Сакам да кажам/Сакам да прашам

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Не само според овој пост туку и претходни слични ме потсети дека ми личиш на главниот актер во филмов ..Изгледа некоја магија ти имаат тебе направено:D
Оваа тазе породенава ме проколна, да не бидам среќен после неа :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
-Може лајк?
-Може да, стави кај сакаш.

Уште не можам да го сфатам тоа со лајковите на фб.
-Денес е сабота. Ако се согласуваш со мене стисни лајк.
-Плисссс лајк срце си... <333333
-Лајк и ќе ти ставам срце на ѕид.
- Лајк и ќе ти направам слика со Бурхан и Надиде.

И што еве на пример која е разликата што јас имам 3 лајка спрема нејзините 333? Тоа нејзе ја прави поголем човек, нешто над мене? Така се осеќа? Којзнае кое задоволство, кој силен оргазам го доживуваат со секој еден стиснат лајк па да стигнат и до ситуации да молат за него.
Ги носат на ескурзија, им плаќаат по лајк?
И најчудното е што не се сите тие малолетници :)

Или па ова...
Ратка објави албум со 126 слики од ВЦ. (facepalm)
На Ратка и се допаѓа ова. (facepalm) х10

Еден пост од еден друг форум од личност која ја почитувам многу.
Се` околу реалната причина на постоењето на копчето „ми се допаѓа“.

Потреба да се биде различен, поинаков, несфатен?

21 век е векот во кој допаѓањето го изгуби своето значење (дел од таа заслуга ја има фамозниот "like" на фесбук), но не, не зборам за тоа, зборам за она дека допаѓањето суштински го изгуби своето значење (не само на онаа слика која лицемерно ќе ти ја „лајкне“ такаканаречен пријател и ќе ти напише, супер си, mwa топ, kiss итн. итн.). Ние престанавме вистински да си се допаѓаме еден на друг затоа што правиме сè за да им се допаднеме на другите, а толку малку за да си се допаднеме себеси. На интернет пишуваме работи спротивни од она што го мислиме чисто како провокација па онака „из љубав“ да ни „удрат еден лајк“. Заробеници на лајк. Ебати апсурдот, слободни сме, различни сме, а заробеници на едно глупаво копче со кое другите ни докажуваат колку сме убави и паметни (златни тие на мама).

Сакаме да сме поинакви од масата и џганот, а лицемерно се држиме до нив. Зборуваме како нештата треба да се променат, а не можеме самите да се промениме, не можеме да се ослободиме од нашите стравови и се прилепуваме до нив, потоа компромисно се обидуваме да се оправдаме. Па дури утопистички веруваме дека имаме некакво право на избор. Каков црн избор? Сите сакаме да сме единствени, уникатни, лидери, најпаметни и бидејќи никогаш никому не му се понижуваме ниту потценуваме немаме вистински ЛИДЕР за протести, немаме човек кој ќе каже каде треба да се оди и што да се прави. Затоа што ние сме тешки индивидуални интелектуалци и немаме потреба од тоа. А без лидерот сме множество безглави овци. Според сопствената волја секој оди каде сака, прави што сака. Анархија? Безредие, хаос. Хаос, што би рекла Покојна Милева.

Хипстерска идеологија што е само начин да кажеме колку ни смета мејнстримот и колку ние сме вистински уметници. И педерски облечени машки кои тој термин го дефинираат како - невообичаен стил за посилниот пол. Онака, ептен сме невообичаени, баш уметници, креативци. Абе алал да ни е. Просто да ни позавидат. Не ги восхитивме, ами ги превосхитивме тастатурите.

Ние знаеме сè без ниту една прочитана книга. Зошто ни е да ги читаме класичните автори и кој фактор се они да ни кажат нешто? Ние го измисливме светот, пред нас немаше други луѓе, ние сега најдобро живееме и сè си знаеме. Знаеш ко онаа на К15, како дишеле луѓето пред да го измислат кислородот?
Го извештачивме светот толку многу што го свртевме наопаку, не им дозволуваме на нештата да се движат по природниот тек, ние мораме секаде да интервенираме, да покажеме колку сме поинакви, паметни.

Дури не им дозволуваме ни на животните да бидат она за коешто првично се наменети, замисли Кеј, првичната намена - да му служат на човекот. Барем така ме учеа уште во второ одделение, ама шо знаат тие?
Протестираме против нивното мачење во циркус. Лицемерие од краен степен. Зошто не протестирате против селанецот што се качува во шума и бере дрва па го тера кутрото магаре да му ги носи до дома за да може тој после да се грее? Каков злобен човек, го тортурира магаренцето. За греота.

Поздрав и мир во светот!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Lena

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Убаво напишано.
Ама уште не ми е јасно која е таа потреба да имаш лајкови на нешто, која е нивната улога во градењето на самодовербата и што лајкот менува во сликата што ја гледаш во огледало...
Зошто за да молиш за нешто, треба да имаш очајна потреба од него. Гладниот моли за леб, жедниот за вода, за што е гладен оној што моли за лајк?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Убаво напишано.
Ама уште не ми е јасно која е таа потреба да имаш лајкови на нешто, која е нивната улога во градењето на самодовербата и што лајкот менува во сликата што ја гледаш во огледало...
Зошто за да молиш за нешто, треба да имаш очајна потреба од него. Гладниот моли за леб, жедниот за вода, за што е гладен оној што моли за лајк?

За внимание.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
требало да ставиш ливче со твоето име/ник за да знам дека ти си ја сликала. Вака кој ми гарантира дека не си ја нашла на некој блог или слично?
: D
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
требало да ставиш ливче со твоето име/ник за да знам дека ти си ја сликала. Вака кој ми гарантира дека не си ја нашла на некој блог или слично?
: D
Требаше јас да се сликам со локумот:D

Освен тоа нели можеше едно време да провериш дали сликите се копирани или не?
Сликав со тел.
И на крај краева зошто би лажела?
Сфашта.