1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Дискусија во форумот 'Љубов и секс' започната од Saladin, 23 февруари 2012.

  1. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,043
    Допаѓања:
    3,261
    Ноќва е бедем околу последните атоми на моето постоење, затоа што не погледна ниту еднаш во небото наше украсено со нецелата месечина, наситена со гладот на црното мастило, можеби се лажам себе си дека е есен и се е овенато во златно жолто, одраз на сонцето уморно, во очиве зимзелено, како најава за нешто студено што извира со треперливо цутење на усните ти, со модро бакнување, кое почна и не застана до твојата снага истурена во горчливиот вкус на изворот на недостасувањето, мое и твое, кое заспива некаде измеѓу мене и тебе, одвоено и распнато во коренот на крстот издлабен со непребол, распрскан со дождот натопен врз крилјата детски и сино пенливи, не допирајќи ја земјата, со дланките подадена молејќи за туѓи животи во кои изникнавме со цвеќињата одамна, без да те сети, во сонот да те запроси, со црна срма да лута и проси, за воздишка недопрена, што не те возвиши и не ме воздигна над нас, пред нас, во бескрајот на муграта која гори со искрите на космосот, кој носи ѕвезди долгокоси, гердан од моите солзи, на градите кои тајно во срцето ги носиш.
     
    Последна промена: 25 октомври 2017
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,043
    Допаѓања:
    3,261
    Ти, шепот во нечии усни нежни, јас, дожд капнат врз нечии коси, толку не има насекаде, можеби и ќе се сретнеме во нечии очи, од нема шега натопени.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    397
    Допаѓања:
    864
    Пол:
    Женски
    Во светот на сенки и шепоти само ти ја разбиваш тишината, како дожд се истураш врз телово, ја миеш тагата, ми правиш виножито во душава.
     
    На BaceE и Mystic им се допаѓа ова.
  4. BaceE

    BaceE Нов член

    Зачленет на:
    26 октомври 2017
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Како што ме гледаш со поглед неспокоен така јас те чекам тебе
    Како што розата наутро се буди кога сонцето изгрева така јас те чекам тебе
    Како што месечината ноќе свете така јас те чекам тебе
    Како што ветрот го носе секое паднато лисје така јас те чекам тебе
     
  5. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,043
    Допаѓања:
    3,261
    Се заљубив повторно во тебе и тоа е чудесен дар, среќен сум и се ме врти, се ме игра во солзите на есента, како братска судбина со една девојка.
     
    На Iris* и BaceE им се допаѓа ова.
  6. Dorina

    Dorina Активен Член

    Зачленет на:
    20 октомври 2017
    Мислења:
    81
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Dojdi za da zamines.
     
  7. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    397
    Допаѓања:
    864
    Пол:
    Женски
    Те сакам бескрају на нежноста, тебе, што во се те пронаоѓам, во росата што ја капе розата наутро, во топлината со која сонцето ги гали градиве, во трепетот на ѕвездите и сребрениот сјај на полната месечина.
    Те сакам единствен, ти што со своите меки стапала не газиш по земјата, туку по срцево мое, те сакам тебе и златната прашина што го прати чекорот твој.
    Секој мој чекор низ осаменоста ме носеше право кон тебе, и не ми важен патот што треба да се мине, додека пред себе ја гледам твојата насмевка, и трњата што ја параат кожата не можат да го избришат мирот во мене од погледот на твоите очи.
    И помислувам понекогаш, како е всушност добро тоа што ми фали малку разум, зошто кога би го следела само својот строг ум не би била она што ти ме направи, среќна жена.
    Се осмелив твоето срце да биде мој дом и не жалам, верувај и корењата свои би си ги потсекла, и крвта своја со твојата би ја помешала, па нека чука едно срце, една душа.
     
    На Mystic му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,043
    Допаѓања:
    3,261
    Само потрај, можеби до вечноста, моја и твоја, несудена ко прстен за еден живот, во кој си ми потребна ти и твојата светлина на дланкиве со која го милувам лицево секое утро и не сакам да мислам на ништо друго, освен на мирисот од твојата коса неврзана, сакам кога со прстиве, прамен по прамен ти ги откривам усните со златниот поветерец на есента, да ги допрам со моите.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,204
    Допаѓања:
    2,843
    Ne me boli toa sto trebase a ne go doziveavme tuku me boli toa sto go nosam a go umrtvuvam za da polesno go pominam denot.
     
    На Mystic му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,043
    Допаѓања:
    3,261
    IMG_20171106_061456.jpg
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: