1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Својата вера ја сакаме, а на туѓата се смееме

Дискусија во форумот 'Религија' започната од diva orhideja, 29 јули 2014.

  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Ја забраниле религијата, кај првиот се одело робија поради религија, кај вториот на стрелање или на работа во полињата со ориз...али тие се исклучоци...
    Маркс не бил роден евреин, никој не се раѓа со религија, подоцна ја даунлодираат...
    Пол Пот бил рисјанин? Are u sure?
     
    На Y1K991 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    Не разбирам зошто некој воопшто би имал потреба да сака или да не сака нечие верување.....Сакате луѓето да бидат ваши клонови? Да мислат, да се однесуваат, да дејствуваат идентично како вас?! Тоа го сакате ли? Зарем не мислите дека тоа е малку глупаво?
    Подеднакво глупаво е да ја "браниш" својата вера.... Како ќе ја браниш? Верување е не е знаење! Нели за тој што верува не се потребни докази? Нешто кое верниците постојано го нагласуваат. Епа ако не се потребни докази, зошто ви е потребно да браните и да негирате? Зошто одредени верници толку жестоко ја напаѓаат еволуцијата? Мислите дека ако замолчите нешто или некого што не ви оди во прилог, тоа ќе престане да биде "закана" за вашата вера?
     
    На Idiot му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Desert Rose

    Desert Rose Нов член

    Зачленет на:
    20 јуни 2014
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    8
    Па ако некој највеке се исмејува со верниците денес тоа се атеистите, што им е гајле на нив во што верувам јас или како се облекувам.Ееее колку пати како верник сум била исмејувана и гледана со предрасуди не ми се пишува овде.
     
    На Legioner и diva orhideja им се допаѓа ова.
  4. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    Генерализирањето е најголемиот сојузник на заблудата. Мислиш дека верници не исмејуваат? Или дека нема атеисти што се коректни и што имаат почит кон религиите?
     
    На Y1K991, Electra и alba им се допаѓа ова.
  5. Desert Rose

    Desert Rose Нов член

    Зачленет на:
    20 јуни 2014
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    8
    Да не треба да се генерализира,сепак за верник од било која религија полесно е да биде сфатен/разбран од некој друг верник колку и да им се косат ставовите отколку од атеист.Мислам на искрени и посветени верници.Има и разумни атеисти не велам не, ама јасен е нивниот став дека религиите се зло а верниците глупи луѓе.
     
  6. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    Па ако земеме примери од историјата а и од сегашноста, не се атеистите тие што војуваат со верниците, туку верниците помеѓу себе. Си слушнала атеист да се дигнал во воздух за да убие други атеисти? Или за да убие верници? Од ставови никој досега не умрел. Секој има право да има свој став.
    Помеѓу кого се најголемите крвопролевања? Помеѓу верници и други верници!
     
    На MoonFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    А си се запрашал ли зошто ве исмејуваат атеистите? Ај размисли малку. Затоа што твоето верување го наметнуваш на другите. Мислиш дека твоето верување (религија) е најисправно и дека тоа е “патот“ за сите луѓе. Е па не е. Ајде биди искрен барем спрема себе си, не мораш да ми одговориш, дали си на мислење дека атеистите се помалку вредни од тебе?
    А не дека вие не се исмејувате со атеистите, туку и критикувате дека сме не знам и не знам што подолу и од...... (да не го пишам зборот).
    Баш ми е гајле ти што ќе веруваш, твоја работа, се додека не го наметнуваш тоа на другите, се додека не се правиш супериорен со своето верување. Верувај си во што сакаш и остави ги другите да веруваат (или не веруваат) во што сакаат.
     
    На Y1K991, MoonFairy и corki им се допаѓа ова.
  8. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Атеизмот е религија на новиот светски поредок.Зборот атеизам не значи негирање на постоењето на Бог туку спротивставување на Бог со неговото создавање и на сето тоа за што црквата се залага.Атеизмот е другата страна на паричката.
     
  9. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    Ниту е атеизмот религија уште помалку на нов некаков поредок. Атезмот постоел од древни времиња и ќе постои додека “постојат“ боговите. Ниту пак е друга некаква страна на паричка. Кој ли тоа те излажал?
     
  10. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Никој не ме излажа,земи и ти разгледај и прочитај,а ова со паричката е точно така,едната страна е верата а другата стр.на паричката е атеизмот.Размисли убаво и ке согледаш.Атеизмот е против црквата и ке постои додека она постои а не додека постојат богови.
     

Сподели: