Салати

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ај вадете тефтерите со рецепти и запишувајте. Оваа сама си ја измислив, во еден убав летен ден кога се чудев што да правам со досадата :giggle

Пиперка зелена лута ситно се сецка, се сецка шунка на коцкички, печурки конзервирани на ливчиња.
Ова се меша заедно и се додаваат две лажици урда, една павлака ( 250 гр) и мало кесиче мајонез.
Едно лажица мелени ореви се додава во хомогената смеса, заедно со малку вегета и две три капки маслиново масло.

Убавина :)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Салата со туна и јајца.

Потребно:
-Зелена салата (марула)
-Туна
-Варени јајца
-Сол, масло и киселина
Подготовка:
-Марулата ја ставате во поголема чинија (исечкана како и обично), потоа во чинијата ставате туна исечкана и јајца исечкани. После сол, бибер, масло и киселина ставате :D
Може ви личи чудно ама е многу убава..
Bhb9C.jpg
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
приметив дека мајонезната салата вие ја викате руска :) аруска салата по нашки е сосем друга салата...

иначе и ја сум по салатите...еве неколку...

салата со макарони

потребни состојки: макарони, туна во парчиња, кисели краставички, печлурки, мајонез, кечап, кромид пола главица (по желба), вегета

ги вариш макароните и ги ставаш во една вангла, потоа ја истураш туната, ги додаваш исецканите краставички, печурки и кромид, ставаш вагета по вкус, малку кечап, и мајонез неколку лажици (да биде доволно со целата смеса) и мешаш додека со соединат состојките.


Салата со маслинки

потребни состојки: 500гр зелени маслинки, 500гр црни маслинки, 3-4 црвени пиперки бабури, 2-3 чешчиња лук, 1 лимон, маслиново масло, магдонос.

ги сецкаш сите состојки и ги мешаш...погоре напишав 500гр маслинки пошто си ја правам салатава и имам за цел месец, посебно ми е погодна при постење.


туна дипс

потребни состојки: туна , павлака, маслиново масло, лук

сите состојки се ставаат во блендер и испаѓа смеса во вид на паштета...погодна е да се јаде со чипс или топли ѓевречиња
 

Adele

Нов член
27 март 2012
5
1
1
Дома
Јас наместо да сечкам, рендана ја правам руската салата. Само грашокот не го рендам. Превкусна е вака, плус сокот од краставиците може да се исцеди настрана за да не го раствори мајонезот.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Салата од грав и сланина



baked-beans.jpg

Приготвување:
Загрејте го маслото во тава на средна температура. Ставете ги ги сланината и кромидот. Повремено мешајќи, пржете ги 5 минути, или додека сланината да стане крцкава, а кромидот да омекне.
Во тавата додајте ги доматниот сос, водата, медот и сувата пиперка и убаво измешајте. Повремено мешајќи, пржете ги 5 минути, и понатаму на средна температура, или додека смесата да згусне.
Додајте го сварениот грав, убаво исцеден. Динстајте мешајќи 3 минути, или додека гравот убаво да се стопли. Додајте го магдоносот. Зачинете со сол и црн пипер. Сервирајте на тост намачкан со путер.
За вегетаријанска верзија на ова јадење, сланината заменете ја со морков или со целер.

Состојки:
2 лажици маслиново масло
3 парчиња сланина, крупно сечкани
1 мал црвен кромид, ситно сечкан
250 мл доматен сос
125 мл вода
1 лажица мед
1 лажица дробена сува пиперка
400 г грав, сварен
2 лажици сечкан свеж магдонос
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Салата со пилешко месо

300 гр бело пилешко месо
маслинки,
грашок,
компири (1-2 парчиња зависи од големината),
павлака,
мајонез,
сирење.

Месото се вари и се раскинува на парченца, се става во еден сад.
Во него се додаваат сецкани маслинки, претходно сварените и изренадани компири, грашок обарен по желба, дробено сирење по желба, една павлака ( 200 мл) и две лажици мајонез.
Смесата се меша за да стане хомогена ( ако сакате може и малку свежа марула да ставите, имам пробано интересно е)

Се зачинува со малку сол и бибер, а може и нане.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Одличен лесен летен оброк, кој брзо се приготвува…
Потребни состојки:
  • 400 г компир
  • 250 г грашок
  • 100 г пченка
  • 2 свежи краставици
  • 1 кромид
  • сол (по вкус)
  • бибер (по вкус)
  • магдонос (по вкус)
  • маслиново масло (по вкус)
Начин на подготовка: Сварете го компирот и исечкајте го на коцкички или на кругови. Грашокот и пченката исто така треба да ги сварите, да ги исцедите и да ги измиете со ладна вода. Кромидот исечкајте го многу ситно. Свежите краставици исто така исечкајте ги на тенки кругови или на коцкички.
Сите овие состојки, измешајте ги убаво во еден поголем сад и додајте ситно сечкан магдонос. Потоа посолете и ставете малку бибер.
1-meshana-salata-so-kompir-www.kafepauza.mk_.jpg


извор
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Шарена салата
1 главица карфиол 500 гр смрзнат грашок
2.5 дл млеко
благ црвен пипер
малку шеќер
црн пипер
сол

Прелив:
200 гр мајонез
1 главица кромид
1 чешне лук
1дл јогурт
1 лажица киселина
малку црвен пипер
магдонос
сол

Убаво измиениот и исцеден карфиол се разделува на покрпуни цветови. Млекото се раздредува со малку вода, се посолува, се додава црниот пипер, една лажичка црвен пипер, малку шеќер и се става да се вари. Кога ќе проврие во него се става карфиолот и смрзнатитот зеленчук, па се вари на тивок оган додека да омекне. Потоа се процедува и се остава да се излади. На страна се подготвува преливот од исечканиот кромид, лук и се додава мајонезот, јогуртот и киселата павлака (горе пишува киселина, а овде кисела павлака-незнам што е точното
emoticon-0102-bigsmile.gif
). Овој прелив се дадава на салатата, се промешува и се зачинува.

Салата - макарони, мајонес, к.краставички

Потребни состојки:
* 100 грама шунка (по желба, свинска или пилешка)
* 100 грама сирење
* 400 грама макарони
* 100 грама мајонез
* 400 грама кисели краставички
* 200 грама кисела павлака
* 100 милилитри јогурт
* 4 јајца

Начин на подготовка:
Сварете ги макароните во вода со сол, исцедете ги и измијте ги со студена вода. Оставете ги да се исцедат во цедалка. Потоа, излупете ги јајцата и ситно исечкајте ги заедно со шунката, сирењето и киселите краставички. Потоа, во длабок сад ставете ги макароните, додајте им ги јајцата, шунката и сирењето и краставичките. Во одделен сад измешајте ги мајонезот, киселата павлака и јогуртот, измешајте ги состојките за преливот, полејте ја салатата, измешајте и оставете во фрижидер до служење,за да зацврсне.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Цезар салата за 4 лица
Потребни состојки:

-2 марули
-300г пилешко филе
-300г свежи домати
-100г двопек
-120г маслинки
-100г пармезан
-Сос за зачинување направен од сенф, мајонез и сок од лимон

Начин на приготвување:
-Испечете го пилешкото филе на грил тава или на скара и исечкајте го на ситни коцки.
-Искинете ги листовите од марулата на парчиња.
-Исечкајте ги доматите на мали коцки.
-Искршете го двопекот на парчиња.
-Обескостете ги маслинките и ситно -исечкајте ги.
-Состојките ставете ги во длабок сад и додајте го претходно приготвениот сос за зачинување. Промешајте.
-Изрендајте го пармезанот на површината на салатата и послужете.
10734166_1553548488190550_5006549402014224013_n.jpg