1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Салати

Дискусија во форумот 'Готвење и рецепти' започната од Мила, 1 март 2012.

  1. Мила

    Мила Активен Член

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    120
    Допаѓања:
    99
    Не видов тема за салати. Ме интересира дали знаете да придотвувате некаков вид на салати?
    Дајте ваши предлози, рецепти...

    За почеток еве една што ја правам често!

    Салата од печени компири


    1 кгр. розе компири
    300 гр. масло
    1 главица лук
    сол
    црн пипер

    Измијте го компирот и ставете го во рерна да се пече. Од како ќе се испече, излупете го и пропасирајте го додека е топол и веднаш ставете сол, толчен лук и постепено мешајќи ставете го маслото додека не се потроши целото и на крај црниот пипер. Се служи како ладна или топла салата.

    Салата од домати
    Потребно:
    4 домати
    2 зелени пиперки
    3 тврдо варени јајца
    масло
    1 главица кромид
    Исчистете ги пиперките од семките и исечете ги на коцкички. Исечете ги доматите на парчиња. Измешајте ги, па додајте сол и масло. Излупете ги тврдо варените јајца и кромидот, исечете ги на тркалца и распоредете ги врз салатата.
     
    На Minella и Sugar им се допаѓа ова.
  2. Blueberry

    Blueberry Староседелец

    Зачленет на:
    12 февруари 2012
    Мислења:
    205
    Допаѓања:
    158
    Јас правам цвекло салата. Наједноставна и супер освежува. Земете тегла цвекло и една павлака пола кило. Исецкајте го цвеклото на ситно, додадете павлака по желба колку сакате да биде густо и уживајте во дегустација :)
     
    На N|ghtmare_f и Minella им се допаѓа ова.
  3. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Јас како изврсна домаќинка и вечити сновач низ кујна, највише мерак имам на салати.:D
    Значи свежи или кремасти, ми прават кејф ептен.

    Оваа си ја правам прилично често, таман е посна а навистина најадува, за сите што ги практикуваат постиве...
    Не знам у количини, зашто си ја спремам од око, зависно дали ја правам само за мене или за групна седенка со пријатели.

    Потребни состојки:
    -компири
    -маслинки
    -туна на парчиња
    -моркови
    -маслиново масло
    -лимон
    -магдонос

    Подготовка:
    Компирите се варат и се сецкаат на коцки со средна големина, се додаваат туната, исецканите маслинки.
    Морковот треба да биде свеж и се ренда.
    Се додава ситно исецкан магдонос, сол, маслиново масло ( малку зашто и од туната има), и сок од лимон.

    Се меша и се јаде, разбира се :cool:
     
    На Adele и Sugar им се допаѓа ова.
  4. Sugar

    Sugar Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    501
    Допаѓања:
    1,110
    Само шопска и руска! (happy) не верувам дека некој не знае рецепт :D
     
    На cakar_ulav му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cakar_ulav

    cakar_ulav Староседелец

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    1,566
    Допаѓања:
    1,926
    ја ке ти кажам
    шопската салата оди со
    -патлиџан
    -чушка ( пиперка )
    -краставица
    -сирење ( рендано или сецкано исто е )
    - може по вкус кој сака малку марула
    - и се знае 1 кг. ракија :D:rofl
    а за руската салата ја знам како зимница....вака не ја знам :D
     
  6. Мила

    Мила Активен Член

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    120
    Допаѓања:
    99

    Ејј, кој не ја знае руската:)
    Салама, грашок, мајонез, кисели краставички, моркови, по желба ставаат и кашкавал и компири. Јас никогаш не ставам компири, не ми се допаѓа така.

    [​IMG]
     
    На mila mila, Minella и cakar_ulav им се допаѓа ова.
  7. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    цезар салата: марула.стек,кубети,церар сос(балсамико, коњак и мајонез),пармезан....омилена ми е : )
    и наравно грчка салата vs узо : )
     
    На She, melpomena, street_chic и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. Sugar

    Sugar Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    501
    Допаѓања:
    1,110
    Недоразбирање :D Кажав дека тие ги знам само, не дека барам рецепт, нвм , фала Мила што ме настрви сеа со сликата :gladen
     
    На cakar_ulav му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Boyka

    Boyka Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    255
    Допаѓања:
    737
    шопска+ракија нема боље Ч)
     
    На She, Bum-Bum и parvati им се допаѓа ова.
  10. Minella

    Minella Активен Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    169
    Допаѓања:
    171
    динстан зеленчук ,борокула,морков ,грашок или карфиол ...... ммммм ... без додаток на оцет ,масло или сол
     
    На Мила му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: