Поентата е дека многу лесно се донесуваат заклучоци врз основа на видување од страна и дека секој за себе смета дека е подобар и посовршен од тој другиот и дека му е многу појасно отколку на другиот, дури и ако не е сеуште родител.Работата и седењето кај баба и дедо,и одморот немаат врска со грижата. Го знаеш тоа и сама,незнам зошто упорно се фаќаш за тоа.
Поентата е што нивното слободно време го поминуваат седејќи пред ТВ,на мобилен со колегите или на гости.
Ти можеш да знаеш што се прави твоето дете во текот на денот,но сепак тоа се јавува кај баба му за да и се пожали дека ти не му даваш да јаде. Разбираш што сакам да кажам,нели? Едно е да го пазиш и да извршуваш основни ствари,како правење ручек,вечера,давање пари за ужинка,бацуфка по обрафче пред школо и гасење светло пред да заспие,а друго е да му пружиш љубов и да пројдеш квалитетно време со него. Компјутерот нема да му го надомести тоа.
Поентата е дека секој се смета себеси за поквалитетна личност од другиот и го смета начинот на кој бил воспитуван и израснат како репер за правилна родителска грижа.
Поентата е дека никој не знае што значи да се биде родител сѐ до оној миг додека не го земе во раце своето дете.
Мене ми е многу јасно дека работите не се совршени. И апсолутно е јасно дека родителската негрижа како проблем е реалност и постои. Јас не спорам дека има деца кои се запоставени и дека има родители кои не заслужуваат да бидат родители.
Јас спорам зашто тоа осудување го правите и премногу ноншаланто, без притоа да знаете што всушност се случува во нечиј дом.
А што се случува во нечиј дом е многу тешко да се дознае, зашто никој не е таму за да види.
Дека има симптоми кои излегуваат на виделина и дека тие симптоми мораат да се следат за да се реагира на време, за да се направи сѐ во интерес на доброто на детето, тоа е точно. Исто како што е точно дека тие симптоми некогаш се забележуваат предоцна.
Дека за мене, родителот ја има најголемата одговорност во исраснувањето на детето, сум кажала илјада пати.
Ти неможеш да судиш за мене дали и колку љубов им пружам на моите деца, ниту можеш да знаеш дали и колку квалитетно време поминувам јас со нив. А сепак, врз основа на она што го напишав погоре, ми напомнуваш дека детето сепак се јавило кај баба му да се пожали. Е за тоа спорам јас цело време. Премногу лесно осудување врз основа на неколку слушнати/ прераскажани/видени моменти.
Знаеш зошто детето се јавува кај баба му? Зашто баба му (свекрва ми) е душа од жена која за сѐ им оди по газот на внуците. Затоа што кога е во близна не дозволува никој ни да ги погледне построго, а не па да ги искара. Зашто ги разгалува до небото и назад.
Моите деца растат со мене, јас сум со нив постојано. Мажот ми оди на работа, мене работата ми е периодична и од дома.
Компјутер купивме пред 3 години, одлагавме колку што можевме сѐ до оној момент кога навистина ни беше потребен.
И цртани и филмови и серии секогаш сме гледале заедно. Јас ги заспивав речиси до скоро, со песни и со приказни.
Се трудам да бидам најдобра мајка што можам, а сепак неможам да тврдам дека сум подобра од некоја друга и дека знам повеќе од некоја друга.
Да се гледа од страна е секогаш многу многу полесно. Да си присебен и да знаеш точно да определиш што е најдобро за твоето дете не е нималку едноставно.
Сите ние сме биле деца. И сите можеме да најдеме нешто за што би рекле дека родителите требало да го направат поинаку. Сѐ до оној момент кога и самите сме станале родители. Е дури сме сфатиле дека и не ни било сѐ баш така јасно.