Светот на гитарите-модели вредни за споменување

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Темава е како што кажува за гитарите.
Нивниот облик, употребен материјал, вградена електроника и додатна опрема ги прави на некој начин различни иако многу од нив ги делат познатите облици.
Инаку гитарата генерално води потекло од еден друг жичен акустичен инструмент-челото или пак виолинчелото(не сум сигурен за тоа кој е прв инструмент измислен) кое пак што добива свој инспиративен облик од формата на женското тело.
Но како што ке се движи темата ке видиме некои многу чудни облици на телото на гитарата.:D
Без разлика на тоа дали се работи за акустична, озвучена или електрична гитара тука постираме историјат, слики, клипови и сајтови, цени итн.

Секако, чест прва во темата има "Плавушата", како што ја нарекуваат популарно,
Fender Telecaster како една од најпродаваните ел.гитари во светот.

Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and corki

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Интересна тема за дискусија,незнаев дека телекастерот бил најпродаван модел.Мислев дека стратокастерот го држи првото место.
 
Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Интересна тема за дискусија,незнаев дека телекастерот бил најпродаван модел.Мислев дека стратокастерот го држи првото место.
Поради скоро 10 годишната разлика во моделите и поради тоа што секој колекционер има најмалку еден телекастер е тоа.
Во северна Америка е многу популарен пред се поради кантри музиката и половината од лугето слушаат таква музика и затоа и ден денеска го купуваат.
Многу од лугето се одлучуваат пред се за колекционерство на гитари наместо како што е случајот во Европа со уметничките дела-сликите.
Парите, поради фактот што банките земаат данок на сметка за вишок, наместо да даваат процент ако не ги вложуваат во градежништво(станови и куќи) или на берза ги оплодуваат со колекција на автомобили или музички инструменти.
Фрапантни колекции може да се видат по уредените подруми или посебни соби со специјална климатизација во осредни куќи(барем јас пто сум идел да пробувам гитари)-неможев да верувам до колку е популарно тоа колекционерство.
А мене тоа што ми беше најинтересно од се кога дојдов тука и влегов во рајот(продавниците големи за музичка опрема) е неговата цена.
Поскап е во просек за 15 проценти од стратокастерот.:D
Цените моментално се движат за основниот модел, од 550 амерички долари за Мексиканскиот и Кинескиот модел и 1500 за америчкиот.
Секако тие винтиџ моделите што се почнуваат од 4000 долари па и до 10 000.
На старо по огласите може да се најде релативно добар-одлежен амерички од 5-7 години стар за 2000 долара(мегутоа мора да се рачуна на праговите да се сменат, лугето обично ги продаваат само поради излижаните прагови на кои цената за репарација знае често и да достигне и до 250 долара кај специјалист за гитари-титаниум прагови или криогенски третирани).
Хинт...Јапонската серија Аеродајн е посебен специјалитет со цена и по квалитет и изглед и се бара ко злато моментално, а за две години ...:svirka
 
Тоа е Америчка работа,за колекционерството,знаев дека го земат во практика,но како што кажуваш дека во северна америка го користат во кантри музиката,зошто?Дали поради сецифичната боја што друг вид гитара го нема,или поради самата форма?
 
Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Тоа е Америчка работа,за колекционерството,знаев дека го земат во практика,но како што кажуваш дека во северна америка го користат во кантри музиката,зошто?Дали поради сецифичната боја што друг вид гитара го нема,или поради самата форма?
Па некое објаснување за тоа и јас како тебе пробав да најдам ама не успејав...можно е да е поради липстик првиот магнет како што го викаат да е што го дава како уникатен звук на таа гитара ама па кога ке пролистам и ке видам дека всушност идејата зад тој магнет била за џез музичарите од тоа време како тренд кој се развивал, и нема некоја логика.
Единствено што јас би можел да си го констатирам зашто е популарна помеѓу кантри музичарите е истото и за тоа што сите рокери ја сакаат, а тоа е дека е едноставна и дека не се раштимува така лесно како некои други. Што ја прави многу добра опција за свирки во живо.
Така мислам јас.
А и многу врска има нивниот менталитет, они ако бендисаат нешто толку многу се конзервативни што ретко кога може да ги разубедиш во спротивното иако е подобро.
Такви се, патриоти и конзервативци. Мислам пази америчка работа...праиме сеуште пари од гитара што е 70 години стар модел....затоа што е икон. Историјата не им е многу богата ама си ја ценат бајаги таа што ја имаат, затоа капа им симнувам.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас од кај рогатите сум :D

