1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Родителска негрижа

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од Believe, 19 февруари 2013.

  1. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Знам дека не се прави, еден ден го кажав како период во иднина. Затоа што да се разбереме идат депресии, идат болести, луѓе сме, некогаш ќе сакам да се изолирам потполно.
    Е сега, јас не викам дека родителот ако работи не треба да се посвети на детето. Ајде побарај ги моите први мислења кога го опишав односот на мојата мајка кон мене и сестра ми. Каде опишав што ми е мене пример за грижа.
    И знам дека сите совесни родители и покрај работата и покрај малиот одмор што ќе си го дадат на душата ќе си најдат време и за нив.
    И исто знам дека секој пример што ќе ми го посочите а нема да биде ваш личен(ти како син, ќерка, или како татко/мајка) нема да биде точен, ќе биде виден површно.
     
    На lady_blue му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    А јас пак мислам дека околу родителската негрижа,многу пообјективно гледа детето отколку родителот :)
     
    На Mila Kunis му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Ти твојот однос дете-родител го кажа, и кажа дека ти се допаѓа таквиот начин, и дека сметаш дека така треба да биде во сите семејства, така?
    Ама тие другите семејства не ги осудувај, тои не си осетил на своја кожа.
     
    На lady_blue му/ѝ се допаѓа ова.
  4. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    И како едно резуме,постои,,не грижа,, и ,,не грижа,,.
    Вака со давање примери ке одиме до недоглед.
    Надмудрувањата околу она кој е родител подобро знае а кој не е им нема крај.
    Многу повеке од јасно ни е дека кој осетил на своја кожа знае подобро,ама и немора да значи.
    Се си зависи од карактерот и перцепцијата на човеот.
    Еден да го наречам негрижлив родител може многу помалку да знае од некој кој никогаш не бил родител,но за тоа никогаш нема да биде свесен.
    Кој за себе си ке си признае дека е негрижлив?
    Секој или ке си најде оправдување или нешто и некого ке обвини,ама нема да признае дека е негрижлив родител.
    Некој мисли дека ако е со комјутерот близу детето побезбедно и посигурно отколку да седне подалеку од него.Некој пак тоа го смета за негрижа оти наводно ке биде детето озрачено.
    Да не одиме до толкави крајности.
    Секој си го воспитува и грижи за детето онака како што знае и како што му налагаат условите.
    И јас едно време мислев дека татко ми е негрижлив од што многу ретко седнуваше да поигра со нас,но сега не мислам така.
    Неможе човек да го бива за се.
    Ако постои некој таков супермен,слободно нека ме издемантира.
    Осудетет го само оној кој ги малтретира децата и кој ги донел на свет а не им обезбедил основни услови за живот.
    А од секој друг или учете и согледувајте како не треба да правите.
     
  5. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    А зошто мораше воопшто да даваш резиме? Јас мислам дека дискусијата треба да се продолжи понатака :)
     
  6. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Резимето си е мое,не на темата.
    Слободно нека си дискутира кој што сака :) немав намера да ја прекинам,ниту пак можам.
    Во пет страни се повторува се она што го напишав.Со тук таму нешто поразлично.
    Иначе и јас сакам да дознаам кој повеке знае и кој пообјективно гледа,дали родителот или детето.
    Ако се дојде до некоја поконкретна дефиниција од изборот измегу тие две,да ме известите :D
    А би сакала да дознаам ако постои некој супермен татко,мајка,која може да биде апсолутно перфектна во својата улога:svirka
     
  7. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    А би сакала да дознаеш дека никое дете не бара тотална перфекција? :)
     
  8. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Тоа го знам,претежно децата се такви,мада постојат и такви кои бараат,или пак така им изгледа понекогаш на родителите кои се или претерано совесни,или воопшто не се.
    Но низ темава се оди до крајности,за не грижа се смета гледањето серии на родителите.
     
  9. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Тоа е пример,не е никаква крајност.
     
  10. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Примерите од што се толку апсурдни стигнуваат до крајности.
    Но не сите имаме исти видувања за работите.
    Кој сака слободно може да се докажува.
    Јас си го напишав своето размислување низ едно резиме,но ги почитувам останатите :)
    Последниве неколку ми се само повторување на истото,но морав да ти одговорам.
     

Сподели: