Светско првенство во фудбал, Бразил 2014

Ваш фаворит за освојување на титулата:


  • Вкупно гласале
    26
  • Poll closed .

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
На 12.Јуни како што сигурно знаете започнува веројатно најгледаниот спортски настан на планетата, собирот на најдобрите репрезентации од светот кои преку квалификации во соодветните зони, заедно со домаќинот даваат 32 земји учеснички.
Ова ќе биде 20. првенство, вторпат во Бразил а првпат во Ј.Америка после 1978.
Кандидати за домаќини биле само Бразил и Колумбија, но Колумбија се повлекла не очекувајќи дека има шанси во гласањето против гигантот на светскиот фудбал.

12 стадиони во 12 града (Амазонија included), 14+ милијарди долари (далеку најскапо првенство до сега), корупција, трансфери на јавни пари во приватни џебови, масовни протести, доцнење со изградба, загинати работници по градилишта, жесток уличен криминал... и сето тоа ќе биде ставено на страна за време на 32.дена колку што ќе трае првенството, повторно сите ќе бидат на стадиони или пред малите екрани следејќи ги мечевите уште еднаш покажувајќи ја моќта на излитените фрази како `леб и игри`... но да не забегувам премногу, back to football :zelen

32 екипи, 8 групи, првите две од секоја група се пласираат во осминафинале и по нокаут систем понатаму ќе се борат за медали. Овој пат ако има екипи изедначени по број на бодови ќе решава вкупната гол разлика а не меѓусебните дуели. Само еден единствен дебитант овојпат, селекцијата на Босна и Херцеговина која предводена од дијамантот во човечка форма Един Џеко успеа да се пласира на завршницата.

Група А - Бразил, Мексико, Хрватска, Камерун
Група Б - Шпанија, Холандија, Чиле, Австралија
Група Ц - Колумбија, Јапонија, Брег на Слонова Коска, Грција
Група Д - Италија, Уругвај, Англија, Коста Рика
Група Е - Франција, Швајцарија, Еквадор, Хондурас
Група Ф - Аргентина, Нигерија, Иран, Босна
Група Г - Германија, Португалија, Гана, САД
Група Х - Белгија, Јужна Кореја, Русија, Алжир

Фаворити, како и секогаш се Бразил на кого тоа што е домаќин нема да му одмогне, Шпанија како бранител на титулата, Холандија како актуелен вицепрвак, Италија како редовен фаворит, Аргентина како Меси и Германија која ретко испаѓа пред полуфинале.

FulecoMascot.jpg

Официјалната маскота, некакво створење налик на змија или тапир.

Фаворити од сенка би биле Уругвај, Англија, Франција, Португалија и секако Белгија, а од нешто подебела сенка би можеле да се споменат и Јапонија, Брегот на Јаја Туреовиот Дрогба, Русија и Гана.
Останатите не би требало да се некој фактор но ништо не мора да значи, секогаш има изненадувања и сензации кои долго се паметат.
Последен пример беше Гана која беше лишена од полуфинале со помош на голманска одбрана на Суарез и промашен пенал во последни секунди од продолжението.

Во РМ првенството ќе го пренесува МТВ, тажна традиција која бесмислено се повторува, кретардирани коментатори и студиски емисии со некој лик тренер на Мирафци и `естрадни ѕвезди` кои залутале во студиото. За среќа тука се стримовите :)
Финалето ќе биде на 13.Јули во Рио де Жанеиро, на реновираната Маракана (Ештадиу жорналиста Мариу Фиљу)

Ваши мислења, фаворити, ставови, мрчења and so on, please :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас веднаш да си промрчам, жрепката е somewhat бизарна, Колумбија и Швајцарија носители на групи (facepalm)
Колумбија последен пат залутала на СП во 1998 и испаднала по групи, на последната Копа Америка се усрале али затоа тука е ФИФА ранкингот кој рачуна и пријателски утакмици а можеби и се базира на совети на астролози и видовњаци па така Уругвај актуелен шампион на Копа Америка, 1/2 финалист на последното СП, 1/2 финалист на последниот Куп на конфедерации... не е носител и створена е група со Италија и Англија. Групата на Колумбија предизвикува Туретов синдром кога ќе се погледне (facepalm)
Сето тоа е небитно, битно е победа во квалификации со Боливија и пријателска со Словачка.(facepalm)

Исто важи и за Швајцарија, не се ни квалификува на последното ЕП а на СП испаднаа по групи. Сосема доволно да бидат носители пред Франција, нели.

Од друга страна thanks to FIFA`s amazing foresight, Белгија си е носител. :zelen

Не сум премногу контрадикторен (party)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мене ми изгледа на армадило маскотата.

Јас очекувам годинава Франција повторно да блесне (или да се избламира). Доминираат во кошарка, во ракомет... фали уште да се вратат во фудбал. Ако ја минат групната фаза верувам дека ќе играат најмалку полуфинале. Сепак ми фалат ликовите како Анри, Виера, Вилтор, Џоркаеф, Зидан. Таа генерација не верувам дека ќе се повтори во нивните редови.

Од друга страна Белгија имаат солиден тим и очекувам да направат нешто добро. Не мора титула, ама во топ 5 да влезат и не е малку.
Аргентина ми се број еден омразен тим и секогаш ги сметам за преценети. Демек ако го имаат Меси можат чуда да прават.
Бразил пошто се домаќини верувам дека ќе играат барем полуфинале, а не би ме чудело и да победат. Не знам зошто ама осеќам дека некој ќе замрси некој конец за нив.
Холандија со последен здив. Бревтаат веќе. Групна фаза да поминат и толку.
Германија и Италија имаат солидни тимови и многу искуство. Ако италјаните не се вратат на старото досадно пимплање во средина имаат добри шанси на ова првенство. Германците и шпанците се со можеби и најискусен тим на првенството што им дава голема предност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Инаку Англија ми е втора омилена екипа, ради премиер лига и тие работи, само што Хоџсон направи чуден состав (think) а и групата е тешка...
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Што знам, немам некој тим кој би фаворизирал, но би обрнал малку повеќе внимание на Белгија поради Фелаини и Јанузај. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Што знам, немам некој тим кој би фаворизирал, но би обрнал малку повеќе внимание на Белгија поради Фелаини и Јанузај. :D

Фелаини е халал белгијанец, Јанузај е харам белгијанец и потенцијално јаболко на раздорот :cool:
За Фелаини кружат приказни дека како мал бил впрегнуван во плуг и пуштан на нива да ора, hence кондицијата и снагата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Нормално дека гласам за најдобрата по мое ШПАНИЈА !!
А би сакал вака да заврши
1. Шпанија
2. Бразил
3. Германија
4. Италија
....
32. Нашиот Јужен Сосед :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coci8 and Pisoi

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Насри не бил повикан за Франција, Тевез за Аргентина, Тери за Англија, Парк за Ј.Кореја... селекторите си влегуваат во филмови :)

Нормално дека гласам за најдобрата по мое ШПАНИЈА !!
А би сакал вака да заврши
1. Шпанија
2. Бразил
3. Германија
4. Италија
....
32. Нашиот Јужен Сосед :D

Грција не треба да се отпишува, тие се фудбалски тролови, на последново ЕП Русија беше као нешто залетана ова она...и дојдоа грците, ги истролаа и ги елиминираа :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Каква Белгија бе не зафркавајте ако ја поминат групата губат одма :zelen. Мислам дека Шпанија ќе си ја одбрани титулата, Бразил дека домаќин ми е втор фаворит. Добро финале би било Шпанија - Бразил.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pisoi and Kisserboy