Саеми 2012

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Од денес, на Скопски саем, започнува 9. Сaeм зa грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциjа, односно саем на индустријата, еден од најзначајните вакви настани во Македонија. Окарактеризиран како место на кое се изложуваат и промовираат новите технички достигнувања од областа на градежништвото и се соединуваат сите активности кои ги опфаќа изградбата на одреден објект (од планирање, преку градежни материјали, градежни машини, па сѐ до финализирање на изградбата).

Саемот ги опаќа следниве категории:
- плaнирaњe, прoeктирaњe, изгрaдбa нa oбjeкти
- рeкoнструкциja и рeвитaлизaциja нa oбjeкти
- прoстoрнo плaнирaњe и урбaнизaм
- висoкoгрaдбa
- нискoгрaдбa
- мoнтaжнa грaдбa
- oпрeмувaњe нa eнтeриeри
- oпрeмувaњe нa eкстeриeри
- плaнирaњe и прoeктирaњe нa зeлeни пoвршини
- грaдeжни мaтeриjaли
- инстaлaции
- мaтeриjaли зa изoлaциja
- мaтeриjaли зa зaвршни рaбoти
- aлaти зa грaдeжни рaбoти
- мeрмeр, грaнит, кaмeн
- крoвни и пoдни пoкривки
- пoдни и ѕидни oблoги
- сaнитaрии и oпрeмa зa купaтилa
- прeгрaдни ѕидoви и плaфoни
- aлуминиумскa и пвц стoлaриja
- врaти и прoзoри
- мaшини зa грaдeжнa индустриja
- грaдeжнa мeхaнизaциja

Додека пак, како придружни манифестации се предвидени:
- Енергетска ефикасност во градежништвото
- Сoвeтувaњa, кoнфeрeнции и прeдaвaњa
- Прoмoциja нa нoви прoизвoди
- Дeмoнстрaциja нa мaшини и другa oпрeмa излoжeнa нa сaeмoт

Информации во однос на времето определено за посетување и изложување:
Работно време за посетители: 10.00 -19.00
Работно време за изложувачи: 09.30-19.30
Сабота: 10.00-17.00
Работно време за монтажа и демонтажана штандови: 08.00-20.00

Времетраење : 06.03.2012 - 10.03.2012

Можеби некој од Вас присуствувал на отварањето, па еве можност да ги сподели впечатоците.
Или пак некој ќе го посети во следните денови, па ќе ни раскаже како си поминал.
Ако сте ги посетувале претходните саеми, би можеле да направите споредба или мала анализа во однос на промените...
Или пак, уште поинтересно, ако сте посетувале саеми од ваков вид во некоја друга земја, споделете ги впечатоците, размислувањата, што Ве изненадило, што Ви го привлекло вниманието...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Вторник, 06 Март 2012 14:27
Импресивната макета на облакодерите кои ќе се градат во општина Аеродром денеска беа претставени на саемот за градежништво и недвижности во Скопје.

maketa1-500.jpg
Облакодерите ќе бидат лоцирани на булевар Србија во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ во Аеродром.
maketa2-500.jpg
Покрај станбениот простор, 4-те четириесеткатници ќе имаат и други содржини, односно објекти за мали комерцијални и деловни објекти, трговски центар, спортски терен, 7.000 паркинг места, од кои 3.200 ќе бидат за потребите на висококатниците и останати пропратни содржини.
maketa3-500.jpg
Градбата на облакодерите треба да заврши до 2017-та година.
maketa4-500.jpg
maketa6-500.jpg
maketa7-500.jpg
maketa8-500.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and emzzy

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Уште некоја информација:
На саемот, своите новитети и производи ги изложуваат повеќе од 300 домашни и странски компании и фирми. Истите се изложени во дворот на Скопски саем ( производители на градежна механизација и скелиња) и во трите хали (во првата - градежни инвеститори и претставници на агенции за недвижности; во втората - градежни материјали; во третата - санитарии).
Додека трае саемот, во дворот на Скопски саем ќе се гради куќа од еколошки материјали која ќе може да ја видат посетителите.

Саемот е отворен секој ден од 10 до 19 часот, а влезницата чини 90 денари.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
МЕБЕЛ 2012
38. Meѓунaрoдeн сaeм нa мeбeл, oпрeмa зa дoмaќинствa и jaвни oбjekти, рeпрoмaтeриjaли и мaшини зa индустриja нa мeбeл​
Времетраење : 27.03.2012 - 01.04.2012
Меѓународниот саем МЕБЕЛ, кој оваа година го одбележува 38-то издание е водечки настан во модерниот и класичниот мебел и дизајн. Над 50.000 заинтересирани посетители ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учеството на повеќе од 400 домашни и интернационални изложувачи го прават овој саем возбудливо, освежувачко и забавно дружење.​
Меѓународниот саем МЕБЕЛ стана прпознатлив бренд во оваа индустрија и се стекна со статусот како еден од најдобрите и најпосетени саеми во регионот.​
Оваа специјализирана изложбено комерцијална саемска манифестација со својата деловност и презентација на производи, стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко, што претставува вистинска потврда во настојувањето на Скопски саем за поставување на стопански мост меѓу Македонија и регионот.​
МЕБЕЛ, како еден од најатрактивните манифестации кај нас е запаметен и со нетрпение очекуван заради своите интересни и оригинални ентериерни уреувања кои покрај мебел за домот, го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел за сечиј вкус, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за преработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание.​
Со Вашето презентирање на МЕБЕЛ 2012, преку инвентивните и убаво уредените штандови, на едно место ја обединуваме понудата на трендовскиот дизајн и стил во индустријата за мебел, актуелните бои и најновите линии во уредувањето и на внатрешниот и на надворешниот простор, при што Вашата компанија ќе се презентира во најдобро можно светло пред многубројната публика.​
МЕБЕЛ 2012 е вистинското место за откривање на нови идеи и привлекување на нови потрошувачи, а нови потрошувачи значат и нови можности за сите изложувачи. Овде, на саемот МЕБЕЛ, посетителите ќе можат да ги најдат Вашите производи и Вашите брендови.​
KATEГOРИИ:
Meбeл зa дoм и eнтeриeр
1. Meбeл за предсобја
2. Meбeл за дневен престој
3. Meбeл за кујни
4. Meбeл за спални соби
5. Meбeл за детски соби
6. Meбeл за бањи

Meбeл зa кaнцeлaриja
1. Канцелариски мебел
2. Уредување на канцеларискиот простор

Мебел за јавни објекти
1. Мебел за хотели
2. Мебел за ресторани
3. Мебел за кафе барови

Грaдини
1. Meбeл зa грaдини
2. Хорикултурно уредување

Машини и алати
1. Машини, алати, прибор и материjали за потребите на дрвната индустриjа
и производство на мебел
2. Репроматериjали

Дополнителна опрема
1. Галантерија
2. Оков

Нaстaни
1. Конкурс за дизајн на мебел наменет за студенти и млади дизајнери на мебел
2. Стручно оценување на најдобрите изложени експонати
3. Доделување статуетка НОВА ЕРА за најдобрите производители и трговци
4. Наградна игра за посетители
5. Организирање на форуми, трибини и дебати
6. Советувања за ентериерно и екстериерно уредување

*Превземено од Скопски саем
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Фала многу.
Иначе некој да не знае кога е саем на туризам?
СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2012
2. Меѓународен саем за туризам Времетраење : 24.04.2011 - 28.04.2011

Саемите се единствена можност за квалитетно претставување на туристичката понуда, запознавање на нови деловни партнери, негување на постојните бизнис релации со клиентите и партнерите, истражување на пазарот и поставување на темел за идната маркетинг стратегија. Туризмот како стопанска гранка неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и друштвен живот на 21 век. Меѓународниот саем за туризам Скопје травел маркет со својот изложбен дел, пратечките актуелни стручни програми, како и забавни содржини за публиката е важен маркетиншки настан за презентација и промоција на актуелните туристички дестинации и услуги.
ЗОШТО СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2012
- Единствена можност за промоција на туристичката понуда и нејзино насочување кон целните пазари
- Можност за презентација на домашната туристичка понуда
- Директни средби, контакти и преговори со постојните и потенцијални партнери и корисници на туристички аранжмани
- Работилници, B2B средби со туроператори и туристички агенции
- Запознавање со потребите и желбите на корисниците на туристички аранжмани
- Истражување на пазарот за идните маркетинг и други активности
ПРИДРУЖНИ МАНИФЕСТАЦИИ
- Бројни презентации и промоции на туристички дестинации
- Национални претставувања на земјите учеснички и промоција на нивната туристичката понуда
- Тематски трибини
- Стручни работилници
- B2B средби
- Промоции на книги од областа на туризмот
- Доделување на Grand prix за најдобра промоција и презентација на саемот
- Наградна игра за посетители - награден ваучер за саканата туристичка дестинација
Општи показатели за СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2011
- 12 000 посетители
- 60 директни изложувачи
- 130 индиректни изложувачи

*превземено од Скопски саем
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
САЕМ НА КНИГА 2012
24. Meѓунaрoдeн сaeм нa книгa
Времетраење : 24.04.2012 - 29.04.2012

Меѓународниот Саем на книгата, како една од најголемите културни манифестации во земјата, претставува водечки настан за поклониците на убавиот збор и вистински празник за сите вљубеници во печатеното издание.

Во деновите на саемот посетителите освен најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи, ги очекуваат бројни тематски средби и пригодни изложби.
Читателите, традиционално, ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи.

Сето ова го покажува значењето на Саемот на книгата, како една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.

Читајќи книга овозможете си луксуз на душата.....

Поттикнати од успешното реализирање на акцијата “Подари книга, подари богатство” во 2011, каде познати личности од различни области: актери, пејачи, водители, новинари, луѓе од светот на модата кои купија книга за да подарат богатство на своите најмили, сакаме оваа активност да добие карактер на традиционален настан во рамките на саемот. Оваа акција има за цел поттикнување на подарувањето на книга посебно кај младата популација како најсоодветен подарок за сите пригоди: родендени, имендени, јубилеи и празници, покажувајќи пример за целата јавност дека не треба да се заборави на печатеното издание.

Општи показатели за САЕМ НА КНИГАТА 2011
- 40.500 посетители
- 74 директни изложувачи
Учесници од: Република Македонија, Албанија, Турција, Бугарија, Србија, Италија

*превземено од Скопски саем
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31