Рутината како тивок убиец

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
:) Така ли беше? Ќе да беше нешто повеќе од тоа, така некако ми останало во мислите. Го гледав на кино, 96 или 97, не се сеќавам точно, во ГТЦ, имав 18 -19 години и специјално се закренав од Бт само за него. Се сеќавам на чувството, додека зборовите и музиката ти минуваат не само низ главата, ами сосема низ крвотокот. Се сеќавам на ежењето и насмевката на лицето. Се сеќавам на мислата дека сите одговори се собрани во таа проста филозофија и уште повеќе во тие два збора - choose life...
Then again, life has its rotten ways of hitting you straight in you face...
Како и да е... баш е воспитно-образовен, во најмала рака :)

Сосема поучен филм. Ако го паметиш ликот Бегби ќе се сетиш дека тој не беше роб на рутината.....ок, беше психотичен малку ама не е важно. Секој божји ден му беше различен од претходниот....:)
Choose life !!!

Рутината ме уништи, еве веќе две години. Додуша не ме уништи таа, туку јас самиот.
Некако ко врзам сум на работата. Ретко имам слободен ден, а и кога ќе си дојдам дома, не ми е до ништо. Навикнав да се движам по некоја проклета триаголник шема: Кревет - Работа - Компјутер. 23 дена по ред сум на работа без слободен ден. Плус и утре државен празник а јас на работа.
Тоа е. Рутината не не убива, сами се убиваме.


Кога би можел да го смениш сето тоа, дали би го сменил?
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Имам еден сосед кој ништо не работи, цел ден пушта музика гласно, и во лето и во зима. Секој човек кој го познава него, а поминува тука низ улицата, буквално не може да помине од него и неговите "досетки". На секое кажува дека луѓето живееле во програмиран свет, дека тој не го почитувал и ред сл. работи поврзани со тој програмиран свет. И токму оваа теорија ја потврдува. Теоријата за рутината како тивок убиец.
Се извинувам ако бев офф.
Да, секако доколку се повторува една иста рутина без промени може да се дојде во некоја друга(лоша) ситуација. Но, едно не ми е јасно: ако рутината убива, тогаш зошто има многу слики и текстови во кои се напишани рутини кои како да мора да се почитуваат и тогаш не е толку важно дали рутината убива или не. И луѓето кои се пронаоѓаат се согласуваат, иако пред тоа се противеле.:frantic
На пр: читај- јади- спиј.
Овде се нагласуваат само оние работи кои се главни, како сите тие да постојат. Еднаш едно, дриг пат друго.