1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Светско првенство во Фудбал, Русија 2018

Дискусија во форумот 'Спорт' започната од Outrider, 1 јуни 2018.

  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    На 14.Јуни 2018 (не знам која дата се паѓа по јулијански а.к.а. руски календар :kafe) започнува 21-то СП во фудбал, најгледаната манифестација во универзумот каде што ќе учестувуваат 32 од 210-те репрезентации кои изборија пласман, вклучително мајчица Россија, дувло на корупција, серијаши, канибализам, алкохолизам, women with ill repute и допинг. Успевајќи да си ја купи организацијата како и шеиците во Катар, лешовидниот Путин ќе биде секако декор на стадионите, 12 вкупно од кои 10 нови бели слонови во некакви градови на кои не им се паметат имињата...

    Групите се следните :

    A - Русија, Уругвај, Египет, Сауди Арабија
    Б - Шпанија, Португалија, Иран, Мароко
    Ц - Франција, Данска, Австралија, Перу
    Д - Аргентина, Хрватска, Исланд, Нигерија
    Е - Бразил, Коста Рика, Швајцарија, Србија
    Ф - Германија, Мексико, Јужна Кореја, Шведска
    Г - Белгија, Англија, Тунис, Панама
    Х - Полска, Колумбија, Јапан, Сенегал

    Овој пат има чак два дебитанти, Исланд и Панама.
    Италија, САД, Чиле, Кот Дивоар и Холандија се најголемите разочарувања и фејлови во квалификациите.

    Двете селекции кои ми се омилени се во иста група и очекувам добра утакмица :)

    Шта речи околу фаворитите? Немачка како и секогаш, и како актуелен првак, Франција се најавува како главен кандидат овој пат, Шпанија сеуште има состав за висок пласман, Португалија доаѓа како еуро-шампион но не верувам да направат нешто, Аргентина како и секогаш со висок хајп и Меси, Бразил ми е мистерија на ова СП, Белгија верувам конечно созреа после двете шести места на СП и ЕП да направи исчекор кон титулата, Англија е во смена на генерации со некаков анонимус на клупа кој повика некакви фетуси и ликови кои од дома не ги знаат дека играат фудбал, Колумбија е прашање дали може да го надмине одличното петто место од претходното СП. Уругвај евентуално од сенка, домаќинот освен со судии не гледам како би поминале група, а Египет ако игра Салах некако, Ј.Кореја со Сон и Сенегал со Мане очекувам да изненадат.

    Следи скрибоманија на тема СП и слично, филингот на куцање на тастатура е фин :kafe
    Кратка историја, кој го тоа направи (сите идеи за такмичења од меѓународен тип на репрезентации се од французи), ситуации и легенди.
     
    На Makedonec и existence им се допаѓа ова.
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Имам (имав?!:() неколку интересни книги на тема историја на фудбал но повеќето ги немам повеќе :(

    Фифа била основана во 1904 година и еден од основачите, извесен француз Робер Герен предложил и одржување на СП во 1906 година како датум кој е измеѓу 2 олимпијади, домаќин требало да биде Швајцарија а учесници 16 земји. Арно ама, се немало пара за да се одржи тоа како што било замислено и на крај не испаднало ништо.

    На олимпијадите во 1900,04 и фантомската (имало и таква) :kafe во 1906 фудбал се играло но тоа биле слабо организирани, каубојски турнири со слаба посета. Првиот официјален и под капа на Фифа бил оној во Лондон во 1908 кога Фифа се одлучила СП да се игра како дел од олимпијадите. Пјер де Кубертен како фудбал-фанатик ја подржал идејата и 1908,1912,1920,1924 и 1928 такмичењата се уште и познати денес како "неофицијални светски".
    Уругвај пример и ден денес сметаат дека биле 4 пати светски прваци и на дресот носат 4 ѕвезди, 2 за ОИ како СП и 2 за СП како СП :D

    После хаосот со поделбата на аматери и профи играчи и нивно повикување во репрезентации, Фифа дозволила на ОИ да играат и профи играчи и така во 1926 Британските селекции излегуваат од Фифа што значи 4-те репрезентации од УК нема да играат се до после втора свецка. Уругвај во 1933 исто, пошто биле увреџени поради слабиот одзив на првото официјално СП од страна на еуро-екипите и ќе се врати исто после ЊЊ-2. И Аргентина имаше нешто ама покасно, не знам зошто, напуштиле СП1938 поради некоја причина.

