Сексот и животните

Статус
Затворена за нови мислења.

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Каков секс имаат животните? Кој има најголем полов орган? Кои животни се најромантични? Прочитајте неколку интересни факти кои може ке ве изненадат и вас.

Женската црна вдовица го јаде својот партнер за време на сексот.
Пенисот на носорогот е долг 60см. Тоа не е ништо во споредба со коалите, игуаните и комодо гуштерите кои имаат по 2 пениса. А, и тоа е занемарливо кога ќе дознаете дека синиот кит има тестиси колку Фолксваген Буба.
Оргазмот на свињите трае 30 минути. Но, затоа кутриот пингвин одвојува за секс само 3 минути годишно.
Најненаситни цицачи се шимпанзата кои се задоволуваат меѓусебно на најразлични начини. Забележано е дека женките во некои периоди имаат односи и по 20 пати на ден. Прав рекордер е пустинскиот стаорец кој е во состојба да се пари и по 120 пати на час.
Сексот на куните трае 8 часа. Комарците го прават тоа само 2 секунди.
Погодете кој го прави тоа најбавно? Па кој друг ако не желките! Прво со часови се влечкаат и успорено климаат со главите. Потоа мажјакот ја зема главата на женката во својата уста. Предиграта уште не е готова- следи лижење на женските стопала и дури потоа започнува најдосадното парење на светот.
Снаодливите октоподи спермата ја внесуваат во женскиот репродуктивен орган со помош на краците, а нивните полови органи никогаш не се допираат.
скорпиите? Мажјакот со клештите ја зграпчува женката, испушта сперматозоиди на земјата и потоа ја влече женката по подот за да дојдат нејзините репродуктивни органи во контакт со течноста.
Меѓу најнежните љубовници на светот - се вбројуваат слоновите. За нив нема секс на прв состанок. Парот се заљубува преку телесната миризба, а потоа почнува едномесечно додворување каде мажјакот и нуди храна на женката или ја прска со вода по нозете. По сексот парот се милува со сурлите и опашките.

И за крај, се враќаме на хомо сапиенсите. Дали сте знаеле дека само 2 вида практикуваат секс од уживање? Човекот и делфините.

преземено од crnobelo.com

Темата е чисто едукативна:)
Доколку вие имате некои информации околу оваа тема,повелете постирајте.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
колку што јас имам некаде сретнато моржовите имаат најголем пенис од околу 80 cm и притоа имаат коска на пенисот затоа што имаат многу сало и не би можел да се држи без тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.