот архетип кој го среќаваме на пат кон целовитоста, првиот кој станува реален за нас. Можеби заради неговото „лошо однесување" едноставно приморани сме да го забележиме. Јунг сметал дека си ја среќаваме Сенката одејќи кон една тесна врата, низ која многумина воопшто не би сакале да влезат. Но, невозможно е да се избегне ова, затоа што се додека не се пристапи кон Сенката, не се изнесе на виделина и прифати со љубов и прошка, не се интегрира, таа од позадина ќе го управува нашиот живот, или поточно, уништува нашиот живот.

Сенката ги извртува меѓучовечките релации кои ги имаме преку такви начини кои не држат во неизвесност и нејаснотија, па стануваме жртви на нашите ексцеси и зависности. Нашите обрасци на козависно однесување обично произлегуваат од стравовите на Сенката и нејзините илузии како треба да се сака и да се биде сакан, па се додека не ги направиме свесни (да си ги признаеме и да ги сфатиме), нашето однесување ќе биде манипулативно, полно со драматизирања и „изведувања" или пак слични однесувања на козависност или созависност кои ќе се манифестираат преку ова негативно, непрочистено его.

Според Јунгистите, во внатрешната психичка реалност архетипот на Сенката е симбол за аспект на себството. Кога не можеме да пронајдеме начин да се справуваме со нашата Сенка преку соништа или друг начин, таа станува симптом во нашиот надворешен свет.

Се додека не стане свесна, Сенката не предизвикува да создаваме емоционални експлозии налик на катастрофи или да експлодираме во емоционализам. Стои на прагот на несвесното подготвена да ни ја покаже страната од нас за која затвараме очи и не сакаме да ја видиме. Она што мораме да го научиме во однос на Сенката е дека мора да ја прифатиме таква каква што е, без да се обидуваме да ја придобиеме или победиме. Таа всушност може да ни биде учител и пријател. Честопати избегнуваме да ги чуеме сугестиите на пријателите, па за да се здобие со нашето внимание таа понекогаш драматично „искрснува" за да не потсети на своето постоење.

Сенката е емоционална во својата природа, не е материјален објект или личност која може конкретно да ја запознаеме. Честопати е направена од нашите агресивни и сексуални пориви и не предизвикува на екстремности покажувајќи ни го „дивиот" аспект на нашата човечко-анимална природа. Со оглед на тоа што гневот или бесот и сексуалните желби се два аспекти на човечката природа со кои си имаме најмногу проблеми при интегрирањето со другите во нашата личност и социјалното опкружување и им пристапуваме со најмалку респект, токму тие се и најчесто аспектите кои оперираат преку орудијата на сенката.

Облиците во кои се претвора Сенката се алчност, завист, љубомора, мрза, нагласени амбиции, агресија и слични „мачни и мрачни духови". Ако ја игнорираме Сенката, исто како да сме им отвориле врата и сме им дозволиле на негативните сили како гневот, зависта, сладострастието или малодушноста да влезат и завладеат со нас. Во дамнешни времиња, сите овие биле познати како демони и врагови, лоши духови кои не обземаат.

Една од карактеристиките на Сенката е таа што ако ја негираме, се мултиплицира, и се зголемува нејзината моќ. Ако пак наместо тоа, се решиме да ја интегрираме, се здобиваме со стабилност и проширување на свеста, губејќи го притоа едностраниот аспект на самобендисана безгрешност и „бела" слика за себеси и пред другите, па стануваме флексибилни наместо дефанзивни и ригидни. Ако вашата Сенка ви изгледа тешка за прифаќање или имате проблеми да ја осознаете и лоцирате, тогаш веројатно од помош ќе ви биде некој терапевт, но само таков кој многу добро и целосно ги познава овие процеси.


Јунг вели: „Секој од нас носи Сенка во себе, и што помалку е отелотворена во свесниот живот на индивидуата, толку е потемна и погуста. Во секој случај, создава несвесна пречка која ги осуетува и нашите најдобри намери".

Вашето Свесно Себство може да ја припитоми сенката, онаа темна, несакана, неизживена страна на вашата природа. Сенката е конгломерат на особини кои им ги припишувате и сакате да ги наоѓате кај другите но никогаш, се разбира, кај себеси. Се состои од делови од вашата психа кои биле оштетени или не созреале и од кои се срамите. Овие делови од себе не сте ги прифатиле. Вашата психа изградила одбранбени механизми со чија помош ве брани од осознавање она овие аспекти на вашата природа.


Но, ова не значи дека тие исчезнале. Како што рековме, кога ќе се негира, сенката се зајакнува во тој затвор на потиснување во кој сте ја сместиле во потсвесниот ум. Оваа матна страна на вашата природа, обично во форма на агресивност, злоба, хистерија или забранети сексуални посакувања, се крие веднаш под површината на вашата свест. Се манифестира секогаш кога ќе ве фати неподготвени, кога не сте наспани или сте гладни, кога сте под стрес или се чувствувате исфрустрирано и беспомошно. Во вакви ситуации, може да избувне од вас и преку неконтролирана прекумерна реакција да ве усрами. Запаметете, што повеќе ја негирате, толку посилна станува. Како во експресен лонец, вашата сенка се набива со сите угушени чувства кои ги негирате или кои премногу ве засрамуваат за да ги извадите на виделина и истражите.


Вашата сенка е антитеза на вашите креативни процеси. Таа е и спаринг партнер кој го прави вашиот живот возбудлив. Ве присилува да го тргнете плевелот од устројството на вашата личност преку покажување на она што сакате да го изигнорирате. Нејзината света функција е да ве присили кон справување со вашата темна страна така што енергијата ќе се ослободи и распореди на адекватен начин. Кога тоа ќе го направите, ве благословува со својот духовен подарок, ја ослободува вашата животна енергија. Учејќи како да се справуваме со нашите вистински чувства во безбедна средина, гледајќи ги и анализирајќи ги како функционираат, ние смогнуваме сила да си простиме себеси и на другите и учиме како да ги прифаќаме работите. Тоа е процес кој се повторува и може да потрае долго време, се додека нашите енергии не се устројат во рамнотежа од која понатаму целисходно може да се искористат. Овој процес се вика интеграција на Сенката.

За да претставуваме заокружена целина како личност, мора да ја поместиме нашата Сенка во свесното без оглед на нашиот страв и свесната желба за одбивање на таквото нешто, затоа што ако не го сториме тоа вечно ќе бидеме во нејзина милост и немилост. За заздравување од речиси секоја психичка болка, најпрвин потребно е, а некогаш и доволно, да ја извадиме сенката на површина и ја прифатиме онаква каква што е. Така извадена, иако може навидум да изгледа парадоксално, таа веќе ќе нема потреба од драматични испади, иако може да ви создава неприлики од време на време. Сепак, сенката секогаш ќе биде вашата темна страна.

Би ме интересирале мислења/искуства околу горенапишаното.

image.jpg

Превземено од нет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не се согласувам со мислењето дека секогаш сенката ќе биде нашата темна страна, повеќе би ја дефинирала како наш идентитет,наше минато , континуитет на се што сме работеле, се што сме акумулирале, цела карма, сите желби, сонови, сите маки, рани, задоволства.Сенката е околу нас а ние сме во нејзиниот центар.Мислам дека сенката заедно со нашата свесност раководат со принципот на реалност, творци и креатори на стилот и начинот на живеење.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не се согласувам со мислењето дека секогаш сенката ќе биде нашата темна страна, повеќе би ја дефинирала како наш идентитет,наше минато , континуитет на се што сме работеле, се што сме акумулирале, цела карма, сите желби, сонови, сите маки, рани, задоволства.Сенката е околу нас а ние сме во нејзиниот центар.Мислам дека сенката заедно со нашата свесност раководат со принципот на реалност, творци и креатори на стилот и начинот на живеење.
Чинам ја мешаш "сенката" со подсвеста.
Сенката е само дел од подсвеста во кои се меморирани сите да речеме неубави емоции,потиснати желби итн.
Сето она да речеме "ѓубре" од нас кое од Х причини не сме сакале да го прифатиме.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Чинам ја мешаш "сенката" со подсвеста.
Сенката е само дел од подсвеста во кои се меморирани сите да речеме неубави емоции,потиснати желби итн.
Сето она да речеме "ѓубре" од нас кое од Х причини не сме сакале да го прифатиме.
Можно е да ја мешам или некако не ми оди во глава но тогаш кај се сместени тогаш сите убави работи?
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Можно е да ја мешам или некако не ми оди во глава но тогаш кај се сместени тогаш сите убави работи?
Во срцето најверојатно :) се зезам.
Чинам исто во подсвеста,но не во сенката.
Сенката колку што разбрав ги сноси сите потиснати нешта од кои се срамиме,бегаме,се плашиме,сето она со кое не сакаме да се соочиме.
Убавите нешта најчесто не се потиснати.На убавото му дозволуваме да дојде до израз,така да не е потиснато и нема потреба да избива од нас.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Во срцето најверојатно :) се зезам.
Чинам исто во подсвеста,но не во сенката.
Сенката колку што разбрав ги сноси сите потиснати нешта од кои се срамиме,бегаме,се плашиме,сето она со кое не сакаме да се соочиме.
Убавите нешта најчесто не се потиснати.На убавото му дозволуваме да дојде до израз,така да не е потиснато и нема потреба да избива од нас.
Па мислам дека не бев далеку во размислувањето кога реков дека сенката е сето тоа акумулирано од нашите збиднувања, ке излезе сега дека тоа се фрустрации....Сенката е негативното его а постојат уште две, позитивно и незнам третото его како го викаат психолозите.....сите тие три ега вршат внатрешна комуникација во човекот, е сега разумот која комуникација ке ја одбере толку и сенката ќе биде сенка,потемна или посветла(не ме бива нешто ова да го изанализирам).
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Морам да признам дека ми го скина филмот со тоа на крај „превземено од интернет“. Мислев дека сето тоа е твое добро познавање за Јунговите архетипови.
Фројдовиот Ид, е поврзано со несвесната основа на психата, со која што неминовно владеат нашите животински инстинкти. Тој, пример, смета дека новороденчето, потполно е детерминирано од Ид, затоа што се следи само со своите инстинкти и потреби.
Има интересна метафора за тоа, кажана од Фројд. За да ја напишам прво ќе објаснам што значи и Его, но и Супер - его.
Егото е свеста за себе, односно самосвеста што ни дозволува да се разликуваме од другите, тоа прави разлика помеѓу субјективните потреби и барањата на надворешниот свет, па на некој начин му доаѓа како цензура на Ид-от. А супер - егото, накратко е потполна цензура и на егото и на идот, тука му доаѓаат авторитетите од типот на родителите во раниот развој на личноста и слично.
Е сега, метафората што ја кажува Фројд е следна: Господарот(Супер-егото) му налага на Свесното (Его) кое може да се претстави како јавач на коњ, да заузда див коњ(Ид), но тој само навидум успева го зауздува, бидејќи коњот сепак ќе го одвете јавачот во насоката во која тој сака да оди.
Накратко. Целото општество да се сврти против твоите желби, твојот разум да ти кажува „не, не го прави тоа“, ако твоето Ид, ужасно сака да избие на површината, ќе избие, па ако сакаш ти три рала челични окови постави му.
Е сега, како Јунг, си ја објаснува својата теорија за Сенката. Уште од најмлади години, во семејството, родителите на детето му кажуваат што чини, а што не чини да прави. На тој начин, добрите особини му ги зацврстуваат, а лошите, привидно ги отфрлаат и ги ставаат во потсвеста, а тој дел од потсвеста Јунг си го нарекува алтер-его на личноста, накратко СЕНКА.
Многу психоаналитичари тврдат дека, ваквото негирање на нашите потреби, создаваат трајни последици на личноста. Накратко, содржините на сенката кои се одвоени од его-идентитетот, обично се поврзани со чувството на вина, но тие сепак имаат тенденција повторно да се вратат во свесното, а тоа несомнено предизвикува анксиознот и немир. Токму затоа, целта на психоанализата е да ја повика сенката назад во свеста, и да процени дали таа може повторно да се интегрираат во личноста, а доколку некои нејзини делови успешно се интегрираат, човекот се чувствува како одново роден, затоа што егото се проширува, а воедно се ослободува и енергијата потреба за тие импулси да се потиснуваат во „сенката“.
Нашиот „темен брат“ секогаш е тука во нас. Она интересно кажување, дека на едното рамо носиме ангелче, на другото ѓаволче, и тие цело време се наши советници... епа, едното е егото, другото е идот, или сенката.

Кое е моето искуство со ова? ...многу често му дозволувам на Идот, односно на сенката, да ми го сјебе животот, затоа што веројатно моето Его, не е доволно развиено, па ми прави проблеми :)
Запаѓаш во бездна, некако успеваш да испливаш... знаеш какви проблеми ти создало тоа што си ги следел инстиктите, а не разумот и оп, ајде назад истата желба, бидејќи сенката тоа ми го налага. Мазохист по природа :)
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Течко мене или на тие околу мене, јас испаднав садист(worried)
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Мене проблемот ми е обратен. Премногу сум свесна за својата сенка и премногу сум свесна дека не треба да ја потиснувам и затоа понекогаш таа се губи во моментите кога ми е најмногу потребна. Поради тоа ретко успевам да се опуштам во уживањата, понекогаш без делувањето на сенката задоволствата не се подполни. Тоа што мојата сенка се помалку станува сенка, туку излегува на виделина, се повеке ми ја одзема креативноста. Понекогаш очајно ми е потребна онаа мрачна фантазија која ме плашеше некогаш и сакам да ме обземе повторно, но се почесто ми се чини дека веќе ништо од моите мисли не може да ме изненади и возбуди, се е некако како веќе одамна видено...
Не велам дека подобро ми било во моментите кога потиснатите емоции вриеле и ме гушеле секојдневно и не велам дека сега немам потиснати емоции (да не бидам погрешно разберена)