1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Сакам да кажам/Сакам да прашам

Дискусија во форумот 'Општи муабети' започната од Mila Kunis, 6 февруари 2013.

  1. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,525
    Темава се отвара заради тоа што претходната тема е преполна со оф топици,односно затоа што дел од членовите си помислиле дека таму можат да си прават „чет муабети“.
    Не избришав ништо и не доделив опомена на никого.
    Бидете претпазливи што пишувате, не се дозволени такви оф топик мислења,ова не е оф топик тема.
    Нема да се толерираат такви мислења,ќе следат казнени поени.

    Оваа тема постои за кратки мислења/прашања за коишто не е потребно да се отвара посебна тема.
     
    На dorijan и BlackArrow им се допаѓа ова.
  2. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,381
    Допаѓања:
    9,078
    Сакам да кажам дека го пишувам овој пост поради тоа што сакам да ми стигаат известувања од темава. И да, знам дека не морав да го пишувам затоа што горе постои копче за таа намена ама ипак јас сакав да „испостам“ и да се претплатам на темава.

    СДК2: Конечно завршив со праќањето меилови по асистентите, се надевам дека утре ќе може да си ги соберам потписите и оценките и да си уплатам за семестар.

    СДК3: Искрено ги замолувам членовите кои што си прават „чет-муабет“ по темите да ги користат своите профили и приватните пораки за муабети од типот „Еј кај си, шо праиш. Утре ќе дојдам да бидеш дома“ „<рандом корисник> ќе одиме ли во <рандом место>“. Да, да...знам дека звучам грубо и изгледам ко да изигравам некој просветлител но искрено на ниеден форум тема од типот на СДК не содржи рандом „чет-муабети“.
     
    На The Tramp, Trouble, cakar_ulav и уште 13 други им се допаѓа ова.
  3. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,985
    Допаѓања:
    9,611
    Да придонесам во врска со темата малку поконцизно да прашам, мислења од кој тип се дозволени?
    Премногу општи? Затоа што таквите поведуваат веднаш кон разврзување на нет муабет.
    Може една сугестија - Сакам да кажам да биде као некој општ дневник, при што ако се започне дискусија за личните работи на темата (и со тоа се иницира чет муабет), да се бришат мислењата. Негативни да не се даваат освен ако има претензии за тролање на истата тема. За Сакам да прашам би било добро да се биде во контекст на ошти прашања како и подоцна да се одговара истотака во контекст на истите. Ако се оди вон тоа, и ако се започнува прашање со офтопик прашање кое иницира чет муабет да се брише истото но не и да се додаваат казнени поени освен ако нема претензии кон трол муабет што некој од двете страни ќе го знае тоа и ќе го пријавува како лошо мислење.
     
    На Arkantos, Redhead, Ночной охотник и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,416
    Сакам да прашам што е оф-топик во тема без тема?
     
    На Nekoe, 84 sk_Y ^_-, Roxelana и уште 19 други им се допаѓа ова.
  5. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,145
    Допаѓања:
    2,484
    Прифаќам дека не е во ред да се користи темава за четување ама зарем очекувате тука да има сериозни мислења т.е мислења и прашања за кои не е потребна тема? и какви се тие??
    да да најсериозно на свет е мислењето дека пример Трајко сака да каже дека денес добил тројка по биологија но професорката била строга па затоа нема повисока оцена :unsure
    ова е тоа мислење за кое не треба тема??
    или сакам да прашам дали утре ќе врне? посериозно прашање неможам да смислам...
    незнам.. темава не треба даа има баш некој правец и насока затоа и така е именувана, но со се поголем замав се трудите да биде контролирана на некој начин..
    искрено се согласувам да има ред ама никогаш не може да дефинираме што треба а што не треба да се пише тука... that's the big problem that's circling all the time.
    патем колку казнени поени ќе имам после мислењево? :biggrin
    едит: ми се допаѓа мислењето на Saladin и се согласувам со истото. а откако го прочитав ми се допаѓа и тоа на slb_bobo и со истото се согласувам :zelen
     
    На ducevdragce, МиГ 21, ZmajChe и уште 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,525
    Ете на пример некој во претходната тема праша што му е потребно за во банка/менувачница да смени пари. На такви прашања се мисли,а не на прашања од типот: Што да јадам денес? Кој ќе победи вечер во фудбал? И тука се редат едно 10 мислења , тимот А ќе победи, е не тимот Б ќе победи ...
    За сакам да кажам мислења од типот денес бев ваму правев тоа,станав во толку ми се случи ова, една членка на форумов,неколку пати напомена дека има отворено личен дневник тема.
    Saladin едно е дискусија,друго е чет муабет. Секако дека ако од некое мислење се развие дискусија,дека нема да се избришат другите мислења.
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,044
    Допаѓања:
    6,650
    Да, еве ја оваа пак да јаде. :biggrin
    Ај, ај, да не се правиме пепељуги. Стварно веќе се претера со темава.
    Да, една ваква тема е потреба на секој форум, за да се искаже човек општо и да не се оди во бестрага по другите теми (а сепак се оди), ама пак и за тоа треба да се има граница. Мислам, камо среќа да се развие асолна дискусија, па да се префрлаат мислењата во посебна тема за истата дискусија да продолжи, ама муабет од типот:
    - Леј, ама јако кењав.
    - Вауууу, хардкор, каква боја беше?
    - Проѕирна.
    - Хахухехаххахеехихохе. :D :rofl :rofl
    - Леле ѕвер, и ја кењав.
    - Да? Брат, оди да помирисаш.
    .....
    И сите тие ставени во цитати...вау, стварно вау. Продуктивно.

    Никој не бара тешки филозофии и есеи, ама пак си има бе профили и ПП за дружба.
    Ко демек не сте виделе бе луѓе како се пишува во една ваква тема. Ок е, општа е, сфаќаме, ама не е тоа изговор да се пишува секоја мисла што ќе ни пројде ко воз кроз кукуруз. Ко малку такви теми да има во Играчница.

    Најубаво, ако имате забелешки во врска со темава, си постојат теми за критики/предлози/прашања, таму ќе се реши.
    Тука дајте малку креативно размислување, познавам многу теми кои повлекле корени баш од СДК.
    Паметни деца сме ние, само малку забегавме од колосек.
     
    На Ночной охотник, cakar_ulav, ZmajChe и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. Selene

    Selene Модератор

    Зачленет на:
    6 јуни 2012
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    1,866
    Одсекогаш помили ми биле луѓето што прифаќаат критика, знаат да се извинат и знаат да ја применат таа критика и да се надоградат од оние кои упорно се лупаат со главата во ѕид.

    Нема послеп човек од оној кој намерно не сака да гледа.
     
    На Saladin, MATEJA, Nightmare_f и уште 6 други им се допаѓа ова.
  9. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,145
    Допаѓања:
    2,484
    И сега страв ми е да ви кажам дека денес на фудбал си заработив убава модринка под окото :biggrin :ladno
    Ама ако, за љубов со љубов од љубов нека е : )
    Малку пудра ќе заврши работа додека помине : ))
    И плус сакам да кажам дека мора некој еве поискусен форумџија да даде свој пример за мислења во темава. пр. Saladin slb_bobo Electra итн, а модераторката ни наша незнам дали да ја тагнам зошто некако ко да не е во истиот куп со тагнатите :) Mila Kunis сепак се потруди да даде објаснување, ама и тоа објаснување е релативна работа.
    Најнајискрено пак поим немам што смеам а што не смеам да пишам. Никогаш не сум дремела по други форуми, овој е еден и единствен и веројатно затоа ми е нормално секое мислење ставено во темава :zelen
    Ејј ама долго ми бидна мислењево, подолго во ниедна тема немам хаха
    ИЗвинете и добра ноќ на сите :)
     
    На i_wanna_fly, Ночной охотник, parvati и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,917
    сдк кога нешто ќе тргне наопаку тргнува по најлошиот редослед...
     
    На ZmajChe му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: