1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Само дојди

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од İncognito, 13 септември 2013.

  1. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    743
    Допаѓања:
    1,266
    Не ме проверувај,
    само дојди,
    знаеш дека не спијам.
    Ако немаш каде...дојди...
    Дојди да ти ги излечам раните,
    знам како боли,
    и знаеш дека сум тука кога ќе тргне на лошо.
    Ако немаш каде...дојди..
    Дојди да ти дарам мирен сон,
    знам колку ти е потребен,
    и знаеш дека кај мене ќе го најдеш.
    Ако немаш каде...дојди..
    Дојди па оди насмеан...
     
    На İncognito и Ballet is my life им се допаѓа ова.
  2. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    743
    Допаѓања:
    1,266
    Сите тие изгубени сеќавања,
    напуштен поглед на езерото и трепет на ветрот,
    тишина која кротко плови низ срцето,
    сонувачки сребрен брод,
    тишина која ги заглушува ушите,
    допирајќи ги кристалните ѕвона на огромната провидност,
    тишина како поклон,
    незаслужен,
    како молња низ виножитото,
    ѕвони полноќта и телото ја напушта постелата,
    језива е болката кога чувствуваш дека си мртов за ноќ,
    језив е сонот кој безбожно го наросува телото,
    но добар е заборавениот кој нуди заборав,
    барем за миг,
    добар е заборавениот кој нуди мртви усни за очајнички бакнеж.
    Во шумата трагам по бескрај,
    но стеблата умираат,
    поезијата бега како мирис од овенат цвет,
    јас никнав од земјата и ми припаѓа само нејзината болка,
    тело кое трескавично трепери пред својата младост,
    во срцето тромост и неподвижност,
    но жива сум,
    знам дека сум жива зошто патам,
    јас имам љубов и благослов,
    а патам како очајник,
    О, љубов , дојди,
    бакни ги очиве со твојата тишина,
    заплеткај ги немирните прсти во косава,
    ах, стих мој, не се распаѓај врз мирисот на ружите,
    немој да се изгубиш,
    Ти си мојата ноќ,
    таинствена ноќ,
    само ти ги познаваш и прифаќаш сите мои мисли,
    твоето небо, твојот мир,
    се мој сон и моја смрт.
     
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  3. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,473
    Допаѓања:
    3,749
    Дојди уште еднаш,
    те моли една сребрена роза што самее под ѕвездите,
    дојди да насликаме сонлив облак на небото,
    да испиеме уште едно пенливо вино до дното,
    да се допреме модро,
    со брановите од извори пастелни,
    дојди и запри го срцево за миг во огнот што темнее,
    само дојди и насликај среќа во душава,
    дојди и разбуди го сонот горчлив,
    нека истече сладок тој во ноќва поетна,
    со стихови неискажани,
    во крвта разбудени,
    ко гладен скитник што ги гази цветовите диви врз тротоарите сиви,
    од нас до нашата небиднина,
    до нашата тивка радост,
    што во молк се гаси,
    со канделабрите во муграта,
    заплеткани во утрото,
    искажани во само дојди.
     
    #33 İncognito, 21 мај 2019
    Последна промена: 21 мај 2019
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: