Сакам да кажам/Сакам да прашам

malecka

Староседелец
3 април 2013
66
40
1,028
СДК дадов отказ на работа. Не можам да го гледам колегата а да не го имам, психички морам да се вратам во нормала, ептен го засакав п***а му матер !!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

malecka

Староседелец
3 април 2013
66
40
1,028
СДК, откако дадов отказ одма друг план во акција , но овој пат поима немаат моите од дома што правам и во која држава ќе одам . Осеќам грижа на совест, но не можам да им кажам ништо додека не го завршам планот оти мразам некој да ме кочи во тоа што сум го наумила.

Со Господ напред , се надевам се ќе оди според планот.

п.с. за 2 саати треба да бидам на аеродромот
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Колку ме нервираат оние родители што си ги мачат децата да бидат успешни уште од мали нозе.
Па тие се уште мали не знаат што сакаат од животот и место да ги остават да уживаат во детството, да се пронајдат сами тие ги тераат да прават нешто за кое не се ни свесни, дете ко дете на се ќе се израдува, ама тоа што ќе го искомплексираат и што еден ден сите тие комплекси од глава ќе му се удрат и на детето и на родителите ко воопшто да не ги интересира. Битно они да си се пофалат колку паметно силно дете имаат, да им завидуваат сите околу дека нивното дете е единствено, а дали детето тоа навистина го сака кој го прашува.
А да не зборам па кога е спорт во прашање посебно агресивен спорт и си ги пуштаат децата уште од мали нозе да си го уништат здравјето.
Додуша и јас мислев дека е убаво уште од мали нозе да се тренира било што, ама сепак секој спорт си има своја тежина и не секој спорт е за деца, никако! Подобро да црта, да пее, да игра, да живее па кога ќе му дојде време само да си каже што сака од животот.

п.с. Не сакам некого несвесно да навредам, сепак децата се гордост на родителите и со постигнат успех и без постигнат успех. Ова морав да го пишам бидејќи има еден што ни го знам ни го познавам ама ете некако ми се најде меѓу пријателите на фејсбук после па испадна и дека сме имаме заеднички познајници мање битно, толку многу си го величи детето што не е свесен колку му наштетува. Тоа дете ќе се научи дека никогаш нема да може да изгуби, а за најдобро не е најдобро и да стане еве секогаш ќе има некој што ќе биде подобар или со повеќе среќа, ќе го совлада и ете ти проблем.
 
Последна промена:

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Да не имаш слики случајно?
Имаат други, јас со телефон се обидов ама... освен црвена точка за Месечината и нешто сјајна точка за Марс - ништо не добив подобро :)
Инаку и те како ќе споделев... :)
Ќе има утре по порталите на астрономските друштва, мислам дека и Скопското ќе закачи една добра :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Имаат други, јас со телефон се обидов ама... освен црвена точка за Месечината и нешто сјајна точка за Марс - ништо не добив подобро :)
Инаку и те како ќе споделев... :)
Ќе има утре по порталите на астрономските друштва, мислам дека и Скопското ќе закачи една добра :)
е да да, јас па заборавив дека е денес и додека уште не беше почната со затемнвање ми се виде така убава црвена и си ја сликнав, ама исто како тебе од мобилен и се гледа само како точка, така да ќе ги следам порталиве утре оти баш сакам да ја видам.
Фала во секој случај на информацијата :)