Убав мој, ти кој ми го разубави животот, ти кој ми подари среќа, ти кој ми ја отвори вратата на еден преубав сон, зошто можев да заминам од овој свет, без да го почувствувам она возвишеното кое ти несебично ми го даваш, светлината го има твојот лик, а утрото премногу мириса на тебе. Запомни секогаш ќе има некој што ќе те чека, на почетокот на денот, на крајот од денот, на крајот од патот, на крајот од животот. Секогаш ќе има некој кој едвај чека да ти го чуе гласот. Споени или раздвоени, кога одиш и кога се враќаш. И знам дека ме сакаш и знаеш дека многу те сакам.
Spiesh li mirno dodeka uriniraat na ljubovta, spiesh li mirno vo ranata zora koga besot na nedoprenata zena te posakuva. Piesh li do dnoto na chashata dodeka nekoj te ljubi vo sonot? Koja ti e omilena boja dodeka krvta vrie i te zaslepuva? So koi ochi me poglednuvas?
Колку тешка може да биде првата искрена љубов, не можам сеуште да поверувам дека воопшто сум ја доживеала но за по толку време да сфатам дека постоела со само неколку збора, апла тешка треба да била. Многу ми е жал што заради ред недоразбирања, иако мислам дека и да ги немаше ништо немаше да се промени, не успеавме да создадеме нешто повеќе. Можеби сега ќе имавме сосема друг живот, но така требало да биде, само сакам да ти кажам иако знам дека никогаш нема да прочиташ дека покрај празнината што ми остана се наоѓа и по некој добар спомен кој ќе го искористам како пример во животот. Се надевам ќе најдам уште една личност како тебе.
Кога ќе се искршиме ко откинати узреани плодови врз земјата, тоа ќе бидат парчиња на нашите механизми во телата кои беа моќно исполнети со емоционално, енергетски и ментално компатибилни аспекти на нашето придвижување, но така ќе ја манифестираме слободата и безграничноста на нашите души кои се поттурнаа во космосот за да го разбереме нашето егзистирање, сепак да се допреме самите одвоено во сето нематеријално кое дише во нас со светлината на ѕвездите, толку далечни, а толку блиски, како што времето не престанува да ја одбројува вечноста сокриена во сказалките на истрошениот часовник.
Скриено во насмевката твоја, небото никогаш не било поблиску. Те чувствувам под прстите како во сон, течеш како стих, далечен а сепак мој. И кога ноќва ќе затреперат лисјата во овој град ќе заспијам поинаква од таа што бев, ќе го прегрнам сонот опсипан со ѕвезди и ќе се сместам удобно во твоето големо срце, дарувајќи ти ја сета своја љубов.
Ги поделив со тебе најдлабоките тајни на машката душа, перверзно и безобразно, за да се спојам со твојата женственост, нежна и неодолива, да го откријам битието на создавањето, на спојувањето со бескрајноста.
Не е до мене, до тебе е, твоја рефлексија во мојата светлина, екстазирај ноќва во секоја пора на твоето тело и не заборави реалноста е реална кога во неа ќе ја истопиш имагинацијата.
Отворени се сите коридори по имагинарниот пат на сонот, затворам очи и се нурнувам во твојата душа, те прегнувам со мојата светлина, моментот е краток но носи блаженство и бескрајна радост. Има ли нешто пореално од радоста?