    Неофицијални (освен за Уругвај :D ) светски шампиони/медалисти биле :

    Лондон 1908 - 1.Англија 2.Данска 3.Холандија
    Стокхолм 1912 - 1.Англија 2.Данска 3.Холандија (не е копи пејст :zelen)
    Антверпен 1920 - 1.Белгија 2.Чехословачка 3.Холандија
    Париз 1924 - 1.Уругвај 2.Швајцарија 3.Шведска
    Амстердам 1928 - 1.Уругвај 2.Аргентина 3.Италија

    Англија настапувала со репрезентација составена исклучиво од аматери (освен 1928 кога веќе биле во аут)

    За 1932 година ОИ немало воопшто фудбалска програма и така на сцена стапил претседателот на Фифа Жил Риме кој одлучил да направи развод со ИОК во врска со фудбалот и да направи самостојно такмичење, СП а како кандидат се наметнал тогаш двојниот светски првак Уругвај кој градел некакво чудовиште од стадион за 100.000 гледачи а во 1930 и славеле 100 години независност.
    Ова светско наликувало на олимписки турнир поради тоа што сите мечеви се играле во еден град па наместо Уругвај 1930 поточно би било да се каже Монтевидео 1930. И така на сцена се појавува СП, во време на светската економска криза кое одвај некако и ќе биде одржано...но за тоа потоа :kafe
     
    #2 Outrider, 2 јуни 2018
    Последна промена: 2 јуни 2018
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Првото светско во перцепцијата на рајата е присутно поради солидниот филм од пред некоја година Монтевидео - бог те видео, а можеби и поради вториот (ужасен) дел и серијата која не ја имам гледано.
    Сепак на разочарување на четничка и србоманска популација, не, Југославија не била трета и не делеле никаков медал со САД него америте биле трети што може да се провери на официјалниот сајт на Фифа. Разликата со сите останати СП е што на ова поради некаква причина не бил предвиден меч за трето место него бронзата е доделена на вкупен биланс, бодови и гол разлика на сите утакмици.

    Ова е и едино СП за кое немало квалификации туку како и на неофицијалните пред него, учество земале сите кои ќе се пријавеле.
    Но за разлика од ОИ кои веќе имале јак статус, на ова се гледало како на експеримент, како на WTF ситуација а пошто во тек била светската економска криза и се немало пара, од Европа се појавиле само 4 селекции и тоа Белгија (нормално), Франција, Романија (?!) и Југославија која на претходните три настапи на ОИ служела за билдање гол разлика. Поради некои кавги на релација усташи-четници на СП не отпатувале хрватските играчи со што Југославија била ослабена и затоа полуфиналето е уште поголема сензација.

    На 4 стадиони во Монтевидео се играле 4 групи, очекуваните барем 16 екипи поделени во 4 групи по 4 тима не се оствариле, дури и Куба, Еквадор и Колумбија како поканети за пополнување на квота немале пари за релативно пократкиот пат и на крај одвај 13 земји се нашле на СП.

    Првиот гол воопшто на СП е дело на Лисјен Лоран, француз нормално, кој на отварањето ја затресол мрежата на инвентарот на сите СП оттогаш па до денес, Мексико :cool: за 1-0 во 19 минута (конечните биле 4-1 за Франција.)
    Во следниот меч била забележана и првата судиска фарса кога при водство на Аргентина од 1-0 вс. Франција, некој француски играч излегол еден на еден со голманот на Аргентина и во тој момент, во 86.минута, судијата свирнал крај :patos со цел да не дојде до израмнување.

    Југославија во другата група го совладала Бразил со 2-1 кој пак играл без Артур Фриденрајх, светскиот рекордер по број на голови евер, кој иако ветеран тогаш сеуште тресел мрежи. Мелез помеѓу некаков ариевец и црна жена потомок на робови тоа бил првиот јужноамерички суперстар. Бразил тогаш немал статус каков што добил подоцна така што иако изненадување, сепак е далеку од она кое беше прикажано на филмот.

    Во третата група Уругвај лаконски ги победил противниците а во последната се наметнал САД со комбо на тотални аматери кои играле фубал ради рекреација и пропали шкотски играчи од втора шкотска лига кои поради алкохолизам не успеале да направат кариера и емигрирале во САД. Амерот Берт Петинод е стрелец на првиот хет-трик САД-Парагвај 3-0, а Џими Далглас бил голманот со првиот клин шит.

    Победниците на групите се сретнале во 1/2ф. со идентични резултати, Аргентина-САД 6-1 со значителна судиска помош и Уругвај-Југославија 6-1 со уште позначителна помош за домаќинот, која кулминирала со два поништени гола за екс-екс-Југа при 0-1.
    На 0-3 тешко би се вратиле уругвајците а дното било пробиено со некаков цајкан кој се мотал околу линија, кој не дозволил топката да излезе во гол аут, ја запрел со нога пред линија и уругвајците си продолжиле со асистенција за гол :D

    Посакуваното финале и реприза на последното неофицијално, заедно со желбата за освета на Аргентина а притоа се работи за Ла-Плата дербито, привлекло околу 30.000 аргентинци пред стадионот. Биле примени само 8-10.000 не се знае точно. Избиле нереди, аргентинците гневни што не ги пуштаат внатре кршеле и палеле наоколу и била повикана уругвајската армија да воспостави ред пошто цајканите избегале.

