Сапиосексуалност

D2M2m.f

Истакнат Член
4 август 2015
7
0
101
Значи, сапиосексуалност е однесување при кое индивидуата е привлечена или се возбудува од интелигенцијата и употребата на истата, и ја наоѓа интелигенцијата како најсексуална особина. Односно, на сапиосексуалците не им е важен толку многу изгледот, туку колку нивниот партнер е паметен и интелигентен.
Што мислите вие за оваа (така да ја наречеме) сексуална ориентација?B_kUgN-WAAAC7pI.jpg
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Дали ако дојде Квазимодо со IQ>300 ќе ти биде привлечен?
 
Последна промена:

Priroden

Староседелец
4 октомври 2012
140
95
1,038
Една лудача пред 2-3 години ми рече дека сум личел на Стивен Хокинг :D :D :D
Али не мислам дека тоа беше причина што се дешаваше меѓу нас.
Сапиосексуланост у Македонија ме асоцира на некоја што многу учи, нема многу време за секс и не е многу искусна во сексот, па покрај тоа што учи и се интересира за наука, привлечно ми е тоа што и ја би можел да ја научам нешто. :p
 

D2M2m.f

Истакнат Член
4 август 2015
7
0
101
Дали ако дојде Квазимодо со IQ>300 ќе ти биде привлечен?
Не збориме за тоа што на мене би ми било привлечно туку сакам да знам дали на другите им е привлечно тоа нешто !! ;):)

Една лудача пред 2-3 години ми рече дека сум личел на Стивен Хокинг :D :D :D
Али не мислам дека тоа беше причина што се дешаваше меѓу нас.
Сапиосексуланост у Македонија ме асоцира на некоја што многу учи, нема многу време за секс и не е многу искусна во сексот, па покрај тоа што учи и се интересира за наука, привлечно ми е тоа што и ја би можел да ја научам нешто. :p
Зошто мислиш дека таа некој била лудача можеби само се шегувала со тебе или комплимент си добил... А јас пак мислам дека и луѓе што не учат многу го применуваат тоа и имаат плус искуство, а со самото тоа што ти е привлечно тоа што можеш нешто да научиш значи и сапиосексуалноста ти е привлечна!!
 
Последна промена од модератор:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Say what?
Ова ме потсеќа на зомби, тие обожаваат мозоци...
stock-photo-18123810-bloody-zombie-eating-brains.jpg


Е сега дали тука има и сексуална привлечност не знам, и онака се вокинг дед...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Кај е сега онаа колумни што пишуваше, да објасни 2-3 работи околу сапиосексуалноста. :D

Мислам дека поимов е многу лошо сфатен и претставен од ликови што набрзинка читнале нешто, и сега е ко некоја хипстер мода демек мозокот пали, исто ко што се мислат привлечни и со брадиве секој втор.
И јас уживам во интелигентен разговор, да ме здрма од корен некој со познавање теми. Нека биде манекен со најубава фаца на свет, ама ако зине и е цигла, се губи сета слика, и пак во глава би ми се вртел разговорот со паметниот и би размислувала за уште. Али па дека ќе си штипкам брадавици ако лик ко Драганче Митрески ми го шепка пи по телефон до 25416545та цифра, нема.
Сигурно има некој, некаде, што навистина го возбудува(?) знаењето кај човека, али претежно ова „Јас сум сапиосексуалец/ка“ го среќавам кај луѓе со минимално натпросечни познавања и интереси нешто поразлични од просечното население, кои веднаш за себе мислат дека се боемите на општеството и го заслужуваат кремот, а обично сапиосексуалноста е само изговор за уште многуте критериуми што ги бараат. (think)
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Познавам една сапиосексуалка (барем таа така самата се нарекува).
Кога ке размислам подобро, мислам дека сапиосексуалноста и е изговор пред другите, затоа што се срами од фактот дека не може да биде со дечко кој изгледа убаво. Не дека не е убава, убавината е релативна работа и тука не навлегувам, туку тоа дека нема самодоверба и никогаш не би се чувствувала убаво покрај личност која физички подобро изгледа од нејзе, затоа бара просечни или под просечни, личности со маани и фалинки, но интелегентни.
Најверојатно од нејзиниот пример може да се извлече некој заклучок, што знам.
Во суштина сите ние сакаме да имаме интелегентен партнер покрај себе, ама барем мене тоа не ми е пресудно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden