Само еднаш се сака или не?

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Некои луѓе веруваат дека само една е вистинската љубов. Дали е можно да се сака повеќе пати искрено и интензивно ? Верувате ли во сродни души ? искрено јас не верувам во тоа дека еднаш се сака..

Што мислите вие ?
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
само еднаш?
не верувам
не верувам ни дека може да се даде општ одговор
секој со судбината
не можеш да знаеш ни кога ни каде ни како ни колку ни па зошто ќе ти се случи љубов
просто ќе се случи
некому еднаш, некому два пати, некому еден куп пати
верувам дека секој пат е поинаков
верувам дека свесно или несвесно според нешто, можеби според интензитетот на чувствата, можеби според времетраењето, можеби според почетокот или крајот, најчесто според средината на приказната, во себе си ги подредуваме
и верувам дека на врвот секогаш стои и се двои една љубов, поточно една приказна
па си велиме - ех, само еднаш навистина љубев
 

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Не верувам дека само еднаш во животот се сака, можеби првиот пат е најинтензивно ама не значи дека ако прв пат се заљубиме на 16 години и ако таа љубов не успее дека тоа е и последен пат..никогаш не се знае што носи животот!
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Мислам дека не се сака еднаш..способни сме повеке пати да сакаме и не верувам у тоа за сродна душа или па една е вистинската љубов и такви заебанции..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Не можеш бре да сакаш само еднаш.......тоа е исто како да речеш се јаде само еднаш....
Знаете што се прави еднаш во животот?
Еднаш се живее!
 

VULKAN-PEPEL

Истакнат Член
24 март 2012
160
126
343
искрено не знам ама како што сум ја сакал една личност во 2002 година тешко дека ќе засакам некоја девојка исто толку многу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smile, WomanInRed and Scars

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Обично за машките се вели дека сакаат само еднаш и дека тешко се заљубуваат :) колку е точно-незнам.
Сум сакала повеќе пати,можеби била детска љубов,ама било љубов,..имало пеперутки во стомак,препортување и сите тие работи ... ах колку е убаво да си заљубен (inlove)