    100.000 гледачи на сеуште недовршениот стадион :kafeбиле сведоци на јак меч.
    Бидејќи немало стандардизирана топка а двете екипи сакале да играат со својата, легендарниот белгиски судија Лонжин одлучил да се игра по едно полувреме по топка. Првото полувреме завршило со 1-2 за Аргентина (со нивната) а во второто Уругвај со својата топка, предводен од едноракиот Ектор Кастро кому раката му ја отсекол циркулар за дрва пред некоја година пред СП - дошол до титулата СП со 4-2, прва или трета како се земе, за Уругвај тоа била трета :D
    Нередите продолжиле и после мечот, прекинати биле дипломатски односи, тепачки и тие ствари но за среќа ситуацијата се смирила и не ескалирала како во 1969 меѓу едни други латино земји.

    Најдобар стрелец бил Гиљермо Стабиле од Аргентина со 8 гола, најдобар играч Педро Чеа од Уругвај а најдобар голман Милован Јакшиќ од Југославија.

    Следува бизарното фашистичко СП и жабарските гадости...
     
    #3 Outrider, 4 јуни 2018
    Последна промена: 4 јуни 2018
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266


    Wonderful song :)
    Still going strong.
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  5. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Песнава од времето кога уште се навиваше на трибините особено во Англија :D

    Јас да си дадам прогноза за групите на неколку часа пред почеток на првенството:

    A - Русија, Уругвај, Египет, Сауди Арабија => 1.Русија 2.Египет
    Б - Шпанија, Португалија, Иран, Мароко => 1.Шпанија 2.Португалија
    Ц - Франција, Данска, Австралија, Перу => 1.Франција 2. Австралија
    Д - Аргентина, Хрватска, Исланд, Нигерија => 1.Исланд 2.Аргентина
    Е - Бразил, Коста Рика, Швајцарија, Србија => 1.Бразил 2.Швајцарија
    Ф - Германија, Мексико, Јужна Кореја, Шведска => 1.Германија 2.Ј. Кореја
    Г - Белгија, Англија, Тунис, Панама => 1.Белгија 2.Англија
    Х - Полска, Колумбија, Јапан, Сенегал => 1.Полска 2.Сенегал

    Првенствово очекувам да има многу глупости со ВАР. Колина пред некој ден им даде инструкции на помошните да не прекинуваат акции при ситен офсајд туку да ја остават акцијата да заврши па после со ВАР да утврдат дали било или не било офсајд што според мене е баш исправна одлука ама од тука доаѓа и прашањето дали воопшто требаат линиски судии кога се има ВАР? Можеби треба еден судија на терен и пасивни линиски кои ќе гледаат снимки од ВАР и ќе утврдуваат. Исто така во ек на технолошки развиток уште не ми е јасно зошто не се користат топки со сензори кои што веднаш би покажале дали топката излегла од терен или била внатре. Во ракомет веќе почнуваат со „паметни топки“ кои ќе даваат податоци realtime, па зошто да не се користи и во фудбал топка со сензори?
    Кога веќе ги спомнав топките, многу голмани се жалат на топката и се` уште не сфаќам зошто на светско и европско не се користат топките кои што се користат во лигите на кои сите се веќе навикнати туку мора да се прават нови топки кои што неколку пати ги имаат зафркнато првенствата? Најсвеж пример е првенството во Ј. Африка и фамозната топка Џабулани на Адидас која што се движеше на скроз невообичаен начин, се лизгаше од рацете на голманите, играчите се жалеа дека била тврда и сл. Со топката која ќе се користи на ова првенство уште пред пола година имаа шанса да ја пробаат Буфон, Тер Штеген, Реина и сите беа согласни дека ФИФА треба да размисли да ја повлече топката затоа што беа незадоволни од движењето кое го има. Едно е топката да помине тестови за аеродинамика, еластичност, притисок и сл. што се машински тестови, а сосем друго е кога во игра е човечки фактор.

    Околу натпреварувањето, очекувам Франција да доминира и да победи иако има доста јака конкуренција како Бразил, Шпанија, Германија. Шпанија на два дена пред првенството го сменија тренерот, Јапонците исто така го шутнаа тренерот кој ги однесе на светско пред месец ипол и според мене се во голем минус со тој потег, Германија маки мачат со хемијата во тимот и ништо чудно да им се случи Франција 2002-ра :D
    Во секој случај ќе биде интересно за гледање. Денес е првиот натпревар, Русија - С. Арабија, да видиме што ќе понуди почетокот на првенството.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Спектакуларно отварање на првенството, навистина се воодушевив, браво!!!
    Мене ме занима, што финта му беше тоа или зошто така сам себе се обрука Робин Вилијамс, покажувајќи му го средниот прст на Роналдо!?
    (можеби треба видео да ставам ама неможам од телефонов)

    Не сум љубител на фудбалот, но ја изгледав првата утакмица..дали дека русиве партал ги правеа арапите, дали поради смешното однесување на Путин после секој даден гол од рускиот тим..како и да е.. Интересно.
     
  7. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Првата утакмица на ова СП наликуваше на просечна утакмица од Конференција, а на моменти беше и на пониско ниво. Играта од приватната држава на кланот Ал-Сауд беше веројатно најлошата евер на СП, без ниту една шанса или шут во голот. Анемично, аморфно, никаква борбеност...Русија неочекувано се надмина себеси и успеа да оствари висока победа со извесна судиска помош.
    Имаат шанси за прв пат да ја минат групата.

    Денес канибалот вс. Салах, новиот арсеналовец некаков си Тореира (?!) вс. стариот Ел Нени :kafe
    Вечер ибериско дно, духот на циганеријата ќе биде пуштен од шишето (party)

    Во 1934 СП се одржало во Италија при што режимот на имбециолниот Мусолини а.к.а. Ел Дуче си ја купил организацијата пред Шведска (некои ствари никогаш не застаруваат) и биле припремени 8 стадиони за 4 групи...oh wait, не се играло по групи туку веднаш 1/8 финале :D и нокаут, значи 8 од 16-те екипи ќе одиграле чак еден единствен меч на СП. Не се знае од каде дошла таа монголоидна идеја но тоа било тоа.
    Единствен пат на СП и домаќинот требало да се квалификува :facepalm2 па така Италија одиграла двомеч со некого и се пласирала на СП Италија 1934 :zelen
    Друга разлика со денес било тоа што можеле да се купуваат играчи кои веќе имале играно за друга екипа и така 5-6 најдобри аргентинци од претходното СП им биле најдени италијански претци и веднаш биле донесени да ја засилат фашистичката репрезентација.
    Трето, режимот на најбесрамен начин го употребил ова СП за политичка промоција на фашизмот, со паради, собири, говори, "возови кои доаѓаат точно на време" и остали срања.

    Мало изненадување во 1/8 ф. била републиканска Шпанија :kafe која со контри и благодарение на легендарниот голман го елиминирала Бразил со 3-1, и Шведска која што исто така со јака одбрана и контри ја елиминирале Аргентина со култниот Морено при што Аргентинците промашиле еден куп шанси. Белгија после одличното прво полувреме вс. Третиот Рајх и водство од 2-1 во второто паднале кондициски и биле прегазени со 2-5.

    Во 1/4 ф. соседското дерби меѓу Австрија и Унгарија го добил т.н. Вундертим на познатиот иноватор Хуго Мајцл, немале пораз скоро 4 години, предводен од Матијас Синделар, светски играч кој подоцна после окупацијата на Австрија од страна на Рајхот ќе одбие да игра за својата нова "домовина" и ќе биде ликвидиран од страна на нацистите.
    Германија рутинско вс. Шведска 2-1, Чехословачка во драма ја совладала Швајцарија со 3-2 а Италија и Шпанија играле 1-1 после продолженија. Во екстремно груб и насилен меч, италијаните тешко го повредиле еден од најдобрите голмани во историјата, Рикардо Замора а шпанците за возврат скршиле нога на некаков жабар :patos Пошто немало пенали, се играла мајсторка по 48 часа но шпанците немале сила да одат повеќе а не да играат пошто слаба клупа и Италија ги згазила со 6-1.

    Во 1/2ф. Италија со огромна судиска помош, бројни погубни стартови и буквално туркање на австрискиот голман од гол линијата при голот - успеале да влезат во финале со бедни 1-0, бонус поништен гол на Австрија.
    Чехословачка ја надиграла и победила нацистичка немачка со 3-1.

    За трето место нацистите ја победиле психичка уништената Австрија со 3-2.
    Во најмалку посетеното финале било кога, пред смешни 48.000 гледачи во Рим (плус Мусолини и остали фашистички главешини), Италија сепак ја остварила целта и направиле пресврт за 2-1 иако губеле 0-1 со мала судиска наклонетост и многу среќа пошто чесите промашиле 2 јаки шанси за 2-0 и крај.

    И така целта била достигната, тоа било тоа.

    Најдобар стрелец бил Олдрих Неједли од Чехословачка со 5 гола, најдобар играч Рајмундо Орси од Италија а најдобар голман Франтишек Планичка од Чехословачка.
     
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Ау која утакмица Фабрик Белжик - Емпајер оф Џапан, незаборавно нешто :eek:
     

Сподели: