Самобендисаност

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Секој треба да се цени, да има самодоверба и да си ги знае сцојте вредности но да не ја поминува границата. До сеаг имам сретнато една личност-самобендисана и некогаш тешко ја поднесувам бидејќи секоја реченица му започнува во ЈАС.......|-(
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ова е самобендисаност или самоувереност? :sreken

430099_10151297151676159_489870841_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Во Франција имав можност да запознаам една самобендисана девојка,се она најдобро прави,најубава е најпаметна е највеќе знае ,сите неа ја сакаат ...се е тоа во ред но да беше реално така па да ја сфатев...но она беше тотална спротивност од тоа што го набројав и никој не ја поднесуваше..остави делата да зборуваат за тебе не мора устата да ти збори толку...(facepalm)
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Се што е во е во границите на нормалата е во ред,но кога ќе се претера преминува во нарцисоидност.Кога би требало да бирам не би ги одбрала самобендисаните луѓе,зашто толку се опседнати од себе,што дури ме иритира тоа нивно однесување.Се однесуваат ко да немаат маани,а човек без маани не постои.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Секој еден е по малку самобендисан ама и треба да биде..од таму може личноста да се стекне со самодоверба.Убаво е да си ги знае своите вредности и убавини ,и да се има самопочит, на некој начин да се покаже и задржи интегритетот. Се зависи од тоа како Ти ја изнесуваш таа самобендисаност. Коа ќе премине во нападност или во некој ептен егоцентричен облик тогаш личноста ризикува да биде предмет на потсмев. Е во не прилог на ова доаѓаат оние луѓе кои се прилично искомлексирани или фрустрирани , не реализирани и оп се јавува самобендисаност во црвена фаза , егоцентричност, се со цел да се прикрие тоа дека се длабоко во себе емоционално нестабилни .
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Што вие мислите за ваквиот тип на луге?

Самодоверба е одлично нешто да се има, но егото да ти е огромно и да си самобендисан не баш. Нарциси.

Има луѓе кои, искрено, не заслужуваат да имаат толкаво его и да бидат самобендисани бидејќи не им прилега. Не им прилега на изглед, на карактер, на однесувањето. На опкружувањето. Но, ете, некако тие завршиле да бидат самобендисани покрај тоа што немаат 'у' ни од внатрешна, ниту пак од надворешна убавина.

Знам дека сите имаат своја дефиниција за убавина и убавината е субјективна, не мислам за тоа. Не се однесува на специфичен тип, туку на генерално убаво лице. Симпатично, слатко.

И не само надворешен изглед, туку однесување и карактер исто! Не можам да ја претрпам онаа потреба за постојано внимание.

Колку често наидувате на вакви луге околу вас?

Често. Почнувајќи од Facebook, дувлото на самобендисаните, па и надвор од Facebook. Понекогаш ќе слушнеш туѓ разговор, колку и да не сакаш.

Дали се сметате себе си за самобендисан-а?
Не, мислам дека не сум самобендисан.
Facebook,duvlo na samobendisani hahhaaa:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Самобендисаноста го наведува срцето на човекот да му говори:кој е како јас,сакам над сите да владеам,доминирам,а желбата за наслади го наговара срцето:сакам да живеам единствено за своите задоволства.
Кој е како јас?Која ли душа во себе не почувствувала сличен импулс?Во мислите не се вознесуваат само оние што се природно обдарени со возвишени квалитети или оние што со својот труд успеале да направат нештоважно и за општеството корисно.Вообразеноста е присутна во сите возрасти,занимања,сталежи.Раа човекот го следи низ сите степени во умното и духовното усовршување.
Оној кој што со мислата на срцето се вознесува над сите,ако нешто и превзема,не го прави тоа по гласот на разумот и совеста,по советите на мудрите луге и поуки од Божји зборови,туку по свое наогање,превзема што тој сака:тој е самоволен.
Ако го оствари она што го превземал,очекува се смао од себе:самоуверен и погордеан;кога ке го исполни зацртаното убеден е дека се сам маправил и оттука станува вообразен,надмен и неблагодарен.
Споредуваки се себе си со другите тој секогаш во се сака да биде неговата воља,се да врти по негова наредба,властољубив е и склон кон насилство,споредувајки ги другите со себе си неможе да го трпи нивното влијание ниту во најскромен облик.
Секогаш е полн со презир кон другите и непослушен.
Доколку наиде на непочитување на својата воља од страна на другите,тој ја губи власта врз себе а ако е навреден тој гори од желба за одмазда,чезнее за почести и слава кога е со слаб карактер.
Лицемерен е и суетен кога е со слаба душа.
Дрзок е,самоволен,умислен и склон на озборување кога е морално паднат.

Одамна сакам да ја отворам темава но сакав да најдам соодветен текс,се разбира преземен за најдобро да го доловам она како јас гледам на оваа психичка состојба...
Ова е една од карактеристиките која многу ми смета кај лугето,која сметам дека создава многу раздор мегу лугето.
Едноставно неможам да замислам како постојат вакви луге.
Да не се лажеме,во секој од нас постои доза самобендисаност,но не е толку страшна до одредени граници,а кај некои прераснува до степен на алчност.
Што вие мислите за ваквиот тип на луге?
Колку често наидувате на вакви луге околу вас?
Дали се сметате себе си за самобендисан-а?
Самобендисаноста е особина која најмалку ја поднесувам. Мое мислење е дека овие луѓе патат од комплекси, затоа и имаат потреба да се споредуваат со останатите, од таму и потребата да си ја закитат својата личност со епитети кои им одат во прилог со цел да го голтнат сиот гнев кој го собираат благодарение на нивната неспособност да си признаат на самите на себе дека се немоќни. Да, тие не поднесуваат да се немоќни.
Ги жалам, искрено ги жалам овие луѓе.

Не само што често наидувам на вакви луѓе, туку и бев мажена за таков. Поради тоа е и тоа "бев"...
Не се сметам себеси за самобендисана.
Секогаш се трудам, максимално се трудам да се погледнам и од страна, да увидам што не чини и без проблем си го признавам тоа пред се на себе, а доколку е потребно го признавам и пред другите, со цел да се поправам и да не ги повторувам одново истите грешки.
Не ме води желбата да сум над сите, всушност не сакам да сум над никого, сакам да сум на иста линија со луѓето кои ми се блиски и прифаќам да бидам под луѓето од кои зависам и ги почитувам, доколку се бара тоа од мене...
Сакам кога работите ги завршувам сама без никаква помош, но не се вообразувам. Мојот успех не се должи само на мене...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Горделив сум ама самобендисани мразам ... :rolleyes:
И + ме нервиера кога си се фалат самите себе си ...(facepalm)
В ред е да си имаат доверба во себе ама сега до толку да се покажуваат ,...-не бива ...:nah
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13