Самобендисаност

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Ја си признавам дека сум самобендисан и тоа најмногу што може.И супер ми е.Според мене, тоа е убаво :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee -

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Јас имам таков професор. Само тој е во право, само тој знае се, или она што се вели „јас, јас, јас...“
Тој магистирал и ќе докторира, тој е асистент на факултет и мисли готово, тој е господ.
А тоа што се истакна како самобендисано суштество, нас (учениците) не поттикна да го зафркаваме. Да си играме мајтап со него.
Нормално, ептен лесно се лути и избувнува. А нас денот не ни е ден ако не го налутиме.:D
Да, тоа не е во ред, каков-таков професор е и треба да го почитуваме.
Но, тој е самобендисан професор. А самобендисаноста не е особина за почит.

Значи, океј е да имаш самодоверба, самопочит, ама да си самобендисан или нарцис не е океј.
Прво, никој не е совршен. Секој има одредени маани и недостатоци. А нарцисите тие маани и недостатоци ги преувеличуваат во доблести и квалитети. Тоа не чини.
Второ, како што напишав погоре во конкретниот случај, нарцисите се личности кои лесно се нервираат и избувануваат, а со тоа стануваат и предмети за потсмев кај останатите.
Трето, одбивни се. Со нив не можеш да дискутираш за ништо од проста причина што, според нив, тие се во право.
И што ќе ти е во друштво таков човек со кој не можеш да смениш два-три реда муабет?!

Убаво е да имаш високо мислење за себе ако тоа истото е поткрепено со факти и навистина си личност за која треба да се има високо мислење.
Убаво е да имаш самодоверба и да си сигурен во себе секогаш.
Е тука некаде е границата меѓу овие две особини и самобендисаноста. А бидејки е тенка лесно може да се пречекори.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Да ги разграничиме поимите:

Самодоверба - Оптимизам, Ведрина.
Пример: Периодот кога се вратив од војска беше исполнет со многу илузии и ведрина.

Самопочит - Почитување самиот себеси, сопствени дела, успеси и достигнувања во животот кои ги сметаме достојни за почит.

Самобендисаност - Тој што е бендисан во самиот себе.
Пример: Толку се спокојни, самозадоволни, самобендисани што одвај имаат време да се цитираат себе си.

Нарцисоидност - Заљубен во себеси, самовљубен.


Сите ја знаеме легендата за Нарцис. Типчето се заљубило во својот одраз, сакал да го прегрне, но бидејќи вода не се гушка, решил да умре и се сторил во цвет - нарцис. Нарцисоидните луѓе се заљубени во сопствен одраз од огледалото, тие не се воодушевени од себе како слични на ним самобендисаните.
Нарцисоидните луѓе се воодушевени од фантазијата за себе и умствено создадената слика во глава која најчесто нема допирна точка со реалноста. Тие не опседнати со себе, напротив опседнати се со претставата за себе која ја гледаат во огледало.
Постои и десктруктивен нарцизам кој води до заробеништво на омраза и незадоволство од самиот себе. Фрустрацијата која впрочем доаѓа од немоќта да се биде совршен е двигател на ваквата психичка појава кај одредени луѓе.

Самобендисаните се опседнуваат со тоа што се, иако субјективноста е главен причинител за ваквата особина, а особено ако е изразена. Нив не им е потребен двигател или човек да ги сака. Тие се дозволни на за себе, а околината не ги тангира макар се истурила од плукање и омаловажување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

AnDrEj

Полноправен Член
25 април 2012
8
24
13
28
Strumica
не сум самобендисен,мразам самобендисени луѓе ]:) неможам да ги трпам,само они знаат само они се паметни.. (punch)
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
нема шо да мислам за нив,си успеваат.а иначе да можам ке си го бапнам :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Nemirna.

Активен Член
14 февруари 2012
116
84
28
Ме нервираат самобендисани луѓе. Океј е да се има самодоверба, да си се сакаш себеси и да си горд на тоа што си ама немора пред сите тоа да го кажуваш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Имаше една девојка во 3та и 4та година средно во која бев заљубена. И се воодушевував, секогаш зборував само за неа. Ја величев, ја правев најпаметна, најубава, недостапна, недопрена. О боже, колку ли недозреана сум била. Многу научив од тој период. Мразам што сум била таква, со огледалото пред себе 24/7 - на час, на одмор, дома. И сјајот за усни го шлапав на себе 24/7 и се ужаснував ако ми штрчи некое влакно од косата, па пискав ако не дај боже видам некој моден крик. Ма дај.. колку очајно патетична греотка сум била. Сега ми е трагично тоа и во исто време смешно.
Ама тоа мое однеусвање имаше друга позадина. Небитно, долга психолошка приказна.
И сега понекогаш на површина испливува некој таков дел од мене, ама присебна сум.
Научив да ги разграничувам поимите самобендисаност, нарцисоидност, самопочит, самодоверба.
Сега се сакам себе си, се почитувам, знам колку и што можам. Достојна сум на себе си, скромна кога треба и самобендисана исто така кога треба. Не се занесувам, не зборам постојано за себе. Сега ги слушам оние кои зборат за себе и се насмевнувам, во себе знам дека сум некогаш подобра некогаш полоша од нив.
Не ми сметаат такви луѓе. Знам дека минуваат низ некој период. Некои се вообразени, тие не ги ни забележувам.
Оставајте ги луѓето да ја изживеат таа нивна самобендисаност, еден ден ќе сфатат колку ниско биле паднати.
Зборувам за оние ептен ептен умислените за кои границата не постои и кои којзнае дали некогаш ќе се подигнат морално и карактерно :kafe
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Што вие мислите за ваквиот тип на луге?
-Не ги поднесувам, мразам ваков тип на луѓе.​
Колку често наидувате на вакви луге околу вас?
-Многу често за жал, имам многу другарки такви кои си мислат дека се најубави, најпаметни, убаво е да се сакаш себеси, ама се си има своја граница.​
Дали се сметате себе си за самобендисан-а?
-Не, никогаш не сум била а сакам да бидам барем малце.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Немам фејсбук, ама кога другарките ќе ми отворат нивни профил, и кога ќе видам и на нивни слики и на сликите од нивните пријателчиња тоа секоја слика пред чаршија сликани набузени,дотерани како за на свадба и одоздола пишано “најубаа сум“ нема сомнеж се работи за нарциси. Тоест и не се можеби вистински нарциси ама некако околината ги тера така да се однесуаваат. Обично се работи за плитки луѓе без никакви морали и сваќања што само ги интересира колку лајкови ќе соберат и колку нови “пријатели“ ќе придобијат. Пред зграда гледам 10-12 годипни девојчиња со огледалца во рака се караат која била поубава и чива коса била како на адриана лима....wtf? јас играв стој стој и жмурка на тие години, со машки се дружев и имав кратка коса и не знаев искрено дека постои поим “најубаа сум“ ...
Исто Има луѓе кои мислат дека се најпаметни (според мене најлошиот тип) со таквите не сакам ни да влезам во дијалог зошто можна е физичка пресметка одма ми се дига притисоков кога ќе слушнам како за сите можни аспекти у животов се експерти и ги гледаат другите како луѓе како да се со блага ретардација (нешто што повеќе наликува да е нивна дијагноза) ....

Имам самопочит затоа што знам каква личност сум, и во границите на она што го поседувам се однесувам. Исто имам и самодоверба, не да пукам како надуен паун, туку во битни моменти од животов знам да ја кренам главата и да се покажам во најдобро светло без да дозволам срамот и стравот да ме победат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi