1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Дискусија во форумот 'Љубов и секс' започната од Saladin, 23 февруари 2012.

  1. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,286
    Допаѓања:
    2,935
  2. Ballet is my life

    Ballet is my life Активен Член

    Зачленет на:
    9 јуни 2018
    Мислења:
    239
    Допаѓања:
    58
    Сега си тука, те имам, мој си. Но се е џабе. Се е џабе ако мора да се криеме, да бегаме, да се плашиме некој да не не види. Зошто да ја криеме љубовта? Зар љубовта е нешто забрането, недозволено? Зар несмее некого да сакаш? Зар несмее да најдеш некој кој ќе ти го разубавува секој ден? Зошто на нас тоа ни е забрането? Зар сме поразични од сите, па ние несмееме да сакаме?Зошто наместо да уживаме и да бидеме среќни ние мора да мислиме за тоа што да правиме, како да избегаме и да се спасиме? Се уморив веќе, цел живот е борба, борба која нема крај. Ќе се избориш за нешто, и таман кога ќе помислиш дека е готово, дека можеш и ти да уживаш, ќе искочат уште еден куп нови борби. И така цел живот. А за што се бориме? Зар неможе бар еден ден да помине без некоја борба? Бар еден ден да уживаме во тоа за што сме се избориле. Толку од мене љубов, доволно се борев, неможам повеќе. Оставам се на тебе, твој ред е. Сега се зависи од тебе. Ако успееш ќе одиме заедно понатаму, ако не, за жал секој ќе мора по свој пат. Знам дека бев секогаш таа која последна се откажуваше и таа која секогаш беше позитивна. Но неможам повеќе. И јас треба да живеам. Извини, но јас се откажувам, сега се зависи од тебе. Со среќа!
     
    На shadow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ballet is my life

    Ballet is my life Активен Член

    Зачленет на:
    9 јуни 2018
    Мислења:
    239
    Допаѓања:
    58
    Утрово ме праша дали после се што се случи, сеуште те сакам. Потоа заѕвони телефонот и не успеав да ти одговорам. Но еве сега ќе ти кажам.
    Зар така ти изгледа? Зар изгледа како да не те сакам повеќе? Зар така изгледа? Добро, се се случи, сешто поминавме. Но јас на ниту еден момент не прекинав да те сакам. На ниту еден! Да, изгубив надеж, се откажав, но никогаш не престанав да те сакам, само се повеќе те сакав, и се повеќе ми фалеше. И никогаш нема да прекинам да те сакам. Затоа што кога човек ќе се заљуби во тебе и да сака неможе да прекине да те сака, докажано е.
    Никогаш не престанав да те сакам, тоа знам. А дали ти осети помалку љубов, па затоа праша? Ако си осетил знам и зошто. Затоа што се одалечивме еден од друг, затоа што помалку сме заедно, затоа. И ти добро знаеш како можеш тоа да го поправиш, но или си мрзлив или се плашиш или не ти е гајле. Како и да е знај дека те сакам!
     
  4. КоњчетоЅвончо

    КоњчетоЅвончо Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,139
    Допаѓања:
    2,207
    Моља ти се искочи од мојата глава, затвори врата и заклучи два пати.
    Немам место веќе за празни фантазии..
    Сакам да живеам, да бидам реална..
     
    На Prashina, shadow, antonio и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ballet is my life

    Ballet is my life Активен Член

    Зачленет на:
    9 јуни 2018
    Мислења:
    239
    Допаѓања:
    58
    Ми фалат утрата кога галејќи ме по косата ми викаш добро утро. Ми фалат утрата кога заедно подготвуваме појадок. Ми фалат утрата кога спремајќи се за на работа ми го зимаш несесерот со шминка и ми викаш не ти требаат овие отрови, покажија на светот твојата убавина. И така цело утро се бркаме по цел стан за да успеам да го земам пак. Ми фалат утрата кога заедно одиме на работа трчајќи или со точак. Ми фалат пробите на работа кога онака љубоморно гледаш кога играм со друг. Ми фалат деновите кога се обидуваш да подготвиш сам вечера, но на крај сепак заедно ја правевме. Ми фалат ноќите кога гледаме филм или фудбал заедно. Ми фалат ноќите кога замислена лежам во кревет, а ти само ќе дојдеш ќе ме гушнеш и ќе ми речеш ајде, да слушнам што ја мачи и нервира мојата месечина, а кога ќе ти кажам одеднаш наоѓаш решение на секој проблем и даваш најдобри совети за се. Ми фали времето поминато со тебе, ми фали секој момент, ми фалиш ТИ.
     
    На carica и Prashina им се допаѓа ова.
  6. Ballet is my life

    Ballet is my life Активен Член

    Зачленет на:
    9 јуни 2018
    Мислења:
    239
    Допаѓања:
    58
    Реши се веќе и кажими. Ме сакаш или не? Не ме маткај, не ми го троши времето не си го троши и твоето. Аман веќе толку ли е тешко да се каже
     
  7. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,570
    Сите приказни исти се, тажни како нашата, ние не ја измисливме, само ја одигравме.
     
    На Prashina, Iris* и Ballet is my life им се допаѓа ова.

Сподели: