Родноверие (славјанство)

Bleach

Истакнат Член
23 декември 2012
146
257
173
Heart-Shaped Coffin
rock-n-roll-is-freedom.tumblr.com
Родноверие или „славјанство“ е современа неопаганска традиција. Се карактеризира со пантеистичка и политеистичка теологија, фокусирајќи се на словенската култура, фолклор и обожување на старите словенски божества.

Ова движење предизвикува голем број на шпекулации и расправии. Бидејќи старите словени не развиле своја азбука пред христијанизацијата, сите пишани информации за словенската митологија се пренесени од втора рака поради што често пати им недостасува веродостојност. Затоа, голем број од информациите за словенската митологија се хипотези или теории и не може да се утврдат со целосна сигурност. Исто така, традицијава оставила голем број на фалсификувани извори, правејќи еден неред во научниот свет. Дури и светата книга на родноверието, Велесовата книга се смета за фалскификат. Сепак, некои ја сметаат за оригинален остаток од античкото словенско паганство во родноверниот свет.

Најраспространети теми меѓу следачите на родноверието се екологијата и почитта кон природата. Движењето на повеќето групи е инспирирано од природата и духовноста.

Родноверието во Белорусија има врски во политиката, особено во рамките на про - руската политичка сцена.

Кон крајот на 2011 година во Босна и Херцеговина е формирано здружение на родноверието наречено Svaroži Krug ( Кругот на Сварог) како дел од Panslavic Praskozorje движењето.

Во родноверски групи во Чешка се вклучува и здружението Společenství Rodná Víra (Здружение на Родната Вера).

Најголемата родоноверска група во Словачка е Krug Peruna која активно организира различни церемонии низ целата земја. Освен тоа, има членови не само во Братислава (седиштето), но исто така и во други градови како што се Мартин и Кошице.

Во Словенија, неформалното здружение, Slovenski staroverci, е формирано во 2005 година, кога тие почнаа активно да работат на зачувување на словенечката и словенската мајчина вера. Староверниците во Словенија годишно ги прославуваат празниците поврзани со четирите годишни времиња: Jarilo (пролетна рамноденица), Mara (есенска рамноденица), Kresnik (летната долгоденица) и Božič Svarožič (зимската краткоденица). Во прилог на овие сезонски празници, старите верници, исто така, го одбележуваат денот на Велес и денот на Перун.

Во Македонија постојат помал број на симпатизери.

На просторите на поранешна Југославија постојат Black Metal и Folk Metal бендови кои го промовираат родноверието преку својата музика.
Дел од нив се: The Stone (Србија), Stribog (Хрватска), Svarica (Хрватска), Kult Perunov (Хрватска), Огњена кочија (Србија), Samrt (Србија), Arkonian (Македонија), Maras (Македонија), Volos (Македонија.)

Родноверието е најраспространето во Русија, Украина и Полска со голем број на верници и здруженија.

Иако повеќето родноверни организации претпочитаат толеранција, постојат групи, особено во урбаните центри на Русија и Украина кои имаат националистички карактер и се отворено антисемитски или антихристијански.

Па, ме интересира вашето мислење за ова движење. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Овие се нешто како секти или официјално регистрирана верска заедница?
Инаку шо знам, ок е паганството во споредба со монотеизмот но има премногу богови и божици, сите си имаат карактеристики посебни, комплицирано ми делува :^)
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Овие се нешто како секти или официјално регистрирана верска заедница?
Инаку шо знам, ок е паганството во споредба со монотеизмот но има премногу богови и божици, сите си имаат карактеристики посебни, комплицирано ми делува :^)

Овие се на некој начин изгубени во времето,поддржувајќи неофицијална традиција.

Голем факт е дека пред покрстувањето на овие простори, луѓето биле пагани и имале словенска традиција. Последната словенска традиција изумира 1940-те и 50ти години од минатиот век, со последното носење како секојдневна облека рачно изработената НАРОДНА НОСИЈА.
Од тогаш наваму,е нов век или традицијата постанала историја.

1506620_356410037830668_1289498027_n.jpg

Ако веќе има активисти кои би го задржале словенството,најпаметно би било да се активираат во полиња како
-Зачувување на јазикот, исфрлање на англицизми,турцизми и други страни зборови и воведување словенизми.

10313629_619978861427288_1521674535361833710_n.jpg

-Зачувување на традицијата,како ора и музика наместо увоз на страна култура и потиснување на ВЕЌЕ НАШАТА-ПОСТОЕЧКА



-Зачувување на облеката и шарите.Толку се единствени,што неможе да се споредат со ниту една на светот.Како што се препознатливи Индијската, Јапонската, Америчката (индијанска) така и нашата. Како да немавме мода,како да немавме бои, и вешти раце па моравме да увеземе креации шиени во некој подрум во кина. Тука јас го сметам голем минус за нашата култура и опшество.НАместо да шиеме страни креации,да се радуваме на Габана гучи и што и да има од креации, можевме наша. Интересно изгледа верувајте.

unnamed.jpg

Има еден сајт наречен http://www.slavorum.org/ кој се занимава токму со оваа традиција. Нема национализам,сите словенски народи се добредојдени. А тука е моден блог. Имаше и проби за воведување СЛОВЕНСКА мода наспроти денешните “универзални креации“.
Maл дел ќе ги внесам тука.

983768_421206464684358_7733207715164337617_n.jpg 1382408_388461461292192_1197737648942639249_n.jpg 1623660_421603824644622_8729773783033001370_n.jpg 1920360_418123321659339_6156824087476023106_n.jpg 1940023_418122851659386_3467500413090674704_n.jpg 10509648_418125381659133_8789624808132151895_n.jpg 10444511_418122288326109_869311244704285918_n.jpg
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интересно и фино е сето тоа, можеби како отпор на глобализацијата. Залуден отпор но сепак...:)
Многу пагански обичаи се инкорпорирани во рисјанството кое откако увидело дека не може со насилство да ги искорени се решило да ги рисјанизира.
Од друга страна со апел за зачувување на некоја култура не може да се постогне многу, самиот апел е пораз, показател дека традицијата не е компатибилна со ова време и пред се` технологија...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem and Y1K991

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Интересно и фино е сето тоа, можеби како отпор на глобализацијата. Залуден отпор но сепак...:)
Многу пагански обичаи се инкорпорирани во рисјанството кое откако увидело дека не може со насилство да ги искорени се решило да ги рисјанизира.
Од друга страна со апел за зачувување на некоја култура не може да се постогне многу, самиот апел е пораз, показател дека традицијата не е компатибилна со ова време и пред се` технологија...


Рисјанските обичаи што се практикуваат денес влечат корени од старо-паганските традиции. Во превод,кога се вршела христијанизација,никако не успеала да се воведи во целост истата, и било многу тешко да воведиш Монотеизам во политеистичка средина. Истите тие стари навики се базирале на изведување ритуали и традиции и базирани биле врз големи суеверија,додека воведувањето на монотеизмот има една сосема поинаква претстава за Бог и верувањето.
Затоа во голем дел задржани се старите обичаи,или пак се преточени со хритијанска конотација. Дел од нив се:

Славење одреден празник како Куќна слава или “Селска слава (слава на целото село). Исто како порано што секој град,село и куќа имала посебен бог на кого се молела и принесувала жртви,дали тоа бил богот на плодноста,жетвата или виното,истото и денес се практикува само со преименување од “бог“ во “светец“ кој е заштитник или на деца,или на стока имот и слично. Постарите во руралните средини можат многу подобро да ги објаснат кои се нивните “супермоќи“ на светците кои ги задржале истите особини од претходните богови.На пример, Св Илија старозаветен еврејски пророк на балканот има супер моќи каде управува со грмотевиците,има долга брада...или личи пак на Перун?

Празниците кои требало да ги слават како Христијански биле поставени врз истите датуми кога претходно се славеле старопаганските обичаи.Затоа добиваме уште еден тон традици и обичаи кои се изведуваат во црквите,а немаат никаква врска со Христијанството,напротив дури и се косат со самото учење.Но до ден денес се практикуваат и се земаат како пример.

Користењто Икони и цртање. Порано боговите биле претставени со цртеж врз дрво,кожа, ѕид и се принесувале жртви. Заради истата претходна тактика,денес на балканот тука на големо се користат иконите и се нешто “најпотребно“ кај еден балканец. На пример,онаму каде што граделе статуи на разни богови, наместо икони користат статуи,како кај католицизмот на пример.