2_Body_Straight_Front_NA-ad953055cf2b12596d92739578e274e8.jpg

Јас па тие телекастери и страт тела ич не ги сакам. Не ми се згодни за свирење ама ич.
За колекционерство ако се прави муабет е друга работа, ама за свирење... јок.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Дејви

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
aaaa ...Ibanezche HSH -wizard neck...di marcio magneti i original Floyd rose tremolo...Bad mean Shredding machine(inlove)
Многу се популарни и тука имам пробано еден можда два саата дремев у бокс у продавница и ме зачуди колку ниско се жиците спуштени до вратот а не звонеше ич иако беше од кутија извадена неспремана.
Иилииииии може и да е џексон динки про, не сум 100 посто сигурен(:|
Ме бунат малце потенциометрите и двете се ка фендер а фендер е главен акционер и во двете фабрики и ибанез и џексон.:frantic
 
Последна промена:

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Gibson Les Paul Standard model

1952 година, оригинално понудена со голд топ завршна боја и P-90 Gibson блуз магнети а потоа редизајнирана со новите PAF Alnico хамбакер магнети во 1958 и санбрст завршница (за конечно да ги добие иконските Alnico V Burstbuckers zebra во 1961), денеска Gibson Les Paul Standard model е една од нај познатите електрични гитари во светот. Гитарата го стекнува своето реноме низ времето како инстумент кој го користат музичарите во најбројни жанрови на модерната музика(рок, кантри, поп, соул, ритам и блуз, џез, реге, панк и метал).

Последна промена:

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Па некое објаснување за тоа и јас како тебе пробав да најдам ама не успејав...можно е да е поради липстик првиот магнет како што го викаат да е што го дава како уникатен звук на таа гитара ама па кога ке пролистам и ке видам дека всушност идејата зад тој магнет била за џез музичарите од тоа време како тренд кој се развивал, и нема некоја логика.
Единствено што јас би можел да си го констатирам зашто е популарна помеѓу кантри музичарите е истото и за тоа што сите рокери ја сакаат, а тоа е дека е едноставна и дека не се раштимува така лесно како некои други. Што ја прави многу добра опција за свирки во живо.
Така мислам јас.
А и многу врска има нивниот менталитет, они ако бендисаат нешто толку многу се конзервативни што ретко кога може да ги разубедиш во спротивното иако е подобро.
Такви се, патриоти и конзервативци. Мислам пази америчка работа...праиме сеуште пари од гитара што е 70 години стар модел....затоа што е икон. Историјата не им е многу богата ама си ја ценат бајаги таа што ја имаат, затоа капа им симнувам.

И јас така помислив,највероватно има некој рзличен магнет за разлика од другите,којшто дава некој специфична боја,која би одговарала на нејзиното кантри.
А ти свириш ли?
 
Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
И јас така помислив,највероватно има некој рзличен магнет за разлика од другите,којшто дава некој специфична боја,која би одговарала на нејзиното кантри.
А ти свириш ли?
Да, секогаш кога ке најдам време.
Во кантри музиката многу голема улога игра и бојата на појачалата кои што ги користат за да извадат звук. Понатака низ темата ке постирам одредени модели кои се карактеристични за секоја музика. Генерално важи правилото дека се користат лампаши со одреден модел на лампи кои го бојат звукот. Цената кои одредени модели од 60-тите ја имаат е несватлива но тоа е моментално тренд-производство лимитирано на појачала од 5-15 вати моќност за домашно користење.
Ако те интересира одреден модел на гитара или опрема или вид на музика, можам да направам еден пост следен за тоа.
 
Последна промена: